Стојан Велковски
Стојан Велковски – Цојле (Скопје, 9 мај 1934 - Улм, Германија, 12 јуни 2019) — македонски фудбалер, еден од најдобрите играчи на ФК Вардар во 50тите и 60тите години од 20тиот век.[1]
Стојан Велковски – Цојле | |
---|---|
Роден(а) | 8 мај 1934 Скопје, Кралство Југославија |
Починал(а) | 15 јуни 2019 Улм, Германија |
Националност | Македонец |
Занимање | фудбалер |
Животопис
уредиВелковски е роден во Скопје на 8 мај 1934 година. Тој бил член на генерацијата на ФК Вардар која во 1961 година го освоил Купот на Југославија заедно со Часлав Божиновски, Тоде Георгиевски, Благоја Вучидолов, Драган Трајчевски, Петар Ангушев, Славко Дацевски, Мирко Илиевски, Владо Николовски, Андон Дончевски, Петар Шулинчевски и др. кога на стадионот ЈНА во Белград, Вардар го победил Вартекс во финалето, и го подигнал големиот пехар. Велковски во 1965 со сопругата и двете ќерки ја напуштил тогашна СФРЈ и се преселил во Улм, Германија, како појачување на градскиот клуб ТСГ Улм 46.[2]
Наводи
уреди- ↑ „FK Vardar Skopje All Stars“. Архивирано од изворникот на 2019-06-23. Посетено на 2019-06-23.
- ↑ Diamanthochzeit; Man muss tolerant sein
- ↑ Почина еден од најдобрите фудбалери на Вардар- клубот со сочувство до семејството[мртва врска]