Јордан Костадинов

политичар

Јордан Костадинов Иванов (роден на 9 ноември 1932 година во Белица, Пиринскиот дел на Македонија - починал на 23 август 2019 во Сандански) — бугарски деец од македонска народност, борец за народносните права на Македонците во Бугарија.

Јордан Костадинов
Роден 9 ноември 1932
Белица, Царство Бугарија
Починал 23 август 2019(2019-08-23) (возр. 86)
Свети Врач, Бугарија
Националност Бугарин
Народност Македонец
Познат Претседател на ОМО Илинден
Занимање национален деец

Јордан Костадинов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, близу Мелник. Мајка му е родена во селото Врапча, а татко му во селото Оштава.

Како македонски национален активист бил двапати затворан од бугарската власт, секогаш со задолжителен престој во најтешки затворски услови: без доволно храна и вода, во темна и студена ќелија. Првиот пат во 1974 година заедно со Кирил Панчев како членови на Независната македонска организација „Илинден“ на 3 години затвор. 1982 година Јордан Костадинов бил повторно осуден на две години затвор и 5 години без право да живее во Благоевград.[1]

Во 1990 е еден од основачите на ОМО Илинден и е избран за претседател на организацијата. Починал на 23 август 2019 во Сандански.

Литература

уреди
  • Македонија над сè, Стојан Георгиев-Томовичин, Битола, 1990

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-04-03. Посетено на 2008-12-30.