Машка кошаркарска репрезентација на Македонија

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, позната и како „Репрезентација А Мажи“ — спортска репрезентација која ја претставува Македонија во кошарка во машка конкуренција.

Македонија Македонија

Ранг листа на ФИБА: 34. (во свет, 2016)
13. (во Европа, 2016) [1]
Член на ФИБА од: 1993
ФИБА зона ФИБА Европа
Национална федерација: МКФ
Тренер: Јорданчо Давитков
Прекар: Лавови
Црвено-Жолти
Олимписки игри
Учества 0
Медали 0
Светско првенство
Учества 0
Медали 0
Евробаскет
Учества 5 (1999, 2009, 2011, 2013, 2015)
Медали 0
Дресови
Светли jersey
Team colours
Светли
Темни jersey
Team colours
Темни


Репрезентацијата е под покровителство на Македонската Кошаркарска Федерација (КФМ) и е членка на ФИБА од 1993 година. Најголем успех на репрезентацијата е учеството на Европското првенство во кошарка во 2011 година во Литванија, каде Македонија го освоила четвртото место. Поради овој успех, самопрегорноста во играта и афирмацијата на татковината во светот, екипата била одликувана со Медал за заслуги за Македонија од страна на претседателот на државата.[2]

Историја

уреди

КФМ, како раководно тело на кошаркарските репрезентации и екипи во Македонија, била создадена во 1992 година и една година подоцна била примена во рамките на ФИБА Европа. Претходно, македонските машки и женски кошаркари биле дел од репрезентацијата на СФРЈ, која своевремено била една од најголемите сили на светската кошаркарска сцена. По распадот на СФРЈ, секоја поранешна југословенска република започнала со нови кошаркарски федерации и репрезентации.

Европски првенства

уреди
година место натпреварување домаќин
1955 Види Југославија Евробаскет 1955 Унгарија
1957 Види Југославија Евробаскет 1957 Бугарија
1959 Види Југославија Евробаскет 1959 Турција
1961 Види Југославија Евробаскет 1961 Југославија
1963 Види Југославија Евробаскет 1963 Полска
1965 Види Југославија Евробаскет 1965 СССР
1967 Види Југославија Евробаскет 1967 Финска
1969 Види Југославија Евробаскет 1969 Италија
1971 Види Југославија Евробаскет 1971 Западна Германија
1973 Види Југославија Евробаскет 1973 Шпанија
1975 Види Југославија Евробаскет 1975 Југославија
1977 Види Југославија Евробаскет 1977 Белгија
1979 Види Југославија Евробаскет 1979 Италија
1981 Види Југославија Евробаскет 1981 Чехословачка
1983 Види Југославија Евробаскет 1983 Франција
1985 Види Југославија Евробаскет 1985 Западна Германија
1987 Види Југославија Евробаскет 1987 Грција
1989 Види Југославија Евробаскет 1989 Југославија
1991 Види Југославија Евробаскет 1991 Италија

Летни олимписки игри

уреди
година место натпреварување домаќин
1936 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1936 Германија
1948 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1948 Велика Британија
1952 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1952 Финска
1956 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1956 Австралија
1960 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1960 Италија
1964 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1964 Јапонија
1968 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1968 Мексико
1972 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1972 Германија
1976 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1976 Канада
1980 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1980 СССР
1984 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1984 САД
1988 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1988 Кореја

Светски првенства

уреди
година место натпреварување домаќин
1950 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1950 Аргентина
1954 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1954 Бразил
1959 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1959 Чиле
1963 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1963 Бразил
1967 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1967 Уругвај
1970 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1970 Југославија
1974 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1974 Порторико
1878 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1978 Филипини
1982 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1982 Колумбија
1986 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1986 Шпанија
1990 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1990 Аргентина

Настапи на Македонија како самостојна репрезентација

уреди

Евробаскет 1999

уреди

Првиот голем успех, македонската кошаркарска репрезентација го забележала во 1999 година, кога се пласирала на завршницата на европското првенство во Франција. За време на ова првенство, Македонија била дел од групата А, заедно со СР Југославија, Франција и Израел. Во оваа група, Македонија завршила последна, со освоени 3 бода и кош разлика од -21. Целосно гледано, на ова европско првенство, Македонија завршила на 14 место, пред Босна и Херцеговина и последнопласираната Грција.

Екипа Бодови Поб. Пор. PCT ДП ПП Раз.
  Сојузна Република Југославија 6 3 0 1.000 227 181 +46
  Франција 5 2 1 0.667 200 196 +4
  Израел 4 1 2 0.333 191 220 -29
  Македонија 3 0 3 0.000 197 218 -21

Евробаскет 2009

уреди

Следниот позначаен резултат Македонија го забележала по 10 години од првото учество на европското првенство, кога успеала да се пласира на завршницата на европското првенство во Полска во 2009 година. На завршниот турнир, Македонија дошла преку квалификациите кои траеле од 3 до 20 септември 2008 година. Македонија била дел од групата Б, заедно со Летонија, Португалија и Естонија. На крајот од квалификациската рунда, Македонија како водач во групата обезбедила место на завршницата во Полска. На Европското првенство, Македонија била дел од групата А, заедно со Грција, Хрватска и Израел. На ова европско првенство, Македонија го забележала дотогаш најголемиот успех, односно успеала да ја помине групата и на конечната листа да заврши на деветтото место. По поминувањето на групата, Македонија била дел од групата Е, заедно со Франција, Русија, Грција, Хрватска и Германија и завршила на претпоследното место, кое гарантирало деветто место на конечната ранг листа. На овој евробаскет, Македонија го забележала успехот со победување на репрезентациите на Израел и Германија и со конечен рекорд 2-4. На ова првенство, селектор на репрезентацијата бил српскиот тренер Јовица Арсиќ, која ја водел македонската репрезентација од 2007 година, а по завршувањето на првенството, и покрај остварениот задоволителен успех, тој неочекувано предвреме го раскинал договорот со КФМ.[3]

Екипа Одиг. Поб. Пор. ДК ПК КР Бодови Двобој
  Франција 5 5 0 380 334 +46 10
  Русија 5 3 2 338 338 0 8 1–0
  Грција 5 3 2 380 337 +43 8 0–1
  Хрватска 5 2 3 357 364 -7 7
  Македонија 5 1 4 337 396 -59 6 1–0
  Германија 5 1 4 360 383 -23 6 0–1

Евробаскет 2011

уреди

Екипа ОН Поб. Пор. ДП ПП КР Бод.
  Русија 5 5 0 355 310 +45 10
  Македонија 5 4 1 338 313 +25 9
  Грција 5 3 2 348 336 +12 8
  Словенија 5 2 3 337 337 0 7
  Финска 5 1 4 338 372 -34 6
  Грузија 5 0 5 329 377 -48 5

Македонија се пласирала на Евробаскетот 2011 во Литванија преку квалификациите. Во квалификицациите, Македонија играла во група со Велика Британија, Босна и Херцеговина, Украина и Унгарија. Како второпласирана репрезентација во квалификациите, Македонија обезбедила учество на Евробаскетот, каде играла во групата C, со Црна Гора, Хрватска, Грција, Босна и Херцеговина и Финска.

На Евробаскетот 2011 година, Македонија била предводена од селекторот Марин Докузовски. Во прелиминарнара фаза, Македонија завршила на првото место во групата C, со 4 победи и еден пораз, односно ги победила селекциите на Грција, Финска, Хрватска и Босна и Херцеговина, а забележала пораз од Црна Гора, кој воедно бил прв натпревар во групата. Со тој резултат, Македонија влегла во втората фаза од првенството, односно во групата F, каде играла против Грузија, Словенија и Русија, а во таа група биле и репрезентациите на Финска и Грција.

По победата над Грузија, Македонија обезбедила пласман во четвртфиналето, што до тој момент бил најголем успех во македонската кошаркарска историја. Во претпоследното коло од втората фаза, Македонија ја поразила Словенија, а во последното коло од втората фаза, Македонија тесно изгубила од Русија на две секудни при крајот.

Како второпласирана во групата од втората фаза, Македонија во четвртфиналето играла со третопласираната од другата група, односно со домаќинот Литванија, која ја совладала со два бода разлика и обезбедила учество во полуфиналето. Во полуфиналето, селекцијата на Македонија се сретнала со Шпанија, која во четвртфиналето ја победила Словенија и така го постигнала најголемиот успех во историјата на македонската кошарка. Во полуфиналето, Македонија загубила од Шпанија и со тоа играла за бронза со Русија, а Шпанија играла за златото со Франција. Во борбата за третото место, Македонија загубила од Русија и завршила на четвртото место - најдобриот пласман во историјата на оваа репрезентација. Истовремено, благодарение на освоеното четврто место, Македонија директно се пласирала на Евробаскетот 2013 и на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон 2012.

По завршувањето на првенството, во Скопје била приредена голема прослава низ улиците и плоштадите, дополнета со пригодна програма. Сепак, и покрај остварениот огромен успех, веднаш по Евробаскетот 2011, селекторот Докузовски поднесол оставка.[3]

Летни олимписки игри 2012

уреди

Македонија, како четвртопласирана на Евробаскетот 2011, обезбедила пласман на квалификацискиот турнир за Летните олимписки игри во Лондон 2012 година. Македонија играла во групата Д, со селекциите на Нов Зеланд и Ангола. Првите две пласирани екипи од оваа група играле во четвртфиналето против првите две пласирани од групата Ц при што смо три екипи обезбедиле пласман на ЛОИ во Лондон 2012. Турнирот се одржувал во Венецуела, а првиот натпревар Македонија го одиграла на 3 јули 2012 против Нов Зеланд. Македонија не успеала да се квалификува за Олимписките игри, бидејќи била поразена во четвртфиналето со пораз од Доминикана.

Евробаскет 2013

уреди

Македонија се квалификувала за Евробаскетот 2013 година, кој се одржал во Словенија. На ова првенство, репрезентацијата ја водел селекторот Алеш Пипан, кој истовремено бил тренер и на МЗТ Аеродром. При извлекувањето на групите, Македонија била во првиот шешир и играла во групата B, заедно со селекциите на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Латвија и Литванија, а натпреварите се играле во Јесенице.[4] Настапот на ова првенство, Македонија го завршила уште во првата фаза, пласирајќи се како последна во групата В. По завршувањето на првенството, како последица на острите критики за претрпениот неуспех, селекторот Пипан поднесол оставка.[5]

Евробаскет 2015

уреди

Во квалификациите за Евробаскет 2015, Македонија била во групата „Д“, заедно со репрезентациите на Данска, Белгија и Белорусија. Во првото коло, во Скопје, Македонија ја победила репрезентацијата на Белгија со 76-73. Во второто квалификациско коло, во данскиот град Хорсенс, Македонија го победила домаќинот Данска со 81-75. На 17 август 2014 година, Македонија играла со Белорусија како гостин и победила со 81-70. Три дена подоцна, на 20 август, на гостувањето во Белгија, Македонија изгубила со 60-63. На 24 август, во Скопје, Македонија ја победила Данска, со резултат 80-46, а на последната средба, одиграна на 27 август во Скопје била поразена и репрезентацијата на Белорусија, со 72-66.
На тој начин, Македонија завршила на второто место во својата група, остварувајќи пет победи и еден пораз, со исто бодови како и првопласираната Белгија, но со послаба кош-разлика. Оттука, како најдобро рангирана второпласирана репрезентација во квалификациите, Македонија обезбедила директен пласман на Европското првенство. Во квалификациите, најдобар стрелец бил Бојан Трајковски, со 68 бода (просек од 11,3 бода), а Ричард Хендрикс бил најдобар скокач, со 64 скока (10,7 по натпревар).[6][7][8][9][10][11][12][13]
Со ждрепката за Европското првенство 2015, Македонија била распоредена во групата „Ц“, заедно со Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и Холандија.[14]

Во март 2015 година, Кошаркарската Федерација потпишала едногодишен спонзорски договор со турската авио компанија „Туркиш Ерлајнс“.[15]

На средината на јули, МКФ го ангажирала Италијанецот Џакомо Браида за кондиционен тренер на репрезентацијата.[16]

Пред почетокот на подготовките за идното континентално првенство, српскиот селектор Александар Џикиќ од МКФ добил отказ,[17][18] а на негово место бил поставен Марјан Србиновски.[19][20]
Својот настап на првенството, македонската репрезентација го завршила уште во првата фаза, претрпувајќи четири порази од пет натпревари. Најпрвин, Македонија била поразена од Грција со 65-85, а во второто коло била подобра од Холандија, остварувајќи ја единтсвената победа на првенството (78-71). Меѓутоа, во третото коло, Македонија претрпела пораз од Хрватска од 55-73, а во следното коло била поразена и од Грузија, со 75-90. Во последниот натрпевар на првенството, Македонија загубила од Словенија со 51-62.[21]

Состав

уреди

Целосен состав

уреди
 
Македонската кошаркарска репрезентација пред натпреварот со Украина во Спортскиот центар Борис Трајковски

Целосниот состав на машката кошаркарска репрезентација е следниот:[22]

Име и презиме Позиција Висина Датум на раѓање Место на раѓање
Ефтим Богоев бек 1,85 2 ноември 1980   Струмица
Ивица Димчевски бек 1,92 27 јуни 1989   Скопје
Златко Гоцевски центар 2,06 9 февруари 1982   Штип
Маркиз Грин бек 1,65 18 март 1982   Пенсилванија
Бојан Крстевски крило 2,05 4 јуни 1989   Скопје
Јован Марковски крило 1,98 28 март 1988   Скопје
Џеремаја Мејси крило 2,02 22 јули 1982   Мајами
Кирил Николовски центар 2,10 9 јуни 1988   Скопје
Јане Петровски бек 1,80 9 февруари 1985   Скопје
Ристе Стефанов бек 1,94 30 август 1981   Кавадарци
Дариус Вашингтон бек 1,88 6 декември 1985   Орландо
5 Димитар Мираковски бек 1,78 14 мај 1981   Струмица
6 Дарко Соколов бек 1,90 8 мај 1986   Кочани
7 Димитар Караџовски 7 ноември 1984   Скопје
8 Војдан Стојановски бек 1,94 9 декември 1987   Охрид
9 Дамјан Стојановски бек 1,93 9 декември 1987   Охрид
10 Александар Костоски бек 1,88 5 март 1988   Скопје
12 Перо Антиќ крило 2,10 29 јули 1982   Скопје
13 Марко Симоновски бек 1,90 28 јуни 1989   Скопје
14 Ѓорѓи Чековски крило 2,02 11 декември 1979   Скопје
15 Предраг Самарџиски центар 2,15 11 април 1986   Скопје
20 Лестер Бо МекКејлеб бек 1,83 4 мај 1985   Њу Орлеанс

Евробаскет 2011

уреди

На Евробаскетот 2011, македонската репрезентација била составена од:[23]

Име и презиме Позиција Висина Датум на раѓање Место на раѓање
4 Димитар Мираковски плејмејкер 1,78 14 мај 1981   Струмица
5 Владо Илиевски плејмејкер 1,87 19 јануари 1980   Струмица
6 Дарко Соколов плејмејкер 1,90 8 мај 1986   Кочани
7 Лестер Бо Мекејлеб плејмејкер 1,83 4 мај 1985   Њу Орлеанс
8 Војдан Стојановски бек 1,94 9 декември 1987   Скопје
9 Дамјан Стојановски бек 1,93 9 декември 1987   Скопје
10 Марко Симоновски бек 1,90 28 јуни 1989   Скопје
11 Тодор Гечевски крилен центар 2,08 28 август 1977   Кавадарци
12 Перо Антиќ крилен центар 2,10 29 јули 1982   Скопје
13 Ивица Димчевски бек 1,92 27 јуни 1989   Скопје
14 Ѓорѓи Чековски крилен центар 2,02 11 декември 1979   Скопје
15 Предраг Самарџиски центар 2,15 11 април 1986   Скопје

Олимписки квалификациски турнир 2012

уреди

Составот на репрезентацијата на олимпискиот квалификациски турнир во Венецуела во 2012 бил:[24]

Име и презиме Позиција Висина Датум на раѓање Место на раѓање
4 Александар Костоски бек 1,86 5 март 1987   Скопје
5 Владо Илиевски бек 1,87 19 јануари 1980   Струмица
6 Дарко Соколов бек 1,90 8 мај 1986   Кочани
7 Лестер Бо Мекејлеб бек 1,83 4 мај 1985   Њу Орлеанс
8 Војдан Стојановски бек 1,94 9 декември 1987   Скопје
9 Дамјан Стојановски напад 1,93 9 декември 1987   Скопје
10 Марко Симоновски напад 1,92 28 јуни 1989   Скопје
11 Тодор Гечевски центар 2,10 28 август 1977   Кавадарци
12 Перо Антиќ напад 2,11 29 јули 1982   Скопје
13 Кирил Николовски напад 2.11 9 јуни 1988   Скопје
14 Ѓорѓи Чековски напад 2,02 11 декември 1979   Скопје
15 Предраг Самарџиски центар 2,15 11 април 1986   Скопје

Евробаскет 2013

уреди

На Евробаскетот 2013, македонската репрезентација била составена од:[25]

број Име и презиме Позиција Висина Датум на раѓање Место на раѓање
4 Александар Костоски плејмејкер 1,88 5 март 1988   Скопје
5 Владо Илиевски плејмејкер 1,87 19 јануари 1980   Струмица
6 Дарко Соколов плејмејкер 1,90 8 мај 1986   Кочани
7 Лестер Бо Мекејлеб плејмејкер 1,78 4 мај 1985   Њу Орлеанс
8 Војдан Стојановски бек 1,94 9 декември 1987   Скопје
9 Дамјан Стојановски бек-шутер 1,93 9 декември 1987   Скопје
10 Владимир Брчков крилен бек 1,97 29 декември 1989   Велес
11 Тодор Гечевски крилен центар 2,08 28 август 1977   Кавадарци
12 Перо Антиќ крилен центар 2,10 29 јули 1982   Скопје
13 Стојан Ѓуроски крилен центар 2,02 6 ноември 1991   Гостивар
14 Ѓорѓи Чековски крилен центар 2,02 11 декември 1979   Скопје
15 Предраг Самарџиски центар 2,15 11 април 1986   Скопје

Евробаскет 2015

уреди

На Евробаскетот 2015, македонската репрезентација била составена од:[26][27]

број Име и презиме Позиција Висина Датум на раѓање Место на раѓање
4 Ивица Димчевски крилен центар 2,00 27.6.1989   Скопје
5 Владо Илиевски плејмејкер 1,87 19 јануари 1980   Струмица
6 Дарко Соколов плејмејкер 1,90 8.5.1986   Кочани
7 Александар Костоски плејмејкер 1,88 5.3.1988   Скопје
8 Војдан Стојановски бек 1,94 9.12.1987   Скопје
9 Дамјан Стојановски бек-шутер 1,93 9.12.1987   Скопје
10 Марко Симоновски бек-шутер 1,92 28.6.1989   Скопје
11 Владимир Брчков крило 1,97 29.12.1989   Велес
12 Бојан Трајковски крило 1,97 11.9.1986   Македонска Каменица
13 Стојан Ѓуроски крилен центар 2,02 6.11.1991   Гостивар
15 Венард Ричард Хендрикс крилен центар 2,03 15.11.1986   Декејтeр, Алабама
Предраг Самарџиски центар 2,15 11 април 1986   Скопје
Љубомир Младеновски  

Позиции

уреди
позиција почетни замена резерва
центри Предраг Самарџиски
крила Перо Антиќ Ѓорѓи Чековски Кирил Николовски
ниски крила Војдан Стојановски Дамјан Стојановски Марко Симоновски
бекови Ивица Димчевски Ристе Стефанов
плејмејкери Лестер Мекејлеб Дарко Соколов Димитар Мираковски

Поранешни играчи

уреди

Некои поуспешни поранешни кошаркари се:

Список на натурализирани кошаркари

уреди
Играч Датум на издавање на
македонскиот пасош
  Слободан Шљиванчанин 14.01.2001
  Владимир Кузмановиќ1 26.03.2002
  Кенион Џонс 15.11.2002
  Мајкл Вилкинсон 08.03.2006
  Кевин Флечер1 08.03.2006
  Рајан Стак 15.08.2006
  Џеремаја Мејси 05.12.2007
  Дариус Вашингтон1 11.01.2008
  Маркис Грин 27.07.2010
  Кенеди Вилсон1 27.07.2010
  Лестер Бо Мекејлеб 28.07.2010
  Тод Зафировски1 2 10.05.2012
  Ричард Хендрикс 17.05.2013
  Ромео Тревис 28.07.2016
  Џордан Теодор 30.06.2017
  Шејн Витингтон 15.06.2018
  Џејкоб Вајли 12.11.2020
  Ти Џеј Шортс 31.10.2022
  Итан Хап1 31.10.2022

1 Не настапил за репрезентацијата

2 Самоиницијативно покренал постапка за македонски пасош

Извор: basketball.org.mk Архивирано на 28 септември 2016 г.

Наводи

уреди
  1. „Ранг список на ФИБА“. Архивирано од изворникот на 2016-09-17. Посетено на 2017-03-10.
  2. „Кошаркарите сепак со медал“. Курир. 20 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2011-09-23. Посетено на 20 септември 2011.
  3. 3,0 3,1 "Џикиќ ќе ги засука ракавите", Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 27.
  4. „Црна Гора прв противник на Евробаскетот во Словенија“. Архивирано од изворникот на 2012-11-22. Посетено на 2012-11-19.
  5. „Џикиќ ќе ги засука ракавите“, Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 27.
  6. „Џикиќ: Можеме и мораме подобро“, Дневник, година XVIII, број 5542, петок, 15 август 2014, стр. 20-21.
  7. „Македонија и Белгија ќе се најдат на Евробаскетот“, Дневник, година XVIII, број 5548, петок, 22 август 2014, стр. 20-23.
  8. „Селекторот Александар Џикиќ нема да го менува тимот што победува“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 22-23.
  9. „Хендрикс најдобар скокач, Македонија со најмногу тројки“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 22.
  10. „Трајковски: Тие што не веруваа во нас, ги канам да нè гледаат на ЕП“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 22.
  11. Newtime Македонија ја победи Белорусија за три од три во квалификациите (пристапено на 7.9.2014)[мртва врска]
  12. „vesti.mk (пристапено на 7.9.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-08-24. Посетено на 2014-09-07.
  13. „Дерби, Џикиќ незадоволен: можеше и подобро! (пристапено на 7.9.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-08-27. Посетено на 2014-09-07.
  14. „Џикиќ: Прво да видиме со какви состави ќе играме и ние и противниците“, Дневник, година XVIII, број 5638, среда, 10 декември 2014, стр. 22-23.
  15. „Туркиш ерлајнс“, нов спонзор на кошаркарската репрезентација на Македонија Архивирано на 27 март 2015 г. ekipa.mk 24 март 2015
  16. Италијанецот Браида ангажиран за кондицијата на репрезентативците пред ЕП Архивирано на 19 јули 2015 г. sport365.mk 16 јули 2015
  17. „Потрес“ во кошарката: МКФ го отпушти Џикиќ, Србиновски нов селектор Архивирано на 24 јули 2015 г. ekipa.mk 22 јули 2015
  18. Џикиќ по отказот: Во шок сум, навистина не знам зошто повеќе не сум селектор на Македонија! sportmedia.mk 22 јули 2015
  19. ОФИЦИЈАЛНО: Марјан Србиновски е нов селектор! Архивирано на 26 јули 2015 г. ekipa.mk 22 јули 2015
  20. ОФИЦИЈАЛНО: Србиновски ќе ја предводи Македонија на ЕП! sportmedia.mk 22 јули 2015
  21. „Грузија нè прегази, Словенија нè докрајчи“, Дневник, година XIX, број 5862, петок, 11 септември, стр. 24-25.
  22. Состав на репрезентацијата
  23. Репрезентацијата на Македонија на Евробаскетот 2011 Архивирано на 20 март 2013 г. на eurobasket2011.com
  24. „Состав на Македонија за квалификацискиот олимписки турнир во Венецуела“. Архивирано од изворникот на 2012-11-08. Посетено на 2012-11-19.
  25. Репрезентацијата на Македонија на Евробаскетот 2013
  26. Репрезентацијата на Македонија на Евробаскетот 2015
  27. „На ЕП нема да одат Магдевски и Јаневски“, Дневник, година XIX, број 5856, четврток, 3 септември 2015, стр. 23.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди