СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
Спортски центар „Јане Сандански“ — повеќенаменски спортски центар за ракомет и кошарка, кој се наоѓа во Општина Аеродром. Спортскиот центар Јане Сандански претставувa повеќефункционален спортски центар во Република Македонија и е втор по капацитет во Република Македонија. Спортскиот центар се состои од голема (6.000) и мала сала со капацитет од 1.000 посетители. Големата сала (Спортска арена) има сместивост од 6.000 посетители и е направена според стандардите за одигрување на сите кошаркарски и ракометни натпревари.[1]
Спортски центар „Јане Сандански“ | |
---|---|
Место | Јане Сандански, Општина Аеродром, Македонија |
Започнат | 2013 (нова сала) |
Изграден | 2013-2014 (нова сала) |
Отворен | 2014 |
Проширен | 2015 |
Срушен | 2012 (стара сала) |
Сопственик | РК Вардар |
Цена на изградбата | 15 милиони евра |
Игра | РК Вардар ЖРК Вардар КК МЗТ Аеродром |
Гледачи | 6.000 |
Наводи
уреди- ↑ „За СЦ Јане Сандански“. Архивирано од изворникот на 2021-06-15. Посетено на 6 март 2021.