Џанлука Роки
Џанлука Роки (италијански: Gianluca Rocchi); (Фиренца, 25 август 1973) – италијански фудбалски судија.
Целосно име | Џанлука Роки | ||
---|---|---|---|
Роден |
25 август 1973 Фиренца, Италија | ||
Националност | Италија | ||
Домашна | |||
Години | Лига | Улога | |
2003–2010 | Серија Б | судија | |
2004–до денес | Серија А | Судија | |
Меѓународна | |||
Години | Лига | Улога | |
2008–до денес | ФИФА | судија | |
2010–до денес | УЕФА елита | судија |
Роки почнал да суди во 2000 година со 38 натпревари во три сезони на Серија Ц. Подоцна бил унапреден во повисоките серии и своето деби го имал на натпреварот меѓу Лече и Реџина (16 мај 2004). Во 2010 година кога Националниот судиски комитет се поделил за Серија А и Серија Б, тој бил доделен во комитетот на Серија А.
Своето меѓународно деби, Роки го имал на 26 мај 2008 година на пријателскиот натпревар меѓу Холандија и Грција. Подоцна бил повика на европските клупски куп натпревари (прво за Лига Европа, во сезоната 2008-09, потоа во Лигата на шампионите, во сезоната 2010-11.[1]
Џанлука Роки судел на три меѓународни натпревари од квалификациите за европското првенство во фудбал, а подоцна бил судија на фудбалските натпревари на Летните олимписки игри во Лондон.
На 29 март 2018 година, ФИФА објавила дека тој ќе води некои натпревари на Светското првенство во фудбал 2018 со Еленито ди Либераторе и Мауро Тонолини како негови помошници.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Gianluca Rocchi will referee Manchester City-Real Madrid“. Real Madrid. 19 November 2012.
- ↑ „List of Match Officials at 2018 FIFA World Cup“ (PDF). fifa.com. 29 March 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-03-30.