Ивко Панговски
македонски спортски новинар, радиорепортер и стенограф
Ивко Панговски (роден на 20 јули 1931 година во Галичник - 28 март 2019 во Скопје) — спортски новинар, радиорепортер и стенограф, сметан за легенда на македонското спортско (фудбалско) коментаторство. Од весникот „Единство“ поминува (1948) во Радио Скопје, каде што останал до пензионирањето (1989). Спортски репортер со препознатлив глас и стил во преносите, особено на фудбалските натпревари. Објавил повеќе трудови од историјата на македонскиот спорт.
Ивко Панговски | ||
![]() | ||
Роден | 20 јули 1931 Галичник | |
---|---|---|
Починал | 28 март 2019 Скопје | |
Националност | Македонец | |
Занимање | спортски новинар и коментатор |