Машка ракометна репрезентација на Исланд

Машка ракометна репрезентација на Исланд — национална репрезентација на Исланд која ја претставува земјата на меѓународните ракометни натпревари. Репрезентацијата е управувана од Исландскиот ракометен сојуз.

Исланд Исланд
Податоци
Прекар Наши момци
Сојуз Исландски ракометен сојуз
Тренер Гудмундур Гудмундсон
Капитен Гудјон Валур Сигурдсон
Најмногу натпревари Гудмундур Храфнкелсон (407)
Најмногу голови Гудјон Валур Сигурдсон (1812)
Бои
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Дома
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гости
Резултати
Летни олимписки игри
Настапи 7 (првпат во 1972)
Најдобар резултат 2. место (2008)
Светско првенство
Настапи 19 (првпат во 1958)
Најдобар резултат 5. место (1997)
Европско првенство
Настапи 10 (првпат во 2000)
Најдобар резултат 3. место (2010)
Последна поднова на податоците: 28 јануари 2018.

Покрај фудбалот, ракометот е најпопуларен спорт на Исланд[1]. Машката репрезентација е една од најдобрите ракометни нации од 1980-тите.

За првпат Исланд стигнал до полуфиналето на меѓународно првенство на Олимпискиот турнир во 1992. Таму биле поразени од Обединетата екипа на земјите од поранешниот Советски Сојуз со 20:22. Бронзениот медал бил недостижен по поразот од Франција во 20:24.

На Олимписките игри во Пекинг, Исланд го остварил својот најголемиот успех во спортската историја на земјата со влегувањето во финалето и победата од 36:30 против Шпанија на 22 август 2008 година во полуфиналето. Во финалето на 24 август, екипата загубила од Франција 23:28[2][3]. Неколку минути по последниот свиреж, исландскиот претседател најавил одмор, така што на сите Исланѓани им бил даден слободен ден. Во следните квалификации за Светското првенство во ракомет во 2009 година, Исланд изненадувачки не успеал да се квалификува поради Македонија.

Уште едно полуфинале се случило на Европското првенство во 2010 година, каде екипата повторно загубила од Франција, но потоа го освоила бронзениот медал со победа од 29:26 над Полска.

На Олимписките игри во Лондон во 2012 година, Исланд стигнал до последната фаза без да загуби бод, но го загубил четвртфиналето против Унгарија со 33:34. После турнирот, Гумундур Гуамундсон престанал да работи како национален тренер. Негов наследник станал Арон Кристијансон, кој по прелиминарната рунда поднел оставка на Европското првенство 2016 година[4]. Во март 2016 година, Светинсон ја презел тренерската позиција. После Европското првенство 2018 Гумундур Гуамундсон повторно ја презел тренерската позиција на репрезентацијата[5].

Учества

уреди

Медали

уреди
Натпреварување       Вкупно
Олимписки игри 0 1 0 1
Светско првенство 0 0 0 0
Европско првенство 0 0 1 1
Вкупно 0 1 1 2

Учества

уреди

     Шампион       Финалист       Трето место       Четврто место  

Олимписки игри

уреди
Игри Фаза Место Натпревари Победи Нерешени Порази ДГ ПГ ГР
  1936 Берлин не учествувала
Не се одржале од 1948 до 1968
  1972 Минхен Натпревар за 11 место 12-то од 16 5 1 1 3 92 90 +2
  1976 Монтреал не се квалификувала
  1980 Москва
  1984 Лос Анџелес Натпревар за 5-то место 6-то од 12 6 3 1 2 126 122 +4
  1988 Сеул Натпревар за 7-мо место 8-мо од 12 6 2 1 3 125 133 −8
  1992 Барселона Четврто место 4-то од 12 7 3 1 3 140 146 −6
  1996 Атланта не се квалификувала
  2000 Сиднеј
  2004 Атина Натпревар за 9-то место 9-то од 12 6 2 0 4 172 183 −11
  2008 Пекинг Финалист 2-ро од 12 8 4 2 2 242 234 +8
  2012 Лондон Четвертфинале 5-то од 12 6 5 0 1 200 166 +34
  2016 Рио не се квалификувала
Вкупно 7/12 0 Титули 44 20 6 18 1,097 1,074 +23

Светско првенствоs

уреди
Година Фаза Место Натпревари Победи Нерешени Порази ДГ ПГ
  1938 не учествувала
  1954
  1958 Прва фаза 10-то од 16 3 1 0 2 46 57 −11
  1961 Главна фаза 6-то од 12 6 2 1 3 85 96 −11
  1964 Прва фаза 9-то од 16 3 2 0 1 40 39 +1
  1967 не учествувала
  1970 Фаза за пласман 11-то од 16 6 2 0 4 96 112 −16
  1974 Прва фаза 14-то од 16 3 0 0 3 48 66 −18
  1978 Прва фаза 13-то од 16 3 0 0 3 54 68 −14
  1982 не учествувала
  1986 Главна фаза 6-то од 16 8 4 0 4 179 188 −9
  1990 Главна фаза 10-то од 16 8 2 0 6 166 186 −20
  1993 Главна фаза 8-мо од 16 8 4 0 4 178 175 +3
  1995 Осминафинале 14-то од 24 6 3 0 3 131 132 −1
  1997 Четвртфинале 5-то од 24 9 7 1 1 236 203 +33
  1999 не учествувала
  2001 Осминафинале 11-то од 24 6 2 1 3 152 150 +2
  2003 Фаза за пласман 7-мо од 24 9 6 0 3 308 234 +74
  2005 Прва фаза 15-то од 24 5 2 1 2 154 144 +10
  2007 Четвртфинале 8-мо од 24 10 4 0 6 276 247 +29
  2009 не учествувала
  2011 Фаза за пласман 6-то од 24 9 5 0 4 327 294 +33
  2013 Осминафинале 12-то од 24 6 3 0 3 181 166 +15
  2015 Осминафинале 11-то од 24 6 2 1 3 152 165 −13
  2017 Осминафинале 14-то од 24 6 1 2 3 153 152 +1
 /  2019 Главна фаза 11-то од 24 8 3 0 5 207 211 −4
Вкупно 20/26 0 Титули 120 51 7 62 2,842 2,791 +51

Европско првенство s

уреди
Година Фаза Место Натпревари Победи Нерешени Порази ДГ ПГ
  1994 не учествувала
  1996
  1998
  2000 Натпревар за 11 место 11-то од 12 5 0 0 5 121 137 −16
  2002 Четврто место 4-то од 16 10 5 3 2 221 209 +12
  2004 Прва фаза 13-то од 16 3 0 1 2 87 96 −9
  2006 Главна фаза 7-мо од 16 8 3 2 3 190 191 −1
  2008 Главна фаза 11-то од 16 8 2 0 6 151 178 −27
  2010 Трето место 3-то од 16 8 4 3 1 249 240 +9
  2012 Главна фаза 10-то од 16 6 2 1 3 177 178 −1
  2014 Натпревар за 5 место 5-то од 16 7 4 1 2 199 199 0
  2016 Прва фаза 13-то од 16 3 1 0 2 92 101 −9
  2018 Прва фаза 13-то 16 3 1 0 2 74 82 −8
 / /  2020 Квалификуван
Вкупно 11/14 0 Титули 60 22 11 28 1,561 1,611 −50

Состав

уреди

Состав за Европско првенство во ракомет за мажи 2020[6]

Тренер: Гудмундур Гудмундсон

Бр. Поз. Име и презиме Датум на раѓање (возраст) Висина Настапи Голови Клуб
1 GK Бјоргвин Пал Густавсон 24 мај 1985(1985-05-24)(39 г.) 1.93 m 221 13   РК Скејрн
3 P Карл Кеистијансон (1984-10-28)28 октомври 1984 (воз. 32) 1.98 m 137 162   РК Вестманејар
4 LB Арон Палмарсон 19 јули 1990(1990-07-19)(34 г.) 1.93 m 141 553   РК Барселона
8 LW Бјарки Мар Елисон Már 16 мај 1990(1990-05-16)(34 г.) 1.91 m 63 141   РК Лемго
9 LW Гудјон Валур Сигурдсон 8 август 1979(1979-08-08)(45 г.) 1.87 m 356 1853   РК Париз Сен-Жермен
11 P Имир Орн Гиласон 1 јули 1997(1997-07-01)(27 г.) 1.92 m 33 14   РК Валур
13 LB Олафур Густавсон 13 мај 1990(1990-05-13)(34 г.) 1.94 m 115 215   РК Кристијанстад
15 DF Даниел Ингасон 15 јануари 1995(1995-01-15)(29 г.) 1.95 m 30 9   РК Рибе-Есбјерг
16 GK Виктор Халгримсон Gísli 24 јули 2000(2000-07-24)(24 г.) 2.00 m 9 0   РК Фрам
17 RW Арнор Пор Гунарсон 23 октомври 1987(1987-10-23)(36 г.) 1.81 m 105 311   РК Бергишер
20 GK Агуст Ели Бјоргвинсон 11 април 1995(1995-04-11)(29 г.) 1.90 m 31 0   РК Савехоф
21 P Арнар Арнарсон 14 март 1996(1996-03-14)(28 г.) 2.01 m 45 65   РК ГОГ
22 RW Сигвалди Гудјонсон 4 јули 1994(1994-07-04)(30 г.) 1.91 m 20 37   РК Елверум
24 CB Хакур Прастарсон 14 април 2000(2000-04-14)(24 г.) 1.92 m 12 15   РК Селфос
25 CB Елвар Орн Јонсон 31 август 1997(1997-08-31)(27 г.) 1.85 m 26 80   РК Скејрн
28 RB виго Кристијансон 9 декември 1993(1993-12-09)(30 г.) 1.87 m 2 3   РК Вацлар
29 P Свејн Јохансон 16 јуни 1999(1999-06-16)(25 г.) 1.95 m 7 14   РК Сенербор
33 CB Јанус Смарсон 1 јануари 1995(1995-01-01)(29 г.) 1.84 m 37 41   РК Олборг
N/A RB Александер Петерсон 2 јули 1980(1980-07-02)(44 г.) 1.86 m 173 694   Рајн-Некар Левен

Тренери

уреди
# Период Тренер
1 1950 сигурдур Магнисон
2 1958 Холстејн Хинриксон
3 1959 Фриман Гунлугасон
4 1961–1963 Холстејн Хинриксон
5 1964–1967 Карл Бенедиктсон
6 1968 Биргир Бјорнасон
7 1968–1972 Хилмар Бјорнасон
(5) 1973–1974 Карл Бенедиктсон
(6) 1974–1975 Биргир Бјорнасон
8 1975–1976 Видар Симонарсон
9 1976–1977 Јанус Червински
(6) 1977–1978 Биргир Бјорнсон
10 1978–1980 Јохан Гунарсон
(7) 1980–1983 Хилмар Бјорнасон
11 1983–1990 Богдан Ковалчук
12 1990–1995 Торбергур Адалстеинасон
13 1995–2001 Торбјорн Јенсон
14 2001–2004 Гудмундур Гудмундсон
15 2004–2006 Виго Сигурдсон
16 2006–2008 Алфред Гиалсон
(14) 2008–2012 Гудмундур Гудмундсон
17 2012–2016 Арон Кристјансон
18 2016–2018 Геир Свеинсон
(14) 2018–денес Гудмундур Гудмундсон

Резултати со нордиските земји

уреди
Противник Натпревари Победи Нерешено Порази
Данска 107 35 15 55
Фарски Острови 13 12 0 1
Финска 13 9 3 1
Гренланд 3 3 0 0
Норвешка 88 41 15 29
Шведска 67 10 3 54

Наводи

уреди
  1. Ein kleines Land mit einer großen Liebe derStandard.at, 7. August 2012, abgerufen am 9. Dezember 2012
  2. Frankreich holt erstes Handball-Gold Архивирано на 17 октомври 2019 г. Focus online, 24. August 2008, abgerufen am 9. Dezember 2012
  3. Ganz Island fiebert im Handball-Finale mit Архивирано на 30 декември 2019 г. Focus online, 23. August 2008, abgerufen am 9. Dezember 2012
  4. hsi.is: Aron Kristjánsson lætur af störfum Архивирано на 22 јануари 2016 г., abgerufen am 22. Januar 2016
  5. mbl.is: Guðmundur getur komið okkur í fremstu röð, abgerufen am 7. Februar 2018
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-12-20. Посетено на 2019-12-30.

Надворешни врски

уреди