Отвори го главното мени

Гордана Силјановска-Давкова

Гордана Силјановска-Давкова (родена на 11 мај 1955 година во Охрид) — македонски универзитетски професор и правник.

Гордана Силјановска-Давкова
Gordana Siljanovska.jpg
Лични податоци
Роден(а) 11 мај 1955 (1955-05-11) (64 г.)
Охрид, НР Македонија
Деца 2
Установа Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје
Професија правник, професор
Вероисповед Православен христијанин

БиографијаУреди

Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment - between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.[1]

На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која се одржала во Струга, Гордана Силјановска-Давкова била избрана за претседателски кандидат.[2]

НаводиУреди