ФК Академија Пандев

ФК Академија Пандев е македонски фудбалски клуб од градот Струмица. Од 2017 година е дел од Првата македонска фудбалска лига. Академија Пандев е проект на македонскиот фудбалер Горан Пандев. Тимот оваа сезона натпреварите ги игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Академија Пандев
Akademija Pandev 2017 Logo.png
Целосно имеФудбалски клуб Академија Пандев
ПрекарАкадемци
Пандевци
Основан2010; пред 10 години (2010)
ЛокацијаСтрумица, Македонија
Стадион„Пандев“
Капацитет9.200
СопственикМакедонија Горан Пандев
ПретседателМакедонија Илија Матеничаров
ТренерМакедонија Југослав Тренчовски
ЛигаПрва македонска лига
2019/20
(недовршена)
7. од 10 места
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Најголемиот успех на клубот во натпреварувањата е пласманот во квалификациите за Лига Европа во 2019 година преку победата во финалето од Купот на Македонија.

ИсторијаУреди

 
Спортскиот центар „Пандев“ во 2019 г. за време на контролен натпревар меѓу Академија Пандев и Вардар

Клубот е создаден во 2010 година како академија која работи само со младинските категории, но од 2014-та формира свој прв тим и започнува да се натпреварува во сениорските лиги.

Покрај сениорскиот тим, во 2014 година Горан Пандев инвестирал и во спортската инфраструктура. Истата година започнува изградбата на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица, во непосредна близина на градскиот стадион, кој во иднина треба да послужи како официјален терен на Академијата. Овој центар треба да претставува модерен мултифункционален објект за потребите на младинците и сениорите на ФК Академија Пандев.[1]

Откако го формира својот сениорски тим во 2014 година, Академијата го започнува својот пат од најниската, општинската лига. По една сезона во општинската, и друга во Третата лига, тимот се пласира во Втората лига каде има уште една успешна сезона и во 2017 година го обезбедува својот влез во најелитната Прва македонска фудбалска лига.[2]

Академија Пандев го отворила својот пат кон европскиот фудбал во 2019 година кога ја победила Македонија Ѓорче Петров 1932 во финалето од Купот на Македонија.[3] Тимот на Тренчовски дебитирал во квалификациите за Лига Европа против Зрињски од Мостар. Првата средба против Зрињски, Академијата ја играла на Националната арена во Скопје каде неславно загубила со 0:3, а втората средба во Босна и Херцеговина исто така завршила со 3:0 за тимот од Мостар.[4][5]

На 7 ноември 2020, во рамките на Првата лига 2020/21, Академија Пандев заиграл на својот терен во Спортскиот центар Пандев кој станал негов траен домашен терен.[6][7][8]

ИграчиУреди

Моментален составУреди

Обновено на 27 декември 2019
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Душан Чубраковиќ
2   ОД Ване Јованов
3   ОД Давид Атансковски
4   ОД Диме Димов
5   ОД Томислав Илиев
6   ОД Стефан Костов
8   СР Ѓорѓи Стоилов
9   НП Марко Рајковиќ
10   СР Даниел Миловановиќ
12   ГМ Давид Денковски
14   СР Љупчо Доријев
17   НП Марио Крстовски
Бр. Позиција Играч
18   СР Кристијан Велиновски
19   НП Сашко Пандев  
20   СР Ристе Темелков
21   СР Иван Николов
22   СР Горан Томовски
23   СР Кристијан Стојкоски
25   СР Ѓорѓи Танушев
33   ОД Михаил Маенвски
45   ОД Глигор Дончев
91   ГМ Марко Алчевски
  ОД Ангел Гранчов

ТитулиУреди

Настапи во европските натпреварувањаУреди

Сезона Натпреварување Коло Држава Клуб Резултат
2018/19 УЕФА Лига Европа 1 коло кв.   Босна и Херцеговина   Зрињски 0-3, 0-3

НаводиУреди

  1. „Пандев почна да го гради спортскиот центар во Струмица“. МКД.мк. 1 јули 2014. Посетено на 9 ноември 2019.
  2. „Пандев воведе европски терк на работа во неговата академија, од општинска до прва лига стигна за три години“. Сакам Да Кажам. 31 мај 2017. Посетено на 9 ноември 2019.
  3. „Академија Пандев по пенали до историја, го освои Купот на Македонија“. gol.mk. 22 мај 2019. Посетено на 9 ноември 2019.
  4. „„Пандевци" неславно тргнаа во Европа, убедливо загубија од Зрињски“. gol.mk. 11 јули 2019. Посетено на 9 ноември 2019.
  5. „Зрињски им одржа нова лекција на „пандевци" и ги елиминира од Европа“. gol.mk. 18 јули 2019. Посетено на 9 ноември 2019.
  6. „Делегирање 11. коло“ (PDF). Фудбалска Федерација на Македонија преку web.archive.org. 5 ноември 2020. Посетено на 11 ноември 2020.
  7. „Грандиозниот спортски центар на Пандев подготвен за првиот меч во ПМФЛ!“. gol.mk преку web.archive.org. 5 ноември 2020. Посетено на 11 ноември 2020.
  8. „Струмичкото дерби за историја: Прв прволигашки меч на спортскиот центар „Пандев". ekipa.mk преку web.archive.org. 7 ноември 2020. Посетено на 11 ноември 2020.

Надворешни врскиУреди