Езѓан Алиоски или Ѓани (р. 12 февруари 1992) — македонски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Ал Ахли и на македонската репрезентација. Има и швајцарски пасош.

Езѓан Алиоски
Лични податоци
Полно име Езѓан Алиоски
Роден на 12 февруари 1992(1992-02-12)(32 г.)
Роден во Прилеп
Држава Македонија
Висина 1.72 м (5 ст 8 ин)
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Фенербахче Фенербахче
Број 6
Младинска кариера
0000–2010 Јанг Бојс Јанг Бојс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2013 Јанг Бојс II Јанг Бојс II 57 (4)
2013–2016 Шафхаузен Шафхаузен 77 (4)
2016–2017 Лугано Лугано 50 (19)
2017–2021 Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 161 (21)
2021– Ал Ахли Ал Ахли 28 (6)
2022–Фенербахче Фенербахче 1 (1)
Репрезентација
2010–2011 Македонија Македонија 19 6 (0)
2013–2014 Македонија Македонија 21 10 (0)
2013– Македонија Македонија 60 (12)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 3 февруари 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 19 ноември 2020

Рани години уреди

Алиоски е роден во Прилеп во 1992 година. Неговото семејство е од прилепското село Црнилиште каде и Езѓан израснал. Заминал во Швајцарија уште како дете, каде ја започнал својата фудбалска кариера.

Клупска кариера уреди

Рана кариера уреди

Алиоски ја започнал својата кариера во вториот тим на Јанг Бојс каде во периодот од 2010 до 2013 постигнал 4 гола на 57 натпревари. Во јануари 2013 година преминал во Шафхаузен како позејмен играч каде подоцна прави и целосен трансфер. За екипата на Шафхаузен постигнал 4 погодоци на 77 натпревари.

Лугано уреди

Во јануари 2016 година, Алиоски преминал во редовите на прволигашот Лугано на заем до крајот на сезоната 2015-2016. Своето деби за Лугано го направил на 13 февруари во поразот со 2-1 од Тун. Иако бил доведен како лев бек, тренерот на Лугано Зденек Земан увидел во него голем напаѓачки потенцијал и започнал да го користи понапред како десно крило па дури и како напаѓач до крајот на сезоната. Својот прв погодок за клубот го постигнал на 11 мај 2016, во победата со 4-0 над Цирих.

По завршувањето на заемот, Алиоски потпишал перманентен договор со Лугано во јуни 2016 откако претходно му истекол договорот со Шафхаузен. Во сезоната 2016-2017, Алиоски експлодирал и постигнал 16 гола и имал 14 асистенции (со што бил трет во првенството во двете категории) во 34 настапи за Лугано. Исто така бил избран во Идеалниот тим на сезоната во швајцарското првенство.

Лидс Јунајтед уреди

На 13 јули 2017, Алиоски потпишал четиригодишен договор со англискиот клуб член на Чемпионшип, Лидс Јунајтед.[1] Своето деби го направил на 6 август 2017, во победата со 3–2 против Болтон Вондерерс забележувајќи асистенција во тој натпревар за голот на Крис Вуд.[2] Својот прв погодок за Лидс го постигнал на 26 август 2017, во победата со 2-0 над Нотингем Форест, во која исто така бил избран за играч на натпреварот.[3] Голот подоцна бил избран за „Гол на месецот во Чемпионшип“.[4] Во ноември 2017 година, Алиоски постигнал гол на сите четири натпревари на Лидс Јунајтед и беше награден со наградата на клубот за играч на месецот. Во ноември 2017 година, Алиоски постигнал гол на сите четири натпревари на Лидс Јунајтед и бил награден со прогласување за играч на месецот на клубот.[5] На 16 април 2018 година, Алиоски бил номиниран како еден од четворицата играчи во конкуренција за добивање на наградата за Играч на годината на Лидс Јунајтед.[6] Пет дена подоцна, Алиоски го постигнал победничкиот гол, со својот седми за сезоната, во победата од 2–1 за Лидс во дербито на Јоркшир против Барнсли.[7] Првата сезона во англискиот клуб ја завршил со 7 гола и 5 асистенции.[8] На 5 мај 2018, неговиот гол кој го постигнал против Нотингем Форест порано во сезоната бил прогласен за „Гол на сезоната на Лидс Јунајтед“.[9]

Репрезентативна кариера уреди

 
Алиоски со македонската репрезнетација

Тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 11 октомври 2013 во натпреварот Велс-Македонија (1-0).[10] Својот прв погодок за македонската репрезентација го постигнал на 5 септември 2016, во поразот од Албанија со 2-1 во натпревар од Квалификациите за Светското првенство 2018 одигран во Скадар.[11]

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-10-2013 Кардиф Велс   1 – 0   Македонија Квал. за СП 2014 -
15-10-2013 Јагодина Србија   5 – 1   Македонија Квал. за СП 2014 -
8-9-2014 Валенсија Шпанија   5 – 1   Македонија Квал. за Евро 2016 -   46'
9-10-2014 Скопје Македонија   3 – 2   Луксембург Квал. за Евро 2016 -   46'
12-10-2014 Лавов Украина   1 – 0   Македонија Квал. за Евро 2016 -
15-11-2014 Скопје Македонија   0 – 2   Словачка Квал. за Евро 2016 -
5-9-2016 Скадар Албанија   2 – 1   Македонија Квал. за СП 2018 1
6-10-2016 Скопје Македонија   1 – 2   Израел Квал. за СП 2018 -
9-10-2016 Скопје Македонија   2 – 3   Италија Квал. за СП 2018 -   40'
12-11-2016 Гранада Шпанија   4 – 0   Македонија Квал. за СП 2018 -   90'
5-6-2017 Скопје Македонија   0 – 0   Турција Пријателска -
11-6-2017 Скопје Македонија   1 – 2   Шпанија Квал. за СП 2018 -
2-9-2017 Хаифа Израел   0 – 1   Македонија Квал. за СП 2018 -
5-9-2017 Струмица Македонија   1 – 1   Албанија Квал. за СП 2018 -
6-10-2017 Торино Италија   1 – 1   Македонија Квал. за СП 2018 -
9-10-2017 Струмица Македонија   4 – 0   Лихтенштајн Квал. за СП 2018 -
11-11-2017 Скопје Македонија   2 – 0   Норвешка Пријателска -   88'   67'
23-3-2018 Анталија Финска   0 – 0   Македонија Пријателска -   86'
27-3-2018 Аксу Азербејџан   1 – 1   Македонија Пријателска -   60'
6-9-2018 Гибралтар Гибралтар   0 – 2   Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 1   77'
9-9-2018 Скопје Македонија   2 – 0   Ерменија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 1
13-10-2018 Скопје Македонија   4 – 1   Лихтенштајн УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 1
16-10-2018 Ереван Ерменија   4 – 0   Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
21-3-2019 Скопје Македонија   3 – 1   Латвија Квал. за Евро 2020 1
Вкупно Настапи 26 Голови 5

Статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 22 август 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013   Шафхаузен 10 0 КШ 0 0 - - - - - - 10 0
2013-2014 ЧЛ 26 2 КШ 2 0 - - - - - - 28 2
2014-2015 ЧЛ 35 2 КШ 1 0 - - - - - - 36 2
2015 ЧЛ 16 0 КШ 2 0 - - - - - - 18 0
Вкупно Шафхаузен 87 4 5 0 - - 92 4
јан.-јун. 2016   Лугано ШСЛ 16 3 КШ 2 0 - - - - - - 18 3
2016-2017 ШСЛ 34 16 КШ 2 1 - - - - - - 36 17
Вкупно Лугано 50 19 4 1 - - - - 54 20
2017-2018   Лидс Јунајтед ЧЛ 42 7 ФАКуп+ЛК 0+3 0 - - - - - - 45 7
2018-2019 ЧЛ 4 1 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 5 1
Вкупно Лидс Јунајтед 46 8 4 0 - - - - 50 8
Вкупно во кариерата 183 31 13 1 - - - - 196 32

Титули уреди

Клупски уреди

  Лидс Јунајтед уреди

2019–2020

Наводи уреди

  1. „ALIOSKI BECOMES NUMBER NINE“ (англиски). Leeds United. 13 July 2017.
  2. „REPORT: BOLTON WANDERERS 2–3 LEEDS UNITED“. Leeds United Official Site. 6 August 2017.
  3. „Nottingham Forest 0–2 Leeds: Kemar Roofe and Ezgjan Alioski seal win“. Sky Sports. Посетено на 23 August 2017.
  4. „Winger Alioski nets August Goal of the Month award“. Yorkshire Evening Post. Посетено на 15 September 2017.
  5. „Louis Erard: Ezgjan Alioski named Player of the Month“. www.leedsunited.com (англиски). Архивирано од изворникот на 22 December 2017. Посетено на 20 December 2017.
  6. „Cast your vote for the Player of the Year awards“. www.leedsunited.com (англиски). Посетено на 16 April 2018.
  7. „Leeds United 2 Barnsley 1: Tom Pearce lights up Elland Road derby“. Yorkshire Post (англиски). Посетено на 23 April 2018.
  8. „Leeds United top scorers“. BBC Sport (англиски). Посетено на 17 May 2018.
  9. „Player of the Year 2018 winners“. Leeds United F.C. 5 May 2018. Посетено на 5 May 2018.
  10. (англиски) Galles-Macedonia 1-0 Eu-football.info
  11. „Алиоски израмни на 1:1, прекин поради невреме, доигрување и несреќен пораз“. ФФМ. 6 август 2016. Посетено на 22 август 2018.

Надворешни врски уреди