Жарко Пешевски
Жарко Пешевски (роден на 11 април 1991 г.) — македонски ракометар кој игра за Еурофарм Пелистер и за македонската репрезентација.[1][2][3]
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
11 април 1991 Скопје, Македонија, СФРЈ | ||
Националност | Македонец | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1.95 м | ||
Позиција | Пивот | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Еурофарм Пелистер | ||
Број | 44 | ||
Сениорски клубови | |||
2013–2018 2018–2019 2019–2022 2022– |
Металург Јуниор Металург Скопје Мотор Запорожје Штутгарт Еурофарм Пелистер | ||
Репрезентација | |||
2013– | Македонија | 39 (69) | |
Клупска кариера
уредиПешевски започнал да тренира ракомет на 13-годишна возраст во Металург Скопје и во клубот ги поминал сите возрасни категории.[4] Во првиот тим на Металург, Пешевски за прв пат дебитирал во 2014 година[5], и истата година со клубот ја освоил титулата во македонската супер лига.
На крајот на сезоната 2017–18, Пешевски започнал интернационална кариера, потпишувајќи договор со украинскиот првак Мотор Запорожје. Тој со клубот го освоил украинскиот супер куп и украинското првенство во сезоната 2018–19, а потоа на крајот на сезоната се преселил во германската Бундеслига, потпишувајќи двегодишен договор со екипата на Штутгарт.
Во сезоната 2020–21, тој бил петти најдобар стрелец за Штутгарт во Бундеслигата, постигнувајќи 90 гола, со процент на реализација од 73%.[6]
Успеси
уреди- Победник: 2013–14
Наводи
уреди- ↑ EHF profile
- ↑ „2017 World Championship roster“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-01-13. Посетено на 2022-05-09.
- ↑ 2019 World Men's Handball Championship roster
- ↑ Пешевски останува во Металург уште две години (ФОТО) Архивирано на 16 мај 2022 г. mkd.mk; 15 јули 2015
- ↑ Пешевски се збогува со Металург, започнува интернационална кариера gol.mk; 30 мај 2018
- ↑ Season statistics 2020/21 Архивирано на 2 октомври 2022 г. Handball-Bundesliga
Надворешни врски
уреди- Жарко Пешевски на Европската ракометна федерација
- Жарко Пешевски Архивирано на 2 март 2022 г. на Мрежното место на Бундеслигата