ФК Љуботен
ФК Љуботен е македонски фудбалски клуб од Тетово. Клубот се натпреварува во Третата македонска лига - Запад. Љуботен претставува најстариот фудбалски клуб од Македонија, основан во 1919 година.
ФК Љуботен | |||
Целосно име | Фудбалски клуб Љуботен | ||
Прекар(и) | Плави | ||
---|---|---|---|
Основан | 28 март 1919 | ||
Распаднат | Активен | ||
Стадион | АМС терен Спортски центар Тетово | ||
Капацитет | 2000 | ||
Претседател | Перо Јованоски | ||
Генерален секретар | Мирко Видоески | ||
Тренер | Дејан Савески | ||
Лига | Трета македонска лига - Запад | ||
|
Историја
уредиПрвата фудбалска топка во Тетово ја има донесено Никифор Вочевски во 1916 година, а три години подоцна во 1919 година, професорот по фискултура Франтишек Ваник, кој дошол од Словенија донел нова топка и почнал на часовите по фискултура да се игра фудбал.[1] Првите поклоници на фудбалот биле: Јован Марковски, Стевица Бошњаковски, Никола Павловски-Бутика, Симо Момировски, Заре Заковски, Момчило Ќириќ, Саша Поповски, Миле Захариевски и други. Овие гимназијалци за првпат го играат фудбалот во Тетово, а и тогаш, во 1919 година за првпат се споменува клубот. На почетокот истиот се викал „Тетовско младинско друштво“, за потоа да го добие името ФК Љуботен[2] и за првпат се настапува под тоа име. Било одбрано името Љуботен, затоа што во тоа време се верувало дека Љуботен бил највисокиот врв на Шар Планина.
Клубот бил регистриран и примен во Лоптачкиот сојуз, во 1922 година. На 23 јули 1922 година во Тетово била отворена Градската библиотека, а свеченето обраќање го одржал Јован Марковски. Првото основачко собрание на ФК Љуботен е одржано пет дена подоцна на 28 јули 1922 година, и повторно свеченото обраќање го одржал Јован Марковски. Во првиот управен одбор на ФК Љуботен биле избрани: Симо Момировски, Никола Павловски-Бутика, Стеван Јовановски, Момчило Ќириќ, Александар-Цане Поповски и Крсто Димитриевиќ, а за претседател бил избран Јован Марковски.[2] Веднаш по основачкото собрание бил одигран натпревар, во кој се сретнале ФК Љуботен и ФК Спорт од Скопје, кој завршил нерешено 1:1, а голот за Љуботен го постигнал рускиот емигрант Скуриков.
Првпат во странство
уредиВо 1965 година во Тетово гостувале два бугарски тима, ПФК Черно Море од Варна, тогашен прволигаш и Металург од Перник, тогашен второлигаш. И во двата меча Љуботен доживеал пораз. Во првиот меч Љуботен-Черно Море 0:2 и вториот меч Љуботен-Металург 2:5. Истата година ФК Љуботен гостувал во Бугарија, и одиграл три меча. Најпрвин во Ќустендил се сретнал со вторилигашот Левски, а мечот завршил Левски-Љуботен 1:0, а мечот во Перник Љуботен повторно бил совладан, Металург-Љуботен 4:2. На оваа турнеја Љуботен останал непоразен единствено против екипата Поморие, со кои ремизиирал, мечот завршил 2:2.
Наводи
уреди- ↑ http://www.macedonianfootball.com/index.php?option=com_content&view=article&id=130:ljuboten&catid=25:3-liga-zapad-third-league-west&Itemid=120
- ↑ 2,0 2,1 „Најстариот македонски фудбалски клуб го прослави 101. роденден!“. gol.mk преку web.archive.org. 28 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-28. Посетено на 28 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 6 февруари 2012 г. (македонски)
- Информации за клубот на MacedonianFootball (англиски)
- Фудбалска федерација на Македонија (македонски)