Граѓанска опција за Македонија

(Пренасочено од ГРОМ)

Граѓанска опција за Македонија - ГРОМ — политичка партија од Република Македонија. Претседател на партијата е Стевчо Јакимовски.

Граѓанска опција за Македонија
ВодачСтевчо Јакимовски[1]
Генерален секретарКрсте Петревски
Основана2013
Штабул. Прашка бр. 21 влез 1, локал 2 и 3, Скопје, Република Македонија
ИдеологијаЦентар
Боибела, црвена, сива
Собрание
0 / 120
Општини
1 / 80
Мрежно место
www.grom.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Учество на избори

уреди

Партијата на претседателските избори во 2014 имала свој кандидат за претседател, Зоран Поповски, кој освоил 31.368 гласови или 3,61% од вкупниот број гласови. На парламентарните избори во 2014 година, партијата учествувала самостојно и освоила едно пратеничко место.

На парламентарните избори во 2016 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ и освои две пратенички места.

На парламентарните избори во 2020 година во коалиција со ВМРО ДПМНЕ и освои 1 пратенички мандат.

На претседателските избори во 2024 година, учествувала со свој кандидат Стевчо Јакимовски, кој освоиле 8.121 гласа, односно 0.91% од гласовите, во коалиција со Интегра и ПЦЕР.

На парламентарните избори во 2024 година, партијата учествувала во коалиција "Храбро за Македонија" со Интегра и ПЦЕР, на кој освоиле 4522 гласови, односно 0.46% од гласовите и не освоиле пратенички мандат.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди