Авионска несреќа кај Солунска Глава (2019)
авионска несреќа во Македонија
Авионска несреќа кај Солунска Глава — авионска несреќа на мал авион од типот цесна, кој летал од Охрид до Софија. Несреќата се случила на 2 април 2019 година во близина на врвот Солунска Глава во текот на попладневните часови. Во несреќата загинало четиричлено семејство од Бугарија.[1]
Сумирани податоци за несреќа | |
---|---|
Датум | 2 април 2019 |
Вид | лоши временски услови |
Место | Солунска Глава, Македонија |
Патници | 4 |
Екипаж | 0 |
Жртви | 4 |
Преживеани | 0 |
Тип на авионот | Цесна П210Н |
Оператор | приватен |
Регистрација | P21000162 |
Полетал од | Охрид, Македонија |
Дестинација | Софија, Бугарија |
Тек на несреќата
уредиАвионот бил изгубен од радарскиот систем западно од врвот Солунска Глава, кога биле вклучени два полициски хеликоптера да го бараат.[1]
Пронаоѓање
уредиОстатоците од урнатиот авион биле пронајдени на непристапен терен и голема височина.[1]
Патници
уредиМеѓу загинатите патници во авионот биле Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и нивните две ќерки.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Макфакс (2019-04-02). „Четиричлено семејство од Бугарија загина во авионска несреќа кај Солунска Глава“. МАКФАКС. Посетено на 2019-04-03.