<< декември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
2024

10 декември — 344-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (345-и во престапна година). Остануваат 21 денови до крајот на годината.

Настани:

1868  Првите семафори биле поставени во Лондон. Ноќе биле осветлувани со зелена и црвена гасна ламба.
1901  Доделени се првите Нобелови награди.
1913  Познатата слика на Леонардо да ВинчиМона Лиза“ е вратена во парискиот музеј Лувр, од каде што две години порано беше украдена.
1936  По само 325 дена на британскиот престол, Едвард VIII абдицирал за да може да се ожени со својата избраничка Волис Симпсон. Го наследил неговиот брат принцот Алберт, кој владеел како Џорџ VI, татко на кралицата Елизабета II.
1948  Генералното собрание на ОН ја усвоило Универзалната декларација за правата на човекот. По тој повод, овој ден се смета за Ден на човековите права.
1964  Познатиот црнечки политичар и борец за црнечките права во САД Мартин Лутер Кинг ја доби Нобеловата награда за мир.
1979 Мајка Тереза ја доби Нобеловата награда за мир.
1991  Одржан е референдум за независност на Нагорно-Карабах.
1992  Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и неговата сопруга, принцезата Дајана се разведоа. Нивното венчавање во катедралата Сент Пол на 29 јули 1981 година беше светски медиумски настан.

Родени:

1822  Сесар Франк — француски композитор од белгиско потекло, оргулар.
1830  Емили Дикинсон — американска поетеса.
1843  Роберт Кохгермански лекар и бактериолог (†1910).
1912  Карло Понтииталијански филмски продуцент.
1920  Кларис Лиспектор — бразилска писателка.
1948  Душан Баевиќ — босански и југословенски фудбалер и тренер.
1950  Мирослав Илиќ — српски и југословенски фолк-пејач.
1954  Љубомир Михајловски — македонски политичар и правник.
1955  Горан Ивандиќ — српски и југословенски рок-музичар, член на групата Бијело дугме.
1955  Ким Мехмети — македонски писател.
1979  Стив Купер — велшки фудбалер и тренер.
1987  Серхио Енао — колумбиски велосипедист.
1987  Гонсало Игуаин — аргентински фудбалер.
1991  Кики Бертенс — холандска тенисерка.

Починале:

1041  Михаил IVвизантиски цар.
1618  Аверој — арапски филозоф.
1618  Џулио Качини — италијански композитор.
1865  Леополд I — крал на Белгија.
1896  Алфред Нобел — шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец.
1926  Никола Пашиќ — српски политичар и државник.
1928  Чарлс Рени Мекинтош — шкотски архитект.
1936  Лујџи Пирандело — италијански писател.
1962  Василие Поповиќ - Цицо — македонски сликар, карикатурист и сценограф.
1967  Отис Рединг — американски соул-музичар.
1999  Рик Данко — канадски рок-музичар, член на групата „Бенд“.
1999  Фрањо Туѓман — југословенски генерал и претседател на Хрватска.
2005  Ричард Прајор — американски комичар и глумец.
2013  Џим Хол — американски џез-музичар.