Милан Панчевски
Милан Панчевски (роден на 16 мај 1935 во Дебар - починал на 9 јануари 2019 година) — поранешен македонски и југословенски висок комунистички функционер. Завршил Факултет за политички науки во Белград. Останал запаметен како последен претседател на Сојузот на комунистите на Југославија. Член на Сојузот на комунистите на Југославија станал во 1957 година.
Милан Панчевски | |
---|---|
13-ти Претседател на ЦК на СКЈ | |
На должноста 17 мај 1989 – 30 јуни 1990 | |
Претходник | Стипе Шувар |
Наследник | партијата е распуштена |
Лични податоци | |
Роден(а) | мај 16, 1935 Дебар, Југославија |
Починал(а) | јануари 9, 2019 Скопје, Македонија | (возр. 83)
Националност | Македонец |
Партија | Сојуз на комунистите на Југославија |