Драган Тевдовски
Драган Тевдовски (21 јануари 1979 во Скопје) — македонски политичар и министер за финансии во македонската влада од 2017. Средно училиште завршил во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а своевремено настапувал за младинската школа на ФК Вардар и за кадетската репрезентација на Македонија. Магистрирал статистичка анализа на економскиот факултет при универзитетот во Белград во 2006 година со просек 10, а во 2010 станал доктор по економски науки на економскиот факултет во Скопје. На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се вработил во 2002 година како асистент, а од 2015 работи како вонреден професор на катедрата за математика и статистика. Тевдовски е автор на два универзитетски учебници и на околу 45 научни трудови објавени во престижни научни списанија.[1]
Драган Тевдовски | |
---|---|
Министер за финансии | |
На должноста 1 јуни 2017 – 26 јуни 2019 | |
Премиер | Зоран Заев |
Претходник | Кирил Миноски |
Наследник | Зоран Заев |
Лични податоци | |
Роден(а) | 21 јануари 1979 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Партија | СДСМ |
Деца | 3 |
Установа | Св. Кирил и Методиј |
Професија | политичар |
Политички ставови
уредиДраган Тевдовски како министер за финансии се залага за укинување на рамниот данок (со кој приходите на сите подеднакво се оданолчуваат), кој беше воведен од владата на Никола Груевски и негова замена со прогресивен данок (со кој повеќе се оданочуваат граѓаните со поголеми приходи).[2][3] На 25 јуни 2019 година Собранието го разрешува од министерската позиција.[4] По неговото разрешување Министерството за финансии го презема тогашниот премиер Зоран Заев. По назначувањето на Нина Ангеловска за министер за финансии прогресивниот данок се става во мирување 36 месеци. По овој повод Тевдовски преку Фејсбук ги повикува пратениците на СДСМ и им вели „Пратениците на СДСМ, пред да гласаат за ова, нека помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ. Посебно од страна на луѓе што немаат врска со СДСМ“[5]
Наводи
уреди- ↑ Драган Тевдовски – Ќе има ли волшебна формула за јавните финансии Архивирано на 30 мај 2017 г. Утрински Весник (29 мај 2017)
- ↑ „Прогресивно оданочување: Се воведува дополнителен данок за плати над 90 илјади денари“. Bankarstvo.mk. 3 ноември 2018. Архивирано од изворникот на 2020-05-14. Посетено на 7 април 2020.
- ↑ Александар Јанев (3 ноември 2018). „Тевдовски: Имаме доволно аргументи да не го одложиме прогресивниот данок“. 8 ноември 2018. Посетено на 7 април 2020.
- ↑ „Собранието ги разреши Тевдовски, Фазлиу и Лика“. Libertas.mk. 26 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2020-04-07. Посетено на 7 април 2020.
- ↑ „Тевдовски: Пратениците на СДСМ нека помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ“. ФОКУС.мк. 1 ноември 2019. Посетено на 7 април 2020.
Надворешни врски
уреди- Интервју со Драган Тевдовски на Fakulteti.mk
Претходник Кирил Миноски |
Министер за финансии 1 јуни 2017 - 26 јуни 2019 |
Наследник Нина Ангеловска |