Стево Пендаровски

македонски политичар

Стево Пендаровски (3 април 1963 во Скопје) — македонски политичар кој во 2019 година стана петтиот претседател на Македонија. Поголемиот дел од професионалната кариера ја поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар, а во 2000-тите години бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски. Пендаровски е универзитетски професор и предава на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

Coat of arms of the President of Macedonia.svg Стево Пендаровски Coat of arms of the President of Macedonia.svg
Стево Пендаровски


Во служба
На функција од 
12 мај 2019
Претходник Ѓорге Иванов

Роден 3 април 1963 (1963-04-03) (58 г.)
Скопје, Македонија, Југославија
Сопружник Елизабета Ѓоргиевска
Претседатели на Македонија

Пендаровски првпат се кандидирал за претседател на државата во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Во 2019 година Пендаровски по втор пат учествувал на претседателски избори, овојпат како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други партии. Тој успеал да го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.

Рани години и образованиеУреди

Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963 година во Скопје. Неговото семејство потекнува од мијачкото село Галичник.[1] Неговите родители биле учители.[2] Тој пораснал во постземјотресно Скопје, а средното образование го завршил во скопското училиште „Цветан Димов“.[3]

Пендаровски дипломирал во 1987 година на Правниот факултет во Скопје.[4] Подоцна магистрирал и докторирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[5]

Професионална кариераУреди

По дипломирањето во 1987 година, Пендаровски работел во адвокатска канцеларија во Скопје како приправник.[3] Потоа се вработил во Министерството за внатрешни работи, каде што станал дел од одделот за аналитика.[3] Во 1998 година Пендаровски бил назначен за началник на управата за аналитика и истражување при Министерството за внатрешни работи, а паралелно бил поставен за портпарол на министерството, во својство на помошник министер за односи со јавноста.[4] Во тоа својство Пендаровски редовно бил во медиумите, информирајќи ја јавноста во име на Министерството за внатрешни работи и за време на конфликтот во 2001 година.[5][6][7]

Во 2001 година Пендаровски го напуштил министерството и станал дел од кабинетот на претседателот Борис Трајковски, каде што работел како советник за национална безбедност. Веста за падот на авионот на претседателот Трајковски во Босна и Херцеговина на 26 февруари 2004 година ја примил во Даблин, Ирска, каде што бил претставник на претседателот Трајковски во државната делегација која тој ден требало да ја поднесе апликацијата на Македонија за членство во Европската унија.[8]

По ненадејната смрт на претседателот Трајковски, Пендаровски бил назначен за претседател на Државната изборна комисија од вршителот на должноста претседател на државата Љупчо Јордановски, како „непартиско решение“,[9] во пресрет на вонредните претседателски избори во 2004 година, но останал да раководи со ДИК до одржувањето на локалните избори во 2005 година, притоа надгледувајќи го и референдумот за територијалната организација во 2004 година.[4][10]

Во 2005 година Пендаровски се повлекол од функцијата во Државната изборна комисија и се вратил на работа во претседателскиот кабинет, овојпат како советник на претседателот Бранко Црвенковски за национална безбедност, а понатаму за надворешна политика.[3] Пендаровски го напуштил претседателскиот кабинет во 2009 година, кога Црвенковски го завршил претседателскиот мандат.

Од 2008 година Пендаровски предава на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ колеџ во Скопје. Некои од областите за кои предава и истражува се: меѓународните односи, разузнавањето и националната безбедност, геополитиката, глобализацијата, надворешната политика на САД, надворешната и безбедносната политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи и други.[5]

Во политикатаУреди

Иако не бил член на политичка партија,[11] на почетокот на 2010-тите години Пендаровски бил политички активен во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Во тогашната главна опозициона партија тој членувал во Дипломатскиот совет и Советот за ЕУ интеграција на СДСМ, а подоцна бил назначен и за претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграција на партијата, како надворешен соработник.[12][13]

Претседателските избори во 2014 годинаУреди

Пендаровски бил предложен за кандидат на СДСМ на претседателските избори во 2014 година од сите 76 општински организации на партијата.[14] Тој бил официјално избран за претседателски кандидат на коалицијата предводена од СДСМ на 16-тиот конгрес на партијата на 4 март.[15]

Слоганот на кампањата на Пендаровски на овие избори бил „Македонија заслужува претседател“, а неговата програма се состоела од десет начела.[16]

Првиот круг од овие претседателски избори се одржал на 13 април. Во овој круг Пендаровски добил 326 илјади гласови, 37% од вкупните гласови, и со тоа бил второпласиран, зад тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов, кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг учествувале и Илјаз Халими од Демократската партија на Албанците (ДПА) кој освоил 38 илјади гласови (4%) и Зоран Поповски од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) кој освоил 31 илјада гласови (3%). ДУИ не учествувала на овие избори и ги повикала Албанците да ги бојкотираат истите, откако со владејачката ВМРО-ДПМНЕ не успеале да се договорат за консензуален претседателски кандидат.[17] Вториот круг од овие претседателски избори се одржал на 27 април, заедно со предвремени парламентарни избори на кои победила ВМРО-ДПМНЕ. Пендаровски влегол во вториот круг со Ѓорге Иванов. Во овој круг Пендаровски добил речиси 400 илјади гласови, 41% од вкупните гласови, наспроти 534 илјади гласови за Иванов. На овие претседателски избори тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов го освоил вториот претседателски мандат.

Овие избори ги влошиле веќе затегнатите односи меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозиционата СДСМ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не ги признал претседателските и парламентарните избори. Лидерот на партијата Зоран Заев посочил дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребиле целиот државен систем исклучиво за партиски интерес, обвинувајќи за низа нерегуларности на изборите, и побарал техничка влада.[18][19] Како резултат на негодувањето за изборите, СДСМ, како главна опозициона партија, преминал кон неучество во Собранието, со тоа што одлучил да ги врати пратеничките мандати освоени на парламентарните избори, со образложение дека прифаќањето на пратеничките мандати би ѝ дале легитимитет на власта, која според СДСМ била добиена преку кражба на гласови.[20][21].

Кратко по одржувањето на изборите, Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ до 2013 година, кога на чело на партијата застанал Зоран Заев, говорејќи дека СДСМ е во сериозна криза, една од најтешките од формирањето на партијата, и дека за консолидација на партијата е потребно лидерство со голем кредибилитет и уште поголем обединувачки капацитет, „авторитет кој ги надминува рамките на партијата“, дал спорна изјава, велејќи „не сме решение ни јас, ни Заев“ и го посочил Стево Пендаровски како таков, потсетувајќи дека Пендаровски освоил 400 илјади гласови „под еднакво нерегуларни изборни услови“.[22][23]

Политичката криза и потоаУреди

Лидерот на СДСМ Зоран Заев подолго време посочувал дека поседува материјали од телефонски разговори кои незаконски биле прислушувани од тогашната власт. Разговорите кои биле доказ за незаконски дејствија извршени од тогашната власт биле јавно објавувани во рамките на проектот „Вистината за Македонија“.[24][25] Пендаровски го поддржал проектот, велејќи дека и тој бил прислушуван три години пред да стане претседателски кандидат и дека мотивите за тоа биле политички, со знаење на првите луѓе на Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за разузнавање.[26]

Аферата околу незаконски прислушуваните телефонски разговори заедно со други причини за незадоволство од тогашната власт довела до длабока политичка криза во Македонија, која се развивала подолго време, а се интензивирала на крајот на 2014 и почетокот на 2015 година. За решавање на кризата започнале преговори помеѓу политичките партии во Македонија, со посредство на меѓународната заедница, кои во средината на 2015 година резултирале во потпишувањето на Договорот од Пржино. Овој договор, меѓу другото, предвидувал одржување предвремени парламентарни избори, оставка на тогашната влада на Никола Груевски и формирање нова влада која ќе има мандат до изборите.

На предвремените парламентарни избори во 2016 година Пендаровски бил носител на СДСМ во првата изборна единица која го опфаќа регионот на Скопје. По изборите Пендаровски бил пратеник во Собранието.[27]

 
Пендаровски во својство на национален координатор за НАТО

Во 2017 година Пендаровски бил назначен за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО и поради тоа се повлекол од пратеничката функција.[28] Како национален координатор за НАТО, Пендаровски бил дел од државната делегација која присуствувала на самитот на НАТО во Брисел во 2018 година, каде што Македонија добила покана за почеток на преговорите за членство во НАТО, откако во јуни 2018 година бил постигнат договор за конечно решавање на разликите со Грција.[29]

Претседателските избори во 2019 годинаУреди

ПретседателствувањеУреди

Приватен животУреди

НаводиУреди

  1. „Претседателот Пендаровски присуствуваше и се обрати на традиционалната манифестација „Галичка свадба". Претседател на Република Северна Македонија. 14 јули 2019. Посетено на 2 август 2021.
  2. „Стево Пендаровски приватно: Благороден и необично духовит татко“. emagazin.mk. 6 април 2019. Посетено на 2 август 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Пендаровски низ очите на соработниците: Несуден адвокат, тврдоглав галичанец, прагматичен политичар“. 360 степени. 14 мај 2019. Посетено на 2 август 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Биографија на претседателот“. Претседател на Република Северна Македонија. Посетено на 2 август 2021.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Стево Пендаровски: Преку два претседателски кабинета до бирото на шефот на државата со свое име“. Вистиномер. 4 март 2019. Посетено на 2 август 2021.
  6. „Стево Пендаровски - СДСМ“. Радио Слободна Европа. 20 март 2014. Посетено на 2 август 2021.
  7. „Портрет: Стево Пендаровски“. Фокус (објав. 14 март 2014). 6 април 2014. Посетено на 4 август 2021.
  8. „Пендаровски: Со ниедна партија не сум разговарал за кандидатура за претседател!“. Фактор. Посетено на 6 август 2021.
  9. „Утрински: Именувањето за Пендаровски конечно, за бојкотот без коментар (од 10 март 2004)“. time.mk. Посетено на 17 август 2021. „Стево Пендаровски го именував за претседател на ДИК затоа што со својот личен интегритет и она што го покажал досега е вистинската личност. Тој е непартиско решение и сметам дека направив добар избор поради одгласот кој постои меѓу политичките партии, јавните личности и меѓу граѓаните“, истакна Љупчо Јордановски, истакнувајќи дека неговото решение е конечно.
  10. „Дневник: Пендаровски повторно советник на претседателот (од 6 јуни 2005)“. time.mk. Посетено на 4 август 2021.
  11. „Пендаровски - Не сум продукт од ничиј партиски инкубатор“. Радио Слободна Европа. 6 април 2014. Посетено на 6 август 2021.
  12. „СДСМ ги формира советите на партијата“. arhiva.sdsm.org.mk. 29 октомври 2011. Посетено на 6 август 2021.
  13. „Пендаровски: Ништо не смее да се прави зад грбот на граѓаните“. arhiva.sdsm.org.mk. 15 март 2014. Посетено на 6 август 2021.
  14. „Стево Пендаровски ќе биде претседателски кандидат на СДСМ“. Радио Слободна Европа. 27 февруари 2014. Посетено на 6 август 2021.
  15. „Пендаровски официјално избран за претседателски кандидат на СДСМ“. Радио Слободна Европа. 5 март 2014. Посетено на 6 август 2021.
  16. „Стево Пендаровски“. mojotizbor.mk. Посетено на 8 август 2021.
  17. „ДУИ - бојкот на претседателските и предвремени парламентарни избори“. Радио Слободна Европа. Посетено на 22 август 2021.
  18. „СДСМ не ги признава изборите и бара техничка влада да спроведе нови“. Дојче Веле. 27 април 2014. Посетено на 7 август 2021.
  19. „Скандал во Македонија“. Дојче Веле. 27 април 2014. Посетено на 7 август 2021.
  20. „СДСМ ги враќа мандатите и се враќа на политиката на „отпор". Дојче Веле. 1 мај 2014. Посетено на 7 август 2021.
  21. „Спорот за мандатите не може да се реши правнички, туку политички“. Дојче Веле. 25 мај 2014. Посетено на 7 август 2021.
  22. „Црвенковски: За СДСМ, во овој момент, не сме решение ни јас, ни Заев!“. Дојче Веле. 7 мај 2014. Посетено на 6 август 2021.
  23. „Пендаровски во сендвич меѓу Црвенковски и Заев“. Дојче Веле. 8 мај 2014. Посетено на 6 август 2021.
  24. „Заев ја фрли првата „бомба", деновиве следуваат нови“. Фокус. 9 февруари 2015. Посетено на 6 август 2021.
  25. „Осма „бомба" на СДСМ - Во Македонија немало избори, имало изборни кражби“. Радио Слободна Европа. 10 март 2015. Посетено на 6 август 2021.
  26. „Опозицијата ја прошири кривичната пријава за прислушување“. Радио Слободна Европа. 5 март 2015. Посетено на 6 август 2021.
  27. „Објавени пратеничките листи на СДСМ за изборите на 11 декември“. Радио Слободна Европа. 6 ноември 2016. Посетено на 6 август 2021.
  28. „Стево Пендаровски ќе биде национален координатор на Македонија за НАТО“. Правдико. 29 ноември 2017. Посетено на 6 август 2021.
  29. „Македонија поканета да стане 30-та членка на НАТО“. Радио Слободна Европа. 11 јули 2018. Посетено на 6 август 2021.
Политички функции
Претходник
Ѓорге Иванов
Претседател на Македонија
2019 –
Наследник
Во служба