Спортска сала Боро Чурлевски

Спортска сала „Боро Чурлевски“, позната и по старото име „Младост“ — мултифункционална спортска сала во Битола и се користи првенствено за кошаркарски и ракометни натпревари.[1] Во објектот има и простор за пинг-понг, како и куглана. Во неа играат КК Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 (поранешен Пелистер) и РК Еурофарм Пелистер (поранешен Еурофарм Работник), а се користи и за одржување на концерти. Сместивоста е околку 3.500 гледачи.

Спортска сала „Боро Чурлевски“
Спортската сала Младост
Место Битола, Македонија
Отворен
Реновиран 2017
Сопственик Општина Битола
Игра РК Еурофарм Пелистер
РК Еурофарм Пелистер 2
КК Пелистер
Гледачи 2,785

Историја

уреди

Салата била домаќин на завршницата на Купот на Македонија во кошарка 2007. Оваа спортска сала била најголема на територијата на Република Македонија, пред изградбата на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

Во јануари 2017 година, било започнато реновирањето на внатрешноста на салата.[2][3] Со реновирањето биле опфатени подот, трибините, бил поставен нов семафор, а претходно бил поставен нов систем за греење [4][5]. На 6 април 2017 година со мечот РК Пелистер - РК Металург во второто коло на плеј-офот на ракометната Суперлига, бил одигран првиот натпревар во реновираната сала.[6]

На крајот на јули 2018 година, името на салата било сменето во „Боро Чурлевски“, во чест на рано починатиот Боро Чурлевски, поранешен битолски ракометар.[7][8]

Наводи

уреди
  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2024-01-18.
  2. „Добри вести за битолчани: Салата „Младост" добива нов изглед“. sportmedia.mk. 11 јануари 2017. Посетено на 12 јануари 2017.
  3. „Салата во Битола се реновира, Пелистер во Челинџ-купот двапати гостин на Спортинг“. dnevnik.mk. 11 јануари 2017. Посетено на 12 јануари 2017.[мртва врска]
  4. „Пристигна новиот семафор, реновирањето на спортската сала во битола скоро готово“. гол.мк.
  5. „Се реконструира спортска сала Младост во Битола“. тера.мк. Архивирано од изворникот на 2017-01-31.
  6. „Утре се игра првиот натпревар во реновираната спортска сала „Младост". setaliste.com.mk. Архивирано од изворникот на 2017-05-05.
  7. „Името „Младост" оди во историја, спортската сала во Битола ќе се вика „Боро Чурлевски"!“. gol.mk. 31 јули 2018. Посетено на 19 октомври 2018.
  8. „Спортската сала „Младост" во Битола ќе го носи името на Боро Чурлевски“. ekipa.mk. 31 јули 2018. Посетено на 19 октомври 2018.