Претседател на Соединетите Американски Држави
Претседателот на Соединетите Американски Држави (Aнглиски: President of the United States of America) — шеф на државата и на владата на САД. Претседателот е на чело на извршната власт на сојузната влада, чија улога е да ги спроведува државните закони како што ги пропишува Уставот на САД и Конгресот на САД. Претседателот е командант на вооружените сили на САД. Покрај тоа, има и други ексклузивни права доделени според Уставот, вклучувајќи и да потпишува или забранува закони изгласани од Конгресот, да формира кабинет од советници, да помилува осуденици, и, со совет и согласност на Сенатот на САД, да склучува меѓународни договори, да назначува сојузни службеници, амбасадори, сојузни судии и судии на Врховниот суд на САД.
Претседател на Соединетите Американски Држави
President of the United States of America | |
---|---|
Претседателски печат | |
Претседателско знаме | |
| |
Звање | |
Вид | |
Кратенка | POTUS (Англиски) ПОТУС (Македонски) |
Членува во | Кабинет на Соединетите Држави Совет за домашна политика Национален економски совет Совет за национална безбедност |
Седиште | Белата куќа |
Предлагач | Врховниот судија |
Назначувач | Изборниот колегиум или преку сукцесија |
Мандат | 4 години |
Основачки документ | Устав на САД |
Прв функционер | Џорџ Вашингтон |
Плата | $400,000 годишно[б 1] |
Мреж. место | whitehouse.gov |
Соединети Американски Држави |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Законодавство
Претседателство
Правосудство
Поделба
|
|
Како и со сите високи државни службеници, Уставот ги ограничува овластувањата на Претседателот преку сложен механизам на проверки наменети за заштита на системот од какви било злоупотреби или преземање на апсолутна власт. Претседателот се избира индиректно, преку Изборниот колегиум на четиригодишен мандат кој може да се повтори само уште еднаш. Секоја сојузна држава делегира пропорционален број на изборни гласови во изборниот колеџ. Преку мнозински систем, гласачите во сите држави гласаат за претседателски кандидат, и победникот ги добива сите изборни гласови во колеџот од таа сојузна држава. За да се избере претседател е потребно просто мнозинство во изборниот колеџ, доколку гласањето е изедначено, Претставничкиот дом на САД го избира претседателот. Прв претседател на САД бил Џорџ Вашингтон. До денес, вкупно 46 лица во вкупно 57 мандати ја вршеле оваа функција.
Белата куќа во Вашингтон е седиште и резиденција на Претседателот на САД. Платата на претседателот на САД е 400.000 долари.[7]Од крајот на 20. век, кога САД се единствена велесила, Претседателот на САД често се нарекува „најмоќна личност на светот“ и секако е една од највлијателните и најпознатите личности во светот.
Џо Бајден (Демократска партија) е 46-тиот и актуелен претседател на САД. Бајден ја презеде функцијата на 20 јануари 2021 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „How to Address the President; He Is Not Your Excellency or Your Honor, But Mr. President“. The New York Times. The Washington Star. August 2, 1891.
- ↑ „USGS Correspondence Handbook—Chapter 4“. United States Geological Survey. July 18, 2007. Архивирано од изворникот на September 26, 2012. Посетено на November 15, 2012.
- ↑ „Models of Address and Salutation“. International Trade Administration. Архивирано од изворникот на July 20, 2010. Посетено на September 4, 2010.
- ↑ "Heads of State, Heads of Government, Ministers for Foreign Affairs", Protocol and Liaison Service, United Nations. Retrieved November 1, 2012.
- ↑ The White House Office of the Press Secretary (September 1, 2010). „Remarks by President Obama, President Mubarak, His Majesty King Abdullah, Prime Minister Netanyahu and President Abbas Before Working Dinner“. The White House. Посетено на July 19, 2011 – преку National Archives.
- ↑ Elkins, Kathleen (2018-02-19). „Here's the last time the president of the United States got a raise“. CNBC (англиски).
- ↑ "How much does the U.S. president get paid?". Howstuffworks. Retrieved July 24, 2007.
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.