Движење Беса
Движење Беса (албански: Lëvizja Besa) — политичка партија на Албанците во Македонија, основана на 22 ноември 2014 во Скопје.[1] Претседател на партијата е Биљал Касами. На парламентарните избори во 2016 година „Беса“ освоила пет пратеници, со што станала втора најголема албанска партија во Собранието.[2] На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освојила 4 пратенички мандати. Во парламентарните избори во 2024, партијата била дел од албанската коалицијата ВРЕДИ и освојила 3 пратенички мандати.
Движење Беса | |
---|---|
Водач | Биљал Касами |
Основана | 22 ноември 2014 |
Штаб | Скопје |
Идеологија | социјален конзервативизам |
Бои | бела, црвена, црна |
Собрание | 2 / 120 |
Општини | 3 / 80 |
Мрежно место | |
levizjabesa.mk | |
Знаме | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Финансиски извештаи
уредиСпоред завршната сметка за 2016 година, партијата остварила приходи од 58.500 евра (од кои, приходите од членарини и донации изнесувале 57.000 евра), нејзините расходи изнесувале 70.000 евра, додека имотот на партијата вредел 12.500 евра.[3]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 25 декември 2017 г.
Наводи
уреди- ↑ БЕСА – нов политички субјект на Албаците во Македонија Архивирано на 24 јануари 2020 г. Нова ТВ (22 ноември 2014)
- ↑ Победата на ДУИ во сенка на БЕСА и СДСМ Призма.мк (13 декември 2016)
- ↑ Влатко Стојановски, „ВМРО-ДПМНЕ трупа недвижности, а ДУИ собира сè помалку донации!“, Фокус, број 1124, 21 април 2017, стр. 18-22.