Куп на Македонија во кошарка 2019

Купот на Македонија 2019 - 27. издание на Купот на Македонија во кошарка. Во ова издание учествувале првите осум екипи од полусезоната на Првата лига 2018/19, односно немало квалификации, и биле подредени според местоположбата на табелата од полусезоната. Поради загубата на својот играч Јовица Трпевски кој доживеал сообраќајна несреќа заедно со повеќе гостиварски сограѓани, КК Гостивар со поддршка од останатите клубови побарал да се одложи Купот кој требал да се одржи на 15 до 17 февруари.[1][2] Потоа МКФ одлучила Купот да биде одржан на 12 до 14 април.[3] Турнирот се одржал во спортската сала 26 Април во Гевгелија, во организација на КК Блокотехна НБ, КК Кожув, Општина Гевгелија и МКФ.[4][5][6] Во ова издание првак бил Работнички.

Куп на Македонија 2019
Датум(и)12-14 април
ГрадГевгелија
Сала26 Април
Број на екипи8
ПрвакРаботнички (10. титула)
ВицепрвакБлокотехна НБ (1. финале)
ПолуфиналистиМЗТ Аеродром
Гостивар
Одиграни натпревари7
Најкорисен играчБугарија Чавдар Костов (Работнички)
Гледаност4.426 (632 по натпревар)
2018

Ова било последното издание под називот Куп на Македонија бидејќи Кошаркарската Федерација на Македонија го променила називот на натпреварувањето во Куп Благоја Георгиевски - Буштур за следното издание, во чест на поранешниот кошаркар, југословенски репрезентативец и спортски работник Благоја Георгиевски кој загинал во сообраќајна несреќа на 29 јануари 2020 година.[7]

Место на одржувањеУреди

Гевгелија
Спортска сала 26 Април
Капацитет: 1,600

Екипи учеснициУреди

На завршниот турнир обезбедиле пласман екипите кои завршиле на првите осум места на табелата од полусезоната (до 11. коло) од Првата лига 2018/19. Пласманот на една екипа значел против која екипа ќе се натпреварува, односно систем 1-8, 2-7, 3-6, 4-5.[5]

Место Екипа
1. Блокотехна НБ
2. Работнички
3. МЗТ Аеродром
4. Гостивар
5. Фени Индустри
6. Кожув
7. Куманово 2009
8. АВ Охрид
9. Вардар
10. Пелистер
11. Шкупи

КостурУреди

  Четвртфинале Полуфинале Финале
                       
  1  Блокотехна НБ 115  
8  АВ Охрид 68  
  1  Блокотехна НБ 92  
  4  Гостивар 87  
4  Гостивар 88
  5  Фени Индустри 81  
    1  Блокотехна НБ 71
  2  Работнички 85
  2  Работнички 104  
7  Куманово 2009 80  
  2  Работнички 93
  3  МЗТ Аеродром 89  
3  МЗТ Аеродром 89
  6  Кожув 62  

ТурнирУреди

ЧетвртфиналеУреди

12 април
2019
13:00
Извештај Блокотехна НБ 115, АВ Охрид 68    Спортска сала 26 Aприл, Гевгелија
Гледачи: 236
Четвртини: 27-18, 34-17, 25-17, 29-19
Пое: Б. Ѓумиќ 21
Ско: Д. Лазаревски 8
Аси: М. Младеновиќ 9
Пое: А. Настовски 14
Ско: А. Андријевиќ 9
Аси: А. Донески 5
12 април
2019
15:15
Извештај Работнички 104, Куманово 2009 80    Спортска сала 26 Aприл, Гевгелија
Гледачи: 120
Четвртини: 31-16, 23-22, 23-13, 27-29
Пое: Б. Крстевски 24
Ско: Ѓ. Чековски 5
Аси: Д. Мираковски, Д. Караџовски 6
Пое: И. Пенов 17
Ско: М. Ковач 6
Аси: Ф. Думиќ 8
12 април
2019
17:30
Извештај МЗТ Аеродром 89, Кожув 62    Спортска сала 26 Aприл, Гевгелија
Гледачи: 463
МРТ 1
Четвртини: 24-10, 16-15, 28-17, 21-20
Пое: Д. Стојановски 15
Ско: П. Самарџиски 8
Аси: Л. Медфорд 5
Пое: Д. Вилијамс 15
Ско: Д. Вилијамс 7
Аси: К. Пејн 5
12 април
2019
20:15
Извештај Гостивар 88, Фени Индустри 81    Спортска сала 26 Aприл, Гевгелија
Гледачи: 230
МРТ собраниски канал
Четвртини: 23-14, 21-18, 20-21, 24-28
Пое: Д. Тасовски 17
Ско: Б. Трајковски 14
Аси: А. Костоски 8
Пое: Г. Марковски 24
Ско: Ф. Бакоч 7
Аси: Ј. Петровски 11

ПолуфиналеУреди

13 април
2019
17:30
Извештај Блокотехна НБ 92, Гостивар 87    Спортска сала 26 Aприл, Гевгелија
Гледачи: 1,025
МРТ 1
Четвртини: 20-27, 24-27, 24-19, 24-14
Пое: Б. Пен 30
Ско: Б. Пен 9
Аси: К. Фандербурк 10
Пое: Т. Ефианаји 20
Ско: Т. Ефианаји 7
Аси: А. Костоски 7
13 април
2019
20:15
Извештај Работнички 93, МЗТ Аеродром 89 Пдж  Спортска сала 26 Aприл, Гевгелија МРТ 1
Четвртини: 22-12, 18-21, 20-18, 12-21Пдж: 7-7, 14-10
Пое: Ч. Костов 19
Ско: Ѓ. Чековски 10
Аси: Б. Стајиќ 6
Пое: А. Бојиќ 21
Ско: Џ. Вудард 12
Аси: Л. Медфорд 5

ФиналеУреди

14 април
2019
17:30
Извештај Блокотехна НБ 71, Работнички 85    Спортска сала 26 Aприл, Гевгелија
Гледачи: 1,352
МРТ 1
Четвртини: 17-22, 32-23, 10-20, 12-20
Пое: К. Фандербурк 24
Ско: Б. Пен 8
Аси: М. Младеновиќ 8
Пое: Ч. Костов 25
Ско: Ч. Костов 11
Аси: Б. Стајиќ 8

Победнички составУреди

број име позиција државјанство
0 Бојан Крстевски Крилен центар
/ Центар
  Македонија
1 Дариус Вашингтон Бек   САД
  Македонија
3 Андреј Јордановски Разигрувач   Македонија
4 Бобан Стајиќ Разигрувач   Македонија
5 Димитар Мираковски (К) Разигрувач   Македонија
6 Димитар Караџовски Бек   Македонија
7 Стефан Младеновиќ Бек   Србија
  Македонија
9 Ѓорѓи Чековски Крилен центар   Македонија
10 Максим Митевски   Македонија
11 Кирил Николовски Крилен центар
/ Центар
  Македонија
20 Чавдар Костов Бек   Бугарија
25 Виктор Ефремовски Крило   Македонија
55 Марјан Јанески Крилен центар   Македонија
Дамјан Крстевски Бек   Македонија
Дамјан Бошковски   Македонија

Победник во
Купот на Македонија 2019
 
Работнички 10. титула

Главен тренер

Помошник тренер

ПризнанијаУреди

Извор:[8][9]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. "ОФИЦИЈАЛНО: МКФ поради трагедијата го одложи Купот на Македонија!". gol.mk. 14 февруари 2019. Посетено на 16 февруари 2019.
  2. "ОФИЦИЈАЛНО: МКФ го одложи Купот кој требаше да се одржи викендов!". sportmedia.mk. 14 февруари 2019. Посетено на 16 февруари 2019.
  3. "Познати новите термини: Купот ќе се игра од 12 до 14 април во Гевгелија". gol.mk. 15 февруари 2019. Посетено на 16 февруари 2019.
  4. "По три години Гевгелија пак ќе го организира завршниот турнир од кошаркарскиот Куп". gol.mk. 17 јануари 2019. Посетено на 18 јануари 2019.
  5. 5,0 5,1 "Купот дефинитивно ќе се игра во Гевгелија". sportmedia.mk. 25 јануари 2019. Посетено на 26 јануари 2019.
  6. "ОФИЦИЈАЛНО: Гевгелија ќе биде домаќин на Купот на Македонија по пауза од три години!". gol.mk. 25 јануари 2019. Посетено на 26 јануари 2019.
  7. "Заклучоци од редовна седница на УО на КФМ". Кошаркарска Федерација на Македонија преку web.archive.org. 16 март 2020. Посетено на 16 март 2020.
  8. "МВП Чавдар Костов: А сега – титула!". sportmedia.mk. 14 април 2019. Посетено на 14 април 2019.
  9. "Костов со двете признанија, најкорисен кошаркар и прв стрелец". sportmedia.mk. 14 април 2019. Посетено на 14 април 2019.

Надворешни врскиУреди