Јахја Рефики некаде Рефик Јахја (албански: Jahija Refiki, Лисец, Тетовско, 10 октомври 1937 - Тетово, 24 јануари 2019) нарекуван „Волкот од Лисец[1] е поранешен македонски скијач.

Биогрфија уреди

Рефики е роден во тетовското село Лисец на 10 октомври 1937 година. Бил член на Скијачкиот клуб „Љуботен“ во Тетово. Повеќепатен пионерски (19461951), младински (19511955) и сениорски (19551966) првак на Македонија. На Првенството на Југославија на Јахорина (Сараево, БиХ, 1954)[2], освоил прво место за младинци во слалом, а на Крањска Гора (Словенија, 1955) освоил трето место. За репрезентацијата на Југославија настапил неколкупати. Тој бил избран за најдобар спортист на Македонија во 1954 година и е добитник на повеќе општествени признанија. Рефики бил член во Македонскиот олимписки совет[3].

Починал на 24 јануари 2019 година во Тетово.

Наводи уреди

  1. „Тошо Маја (58), еден од најдобрите скијачи во Македонија - Мајстор на белите патеки“. Утрински Весник. 16 октомври 2006. Посетено на 1 ноември 2009.[мртва врска]
  2. Мицковиќ, Миодраг (12 октомври 2007). „СТИЛ: Спортот низ времето“. Утрински Весник. Посетено на 1 ноември 2009.
  3. „ОЛИМПИСКИ СОВЕТ“. Македонски Олимписки Совет. Посетено на 1 ноември 2009.[мртва врска]