Мила Москов

македонска пејачка

Мила Москов (родена на 8 март 2005 во Прилеп) — македонска пејачка. Таа ја претставуваше Македонија на Детска Евровизија 2019 со песната „Fire“.

Мила Москов
Животописни податоци
Роден(а)8 март 2005(2005-03-08)(19 г.)
Македонија Прилеп, Република Македонија
Жанровипоп
Занимањапејачка
Инструментивокал, пијано

Животопис

уреди

На 6 години ја започнала својата музичка кариера во музичкото училиште во Прилеп каде посетувала часови по пеење и пијано. Таа учествувала на неколку меѓународни детски фестивали во Македонија, како што е Мелфест во Прилеп. Исто така земала учество во неколку пејачки натпревари, а со хорот Мали ангели настапувала на повеќе концерти за деца со посебни потреби.[1]

Наводи

уреди
  1. „Mila Moskov - North Macedonia - Gliwice-Silesia 2019“. junioreurovision.tv (англиски). Посетено на 2021-01-29.