5 мај
датум
Предлошка:Мај 2021 5 мај — 125-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (126-и во престапна година). Остануваат 240 денови до крајот на годината.
Настани:
553 | Јустинијан I го свикал Петтиот вселенски собор во Цариград. |
1494 | Кристофер Колумбо го открил островот Јамајка. |
1891 | Петар Илич Чајковски диригирал на отворањето на концертната сала Карнеги Хол во Њујорк. |
1936 | Војската на фашистичка Италија под команда на генералот Пјетро Бадолјо го окупирале главниот град на Етиопија, Адис Абеба. |
1961 | Во Флорида, САД од лансирната рампа на Кејп Канаверал, Алан Шепард со вселенски брод е лансиран како прв американски космонаут во вселената. |
1993 | Република Турција и Република Македонија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. |
Родени:
1813 | Серен Кјеркегор — дански филозоф. |
1818 | Карл Маркс — германски политички филозоф. |
1846 | Хенрик Шенкевич — полски писател. |
1909 | Миклош Радноти — унгарски поет. |
1920 | Боро Андов — македонски поет за деца. |
1924 | Незир Незири — македонски учител. |
1925 | Жељко Чајковски — хрватски и југословенски фудбалер. |
1927 | Крум Монев — македонски борец. |
1943 | Игнасио Рамоне — шпански новинар и писател. |
1934 | Даница Ручигај — македонска поетеса. |
1938 | Јежи Сколимовски — полски режисер и глумец. |
1945 | Јижи Свобода — чешки режисер и политичар. |
1959 | Рок Копитар — словенечки и југословенски атлетичар. |
1963 | Џејмс ЛаБри — вокалист на Dream Theater. |
1966 | Сергеј Станишев — премиер на Бугарија. |
1968 | Бобан Бабунски — македонски фудбалер. |
1980 | Јоси Бенајун— израелски фудбалер. |
1985 | Емануеле Џакерини— италијански фудбалер. |
1988 | Адел— британска пејачка. |
1992 | Горан Чаушиќ— српски фудбалер. |
Починале:
1821 | Наполеон Бонапарт — француски цар и војсководец. |
1860 | Рене Лалик — француски дизајнер. |
1995 | Михаил Ботвиник — руски шахист. |