Јосип Иличиќ
Јосип Иличиќ (роден во Приедор на 29 јануари 1988) — словенечки фудбалер, играч од средниот ред на Аталанта и на словенечката репрезентацијата.
Јосип Иличиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 29 јануари 1988[1] | ||
Роден во | Приедор, СФРЈ | ||
Држава | Словенија | ||
Висина | м | 1,90||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Аталанта | ||
Број | 72 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2007-2008 | Бонифика Изола | 24 | (3) |
2008-2010 | Интерблок | 55 | (12) |
2010-2012 | Марибор | 5 | (1) |
2010-2013 | Палермо | 98 | (20) |
2013-2017 | Фјорентина | 105 | (29) |
2017- | Аталанта | 135 | (47) |
Репрезентација ‡ | |||
2007 | Словенија 21 | 5 | (0) |
2007- | Словенија | 79 | (16) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Животопис
уредиИличиќ е роден во Босна и Херцеговина, но по смртта на неговиот татако за време на војната, се преселил во Словенија кога имал само една година, заедно со својата мајка Ана и братот Игор. Тој исто така поседува и хрватски пасош.
Кариера
уредиПочетоци
уредиИличиќ започнал да игра фудбал во младинските категории на Триглав и Бритоф[1], а потоа се преселил во екипата на Бонифика Изола каде дебитирал како професионалец, во последната сезона од постоењето на клубот пред тој да се распадне во 2008 година.[2]
Интерблок Љубљана
уредиПотоа тој се преселил во екипата на Интерблок Љубљана, каде во првата сезона играл под водство на италијанскиот тренер Алберто Бигон.
Тој го направи своето деби за Интерблок на 9 август 2008 година на четвртото коло од словенечкото првенството против Рудар Велење, влегувајќи како замена во 81-вата минута на местото на Мартин Прегељ, во поразот со 2-0.[3] Првиот негов гол дошол во 23-тото коло, во победата со 3-2 против Драва Птуј, за моментален резултат 3-1 во 87-мата минута, и тоа откако во натпреварот влегол како замена во 65-тата минута на местото на Амер Јукан.[4] Својата прва сезона во Интерблок Љубљана ја затворил со 27 натпревари и 9 постигнати гола во првенството (вклучувајќи го и хет-трикот во 34-тото коло против Нафта, во натпревар што завршил нерешено 3-3)[5] и 4 натпревари и еден гол во Купот на Словенија.
Во сезоната 2009-2010 Иличиќ одиграл 28 натпревари во првенството постигнувајќи 3 гола (плус два натпревари од баражот за опстанок, во кој неговиот тим излегол како поразен од екипата на Триглав) 3 натпревари со еден постигнат гол во словенечкиот куп, (во осминафиналето тој постигнал еден од двата гола против Одранци во победата со 0-2 со кој го одвел својот тим до два четвртфинални натпревари против Нафта Лендава)[6] и два нозе во третото квалификациско коло од Лигата на Европа во кој неговиот клуб загубил со вкупни 5-0 од украинскиот претставник Металург Донецк, со што го направил своето деби во меѓународните натпревари за клубот.
Од 2008 до 2010 година, за Интерблок, постигнал 12 гола во 55 натпревари од лигата (14 гола во 66 натпревари во сите натпреварувања), одржувајќи одлични перформанси.
Поради економската криза на екипата, чиј претседател раководи и со некои казино компании со помош на австралиски претприемач, екипата почнува да игра лошо, а по последователната реорганизација на ангажмани на играчите и намалувањето на просечната возраст; епилогот бил испаѓање во втората лига.
Марибор
уредиНеговиот трансфер во Марибор бил дел од следнава стратегија: Златко Заховиќ, спортскиот директор на Марибор и пријател на претседателот на Интерблок, го купува во текот на летото на 2010 година за 80.000 €,[7] потпишувајќи договорот во вредност од 120.000 евра по сезона.
Дебитирал во новиот дрес на 15 јули 2010 година, влегувајќи како замена во второто квалификациско коло од Лигата на Европа на гостувањето во Унгарија кај Видеотон (1-1), влегувајќи како замена во 71-вата минута на местото на Дејан Мезга.[8]
Својте први голови во дресот на Марибор ги постигнал во текот на третото квалификациско коло од Лигата на Европа победата со 3-0 над шкотскиот Хибернијан, каде што Иличиќ постигнал два гола;[9] првиот и единствениот негов гол за клубот во лигата, го постигнал во петтото коло од првенството, во натпреварот Марибор-Цеље (2-0), постигнувајќи го првиот гол на натпреварот во 9-тата минута.[10]
Може да се каже дека Иличиќ станал меѓународно познат по првиот натпревар од плејофот рундата на Лигата на Европа против италијанскиот Палермо (пораз со 3-0), во кој прикажал одлична игра на Стадионот Ренцо Барбера.[11] Во реваншот му помогнал на Марибор да победи со 3-2, и неговиот гол дошол во вистинско време на почетокот на второто полувреме за моментални 2-0, но набргу потоа Палермо успеал да израмни.[12]
Во Марибор - кој на крајот на сезоната ја освои титулата во Словенија - Иличиќ одиграл вкупно 11 натпревари (пет во првенството и шест во Лига Европа) со 4 постигнати голови (еден во првенството и три во Лига Европа), за само неколкуте недели, во кои бил член на тимот.
Палермо
уредиНа 27 август 2010 година, екипата на Марибор објавила дека го продала играчот на Палермо, екипата од која претходниот ден биле елиминирани во Лига Европа.[13] Трансферот бил формализиран на 31 август, последниот ден од летниот фудбалски трансферен прозорец.[14] Иличиќ потпишал договор на пет години со новиот клуб за плата од 300.000 евра по сезона, а неговиот трансфер ги чинел сицилијанците 2.200.000 €; заедно со него во Палермо пристигнал и неговиот соиграч од Марибор, Армин Бачиновиќ.[15]
Своето деби за росанеро го направил на 12 септември 2010 година (воедно и негово деби во италијанското првенство), во второто коло од првенството, во кое Палермо загубил со 3-2 на гостувањето кај Бреша; Иличиќ се појавил во игра како замена на местото на Џулио Милјачо во 76-тата минута,[16] и одиграл добар натпревар.[17] Во следното коло за првпат бил стартер, а исто така успеал да го постигне и својот прв погодок во дресот на Палермо и во италијанското првенство, отворајќи го резултатот во натпреварот против Интер, но неговиот тим на крајот загубил со 2-1 после целосен пресврт; Во 81-вата минута тој бил заменет со Маурисио Пинила.[18] Во следните натпревари прикажал одлични игри во континуитет, стигајќи до бројката од 4 гола во првите 6 натпревари за Палермо, откако ги погодил мрежите на Јувентус (победа 1-3), Фјорентина (победа 1-2) и Болоња (победа 4-1).[19] Кај неговиот прв тренер во Италија Делио Роси тој бил поставен како офанзивен играч од средниот ред во 4-3-2-1 формација, меѓутоа со промената на тренерската позиција и доаѓањето на Серсе Косми на клупата на Палермо, Иличиќ бил користен како внатрешен играч од средниот ред во 3-5-2 формација.[20] Меѓутоа, по враќањето на Роси на клупата и Иличиќ си ја вратил позицијата од почетокот на сезоната, завршувајќи ја својата прва сезона во Италија со вкупно 39 натпревари и 8 постигнати гола, сите во првенството; исто така тој ги одиграл сите пет натпревари на Палермо во Купот на Италија каде тимот стигнал до финалето во кое загубиле од Интер со 3-1. На 20 јуни го продолжил договорот со клубот за плус уште една година, до 2016,[21] со вметната клаузула за откуп од најмалку 20 милиони евра.[22][23]
Својата втора сезона во клубот ја започнал на 28 јули 2011 година, со првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на Европа игран на Ренцо Барбера против швајцарскиот Тун (2-2), во кој постигнал гол со удар надвор од шеснаесетникот, за моментален резултат 1-1.[24] Откако одиграл два натпревари со дресот број 72., кој го носел и во претходната сезона, пред стартот на првенството решил да го промени и го зел оној со број 27;[25] претходно носен од аргентинската ѕвезда Хавиер Пасторе кој во летото заминал во Париз Сен Жермен. На 13 декември 2011, во натпреварот Палермо - Сиена (4-7 по изведување на пенали) во осминафиналето на Купот на Италија, го реализирал првиот хет-трик во дресот на Палермо,[26] (претходно никогаш не постигнал дури ни два гола на еден натпревар за клубот од Сицилија) и втор во кариерата; исто така тој е првиот играч во историјата на Палермо кој успеал да постигне три гола во Националниот куп.[27] Сезоната ја завршил предвреме, поради повреда на левата нога со која се здобил во 36-тото коло од првенството против Наполи,[28] со 33 одиграни натпревари и 2 гола (против Болоња во 11-тото коло и Фјорентина во 13-тото коло) во лигата.
Сезоната 2012-2013, ја започнал со погодок против Кремонезе, во третиот круг од Купот на Италија (3-1), но подоцна поради повреда го пропуштил првото коло во новото првенство.[29] Во натпреварот од второто коло против Лацио (0-3), за првпат ја носел капитенската лента на Палермо, по излегувањето од игра на Фабрицио Миколи.[30] На 24 ноември, постигнал два гола во Дербито на Сицилија против Катанија во победата со 3-1, дефинирајќи го тоа како најдобриот ден во неговата кариера.[31] На почетокот од сезоната во краткиот период кога тренер бил Џузепе Санино, Иличиќ бил распореден да игра како втор напаѓач.[32] Во натпреварот на гости против Милан во 29-тото коло од првенството, кој се одиграл на 17 март, го запишал 100-тиот настап за росанеро (91-ви во Серија А, седум во италијанскиот куп и два во Лигата на Европа) и 200-тиот во кариерата
Со голот постигнат во натпреварот против Болоња (1-1) во 32-рото коло, одигран на 14 април, дошол до бројката од 8 гола во сезоната изедначувајќи ги својте перформансите од сезоната 2010-2011. До крајот на сезоната постигнал уште два гола против екипите на Катанија (1-1)[33] и Интер (1-0), завршувајќи со 10 гола во првенството што е негов личен рекорд по бројот на постигнати голови за една сезона. Исто така со вкупно 11 голови (10 во првенството и еден во купот) бил најдобар стрелец на тимот за сезоната. Меѓутоа, и покрај одличните игри на Иличиќ, Палермо испаднал од Серија А со поразот од Фјорентина со 1-0 на 12 мај 2013.
Откако не бил повикан во тренинг-кампот во пресрет на сезоната 2013-2014, Иличиќ го напуштил Палермо после 98 одиграни натпревари во лигата, 7 во Купот на Италија и два во меѓународни рамки, псотигнувајќи вкупно 25 гола.
Фјорентина
уредиНа 1 август 2013, го комлетирал својот трансфер во Фјорентина[34][35][36] за 9.000.000 € (која била платена во три години), плус бонуси[37] потпишувајќи петгодишен договор за плата од 1,2 милиони евра по сезона.[37]
Дебитирал во виолетовиот дрес на 26 август, во натпреварот од првото коло на Серија А 2013-2014, победата со 2-1 над Катанија, во кои влегол во игра во 66-тата минута на местото на Џузепе Роси.[38] Својот прв гол за Фјорентина го постигнал на 15 декември 2013 во победата со 3-0 над Болоња.[39] Својата прва сезона Фиренца ја завршил со три постигнати гола во 21 натпревар во лигата, два натпревари и еден гол во купот и 2 гола во 8 натпревари во Лига Европа.
Следната сезона била добра за него, откако постигнал осум голови во 25 натпревари во Серија А. Од тие 8 гола четири постигнал во последните 4 натпревари, вклучувајќи ги и двата гола против на Емполи. Одиграл уште 2 натпревари во Купот на Италија и 7 (2 гола) во Лига Европа.
Својата трета сезона во Фјоентина ја започнал со гол во првиот натпревар од првенството против Милан на 23 август 2015, поставувајќи го конечниот резултат 2-0 со погодок од пенал кој самиот го заработил.
Аталанта
уредиНа 5 јули 2017 година, Аталанта го купила Иличиќ од Фиорентина за пријавени 5,5 милиони евра.[40][41][42]
Репрезентативна кариера
уредиИличиќ го пропуштил Светското првенство во 2010, но го направил своето деби за репрезентацијата во пријателски натпревар против Австралија, на 11 август 2010 година.[43] Својот прв гол во репрезетнтативниот дрес го постигнал на 10 септември 2013 против Кипар.
Клупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 16 септември 2015.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2007-2008 | Бонифика Изола | 2.СНЛ | 24 | 3 | - | - | - | - | - | - | 24 | 3 | |||
2008-2009 | Интерблок Љубљана | 1.СНЛ | 27 | 9 | КС | 4 | 1 | - | - | - | - | 31 | 10 | ||
2009-2010 | 1.СНЛ | 28+2[44] | 3+0[44] | КС | 3 | 1 | ЛЕ | 2[45] | 0 | - | - | 35 | 4 | ||
Вкупно Интерблок Љубљана | 55+2 | 12+0 | 7 | 2 | 2 | 0 | 66 | 14 | |||||||
јул.-авг. 2010 | Марибор | 1.СНЛ | 5 | 1 | КС | 0 | 0 | ЛЕ | 6[46] | 3[46] | - | - | 11 | 4 | |
2010-2011 | Палермо | А | 34 | 8 | КИ | 5 | 0 | ЛЕ | - | - | - | - | 39 | 8 | |
2011-2012 | А | 33 | 2 | КИ | 1 | 3 | ЛЕ | 2[45] | 1[45] | - | - | 36 | 6 | ||
2012-2013 | А | 31 | 10 | КИ | 1 | 1 | - | - | - | - | 32 | 11 | |||
Вкупно Палермо | 98 | 20 | 7 | 4 | 2 | 1 | - | - | 107 | 25 | |||||
2013-2014 | Фјорентина | А | 21 | 3 | КИ | 2 | 1 | ЛЕ | 8[47] | 2[48] | - | - | 31 | 6 | |
2014-2015 | А | 25 | 8 | КИ | 2 | 0 | ЛЕ | 7 | 2 | - | - | 34 | 10 | ||
2015-2016 | А | 2 | 1 | КИ | 0 | 0 | ЛЕ | 0 | 0 | - | - | 2 | 1 | ||
Вкупно Фјорентина | 48 | 12 | 4 | 1 | 15 | 4 | - | - | 67 | 17 | |||||
Вкупно во кариерата | 232 | 48 | 18 | 7 | 25 | 8 | 275 | 63 |
Хет-трик
уредиВо својата кариера Иличиќ двапати успеал да постигне по три гола на еден натпревар, т.н. хет-трик. Првиот пат во дресот на Интерблок Љубљана, а потоа и во дресот на Палермо против екипата на Сиена во Купот на Италија. Интересно е тоа што и во двата натпревари во кој постигнал хет-трик неговиот тим не победил.
Натпревари во кој постигнал хет-трик
уреди16 мај 2009 1.СНЛ | Нафта Лендава | 3 – 3 | Интерблок | Шпортни парк Лендава, Лендава |
---|---|---|---|---|
16:00 ЦЕВ |
Геренцер 21' Јанковиќ 61' Брезовачки 65' |
Извештај | Иличиќ 40', 63', 68' | Судија: Војко Горичан |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 (словенечки) Профил на Siol.net Архивирано на 5 март 2016 г.
- ↑ Il retroscena - Ilicic: un mese fa costava 150 mila euro Архивирано на 6 јули 2012 г. Palermo24.net
- ↑ Rudar Velenje-Interblock Ljubljana 2-0 Transfermarkt.it
- ↑ Interblock Ljubljana-Drava Ptuj 3-2 Transfermarkt.it
- ↑ Nafta Lendava-Interblock Ljubljana 3-3 Transfermarkt.it
- ↑ http://www.transfermarkt.it/josip-ilicic/leistungsdaten/spieler/80351/plus/?saison=2009 .* Имајте на ум и дека во резимето на словенечкиот куп стои 2 натпревар (1) гол, а треба да биде 3 (1), очигледно има грешка во копирање.
- ↑ Il nuovo derby[мртва врска] Palermo24.net
- ↑ Videoton-Maribor 1-1 Transfermarkt.it
- ↑ Maribor-Hibernian 3-0 transfermarkt.it
- ↑ (словенечки) Maribor-Celje 2-0[мртва врска] Nkmaribor.com
- ↑ Palermo, per il centrocampo occhi puntati su quel "diavoletto" di Ilicic Tuttopalermo.net
- ↑ Il Palermo cade a Maribor ma passa sportmediaset.mediaset.it
- ↑ (словенечки) ILIČIĆ IN BAČINOVIĆ V PALERMO, REP IZ CELJA V MARIBOR Архивирано на 23 септември 2010 г. Nkmaribor.com
- ↑ Tutti i trasferimenti - Palermo Архивирано на 1 август 2010 г. Legaseriea.it
- ↑ Palermo, Ililic e Bacinovic: due osservati speciali Ttuttopalermo.net
- ↑ Brescia-Palermo 3-2 Архивирано на 14 септември 2010 г. Ilpalermocalcio.it
- ↑ Palermo, contro l'Inter uno dei due sloveni dall'inizio? Tuttopalermo.net
- ↑ Palermo-Inter 1-2 Архивирано на 20 септември 2010 г. Ilpalermocalcio.it
- ↑ Palermo, Ilicic: "Non ho mai segnato con questa continuità" Tuttopalermo.net
- ↑ Palermo, adesso vincile tutte! Tuttopalermo.net
- ↑ Insieme fino al 2016 Архивирано на 4 септември 2012 г. Ilpalermocalcio.it
- ↑ Juve, sfida all'Inter per Ilicic sportmediaset.mediaset.it
- ↑ Palermo, Ilicic alla Juventus e Sorensen o Amauri a Palermo ? Tuttopalermo.net
- ↑ Palermo-Thun 2-2 it.uefa.com
- ↑ Numeri di maglia: Ilicic prende il 27[мртва врска] Ilpalermocalcio.it
- ↑ Palermo-Siena 4-7 d.c.r. Архивирано на 9 јуни 2012 г. Palermocalcio.it
- ↑ Palermo: Ilicic firma la prima tripletta rosanero in Coppa Golsicilia.it
- ↑ Prima diagnosi per Ilicic Архивирано на 8 мај 2012 г. Palermocalcio.it
- ↑ Palermo-Napoli, le probabili formazioni: Sannino senza Ilicic, Mazzarri lancia Aronica Tuttonapoli.net
- ↑ Pagelle/ Lazio-Palermo (3-0): i voti della partita (2ª giornata serie A) Архивирано на 5 март 2016 г. Ilsussidiario.net
- ↑ Ilicic: "Il giorno più bello della mia carriera"[мртва врска] Palermo24.net
- ↑ Palermo, Sannino ha trovato il jolly: Ilicic Tuttopalermo.net
- ↑ Catania-palermo: le formazioni ufficiali Архивирано на 10 мај 2013 г. Palermocalcio.it
- ↑ Tutti i trasferimenti - Fiorentina Архивирано на 31 јули 2015 г. Legaseriea.it
- ↑ „ILICIC E' UN GIOCATORE DELLA FIORENTINA“. ViolaChannel.tv. 2 август 2013. Посетено на 2 август 2013.
- ↑ Ilicic ceduto alla Fiorentina Архивирано на 3 март 2016 г. Palermocalcio.it
- ↑ 37,0 37,1 Quinquiennale per Ilicic, ecco le cifre Архивирано на 17 април 2016 г. Palermo24.net
- ↑ Fiorentina-Catania 2-1 Архивирано на 21 септември 2013 г. Legaseriea.it
- ↑ Fiorentina-Bologna 3-0 Архивирано на 26 март 2014 г. Legaseriea.it
- ↑ Иличиќ ја засили Аталанта sportmedia.mk
- ↑ „Iličićev avtogram na pogodbo z Atalanto“ (словенечки). RTV Slovenija. 5 July 2017. Посетено на 5 July 2017.
- ↑ Atalanta B.C. (5 јули 2017). "Ecco Josip Iličić" (на it). Соопштение за печат. Архивирано на 21 октомври 2018 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-10-21. Посетено на 2017-07-23.
- ↑ „Zlatko in Zlatan z goloma krstila stoženski stadion“. rtvslo.si (словенечки). RTV Slovenija. Посетено на 11 August 2010.
- ↑ 44,0 44,1 Бараж
- ↑ 45,0 45,1 45,2 Третото квалификациско коло.
- ↑ 46,0 46,1 Прелиминарните рунди и плејоф.
- ↑ 1 настап во плејофот.
- ↑ без постигнат гол во плејофот