Билјана Беличанец-Алексиќ
Билјана Беличанец-Алексиќ (25 јули 1973 во Скопје — 6 април 2019 во Скопје)[1] — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица.[2] Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.[3]
Билјана Беличанец-Алексиќ | ||
Роден | 25 јули 1973 Скопје | |
---|---|---|
Починал | 6 април 2019[1] Скопје самоубиство | (возр. 45)|
Националност | Македонка | |
Познат | по улогата во: Од денес за утре Мајки | |
Занимање | глумица градоначалник на Општина Кисела Вода |
ЖивотописУреди
Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Ќерка е на познатиот водител на манифестации, Симон Беличанец. Во 1994 година дипломирала како најмлад глумец на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар - Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти.[4] Во 2012 година го добила признанието „Мајка Тереза“.
СмртУреди
На 6 април 2019 година била пронадена мртва во стан во Скопје. Според полицијата се работело за самоубиство.
ФилмографијаУреди
Година | Филм | Улога |
1992 | Македонски народни приказни, ТВ-серија | |
1994 | Сон предизвикан од летот на калинка, пред да се разбуди ТВ-филм | |
1995 | Во светот на бајките,ТВ-серија | |
1997-2000 | Македонски народни приказни, ТВ-серија | |
1998 | Денес, утре, ТВ-филм | Жената |
2000 | Мајка Тереза, ТВ-филм | |
2000 | Погрешно време,ТВ-серија | Верче |
2007 | Сенки, ТВ-филм | |
2010. | Мајки, ТВ-филм | Продавачка |
2010-2011. | Од денес за утре, ТВ-серија | Цветанка |
2010-2011 | Македонски народни приказни, ТВ-серија | |
2017 | Фамилија Марковски, ТВ-серија | |
2019 | Врба, ТВ-филм |
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Глумицата Билјана Беличанец пронајдена мртва, потврдија од МВР
- ↑ Културно-просветната заедница на Македонија. Културен живот. 4.
- ↑ „Беличанец: Кисела Вода не памети вакви резултати, граѓаните избраа дела“. Курир. 26 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-29. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Билјана Беличанец-Алексиќ“. Драмски Театар Скопје. Посетено на 21 мај 2013.