Настани во март
1913 | Во Петроград е објавен и издаден Меморандумот за независноста на Македонија од страна на ополномоштените Македонци, членови на МНЛД. Испратен до британскиот и рускиот министер за надворешни работи, амбасадорите на големите сили и објавен во европскиот печат. |
1917 | Лондонската метро-станица „Портланд Руд“ го добива името „Грејт Портланд Стрит“ |
1992 | Во Сараево е убиен Никола Гардовиќ, прва жртва на војната во БиХ. |
1994 | Владата на Словачка донесе одлука за признавање на Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади. |
1997 | Изгоре Планинарскиот дом „Дервен“, еден од најстарите во Македонија (изграден 1951 година). |
1492 | Шпанскиот крал Фардинанд II, наречен „Католикот“ го наредил прогонот на Евреите од Шпанија, дел од кои завршиле во Македонија. |
1923 | Започнал да излегува американскиот неделник „Тајм“. |
1933 | Во Њујорк се одржала премиерата на филмот „Кинг Конг“. |
1942 | Близу до Плетвар, загинале Борка Талески - Црниот и Лазо Колевски - Лавски — народни херои на Македонија. |
1943 | Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија. |
1946 | Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам. |
1956 | Поранешната француска колонија, Мароко се здобила со независност. |
1965 | На Бродвеј била одржана премиерата на познатиот мјузикл „Моите песни, моите сништа (The sound of music)“. |
1969 | На аеродромот во Тулуза бил извршен пробниот лет на надзвучниот патнички авион „Конкорд“ во траење од 27 минути. |
1970 | Поранешната британска колонија Родезија била прогласена за република, со што и формално се стекнала со независност. |
1972 | Во САД е лансиран вселенскиот брод „Пионер 10“ за испитување на планетата Јупитер. |
1973 | Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот документ за мир во Виетнам. |
1980 | Во Скопје бил формиран Факултетот за ликовни уметности. |
1993 | Во Скопје, во Касарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана. |
1995 | Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти поради негова поврзаност со мафијата. |
1822 | Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ. |
1878 | По завршувањето на Руско-турската војна, склучен е Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија добила независност и големи територии. Поради несогласувањето на големите сили со договорот, само 3 месеци подоцна е одржан Берлинскиот конгрес на кој е извршена ревизија. Ова е Ден на независноста на Бугарија. |
1918 | Потпишан е Брест-литовскиот договор меѓу Русија и Централните сили, со кој Русија излегла од Првата светска војна. |
1944 | Во близина на Ново Село, Кумановско, III Македонска НОУ бригада заробила околу 30 четници кои по разбивањето на четничкиот Вардарски корпус се криеле во овој регион. |
1974 | Во близината на Париз се урнал турски авион што летал на релацијата Анкара-Лондон при што загинале 345 лица. |
1996 | Во Шпанија, конзервативната Народна партија на Хосе Марија Азнар победи на парламентарните избори. |
2002 | Во Швајцарија се одржал референдум во кој граѓаните се изјасниле за влез во Обединетите Нации. |
1789 | Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД. |
1933 | Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објавил својата „Нова политика“ (New Deal), чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата. |
1942 | Во Софија, бугарската полиција го уапсила поетот Никола Јонков Вапцаров. |
1945 | Во Белград бил основан фудбалскиот клуб „Црвена Ѕвезда“. |
1945 | Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите го искажале расположението на македонскиот народ за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија. |
1952 | Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна. |
1965 | Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни. |
1965 | Со премиерата на претставата „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова, започнал со работа Драмскиот театар во Скопје. |
1953 | Во Македонија е организирана првата акција за доброволно дарување на крв. |
1992 | Домот на младите „25 Мај“ во Скопје го промени името во Младински културен центар. |
1993 | Авион од типот „Фокер 100“ на авиокомпанијата „Палер Македонија“, веднаш по полетувањето од аеродромот во Петровец кај Скопје, се урна. 83 лица го загубија животот. |
1793 | Франција ѝ објави војна на Шпанија. |
1926 | Воспоставен е првиот телефонски разговор преку Атлантикот, помеѓу Лондон и Њујорк. |
1962 | Во САД е лансирано првото автоматско меѓупланетарно летало „ОСО 1“ (орбитална сончева опсерваторија). |
1989 | Кина објави вонредна состојба во Тибет по тридневните антикинески немири во јужната планинска провинција. |
1993 | Силите лојални на ирачкиот претседател Садам Хусеин, според западни извори, во Басра и други градови во јужниот дел на Ирак убија најмалку 400-на учесници на бунтот против централната власт |
1957 | Двете некогашни британски колонии — Златниот Брег и Тоголанд се обединија и ја формираа независната држава Гана. |
1978 | Почна емитувањето на Втората програма на Телевизија Скопје. |
1980 | Француската писателка Маргарет Јурсенар е избрана за член на Француската академија на науките. Со тоа таа влезе во историјата како прва жена, член на француската институција. |
1658 | Склучен Роскилдскиот мировен договор со кој Шведска добива неколку покраини од Данска и Норвешка. |
1910 | На II Mеѓународна конференција на жените социјалистки, организирана на иницијатива на Клара Цеткин во Копенхаген е одлучено датумот 8 март да се слави секоја година како „Меѓународен ден на жената“. |
1945 | Во Скопје првпат е прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг. |
1946 | Президиумот на Народното собрание донел закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија во „Народна Република Македонија“. |
1776 | Шкотскиот економист Адам Смит го објавил неговото капитално дело „Богатството на народите“. |
1908 | Бил основан италијанскиот фудбалски клуб Интер од Милано. |
1916 | Прва светска војна: Германија ѝ објавила војна на Португалија. |
1956 | Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република. |
1966 | Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија. |
1987 | Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во Иранско-ирачката војна. |
1995 | Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво. |
1999 | Претседателот на Иран, Мохамед Хатами, допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја. |
241 п.н.е. | Римјаните ја поразуваат Картагинската флота, ставајќи крај на Првата пунска војна |
1912 | Јуен Шикај станува привремен претседател на Република Кина. |
1945 | Втора светска војна: Токио е уништен во нападот на 300 американски бомбардери Б-29, при што загинаа околу 100.000 жители ја јапонскиот главен град. |
1951 | Фулгенсио Батиста извршува успешен државен удар во Куба. |
1953 | Во Скопје излезе првиот број на весникот „Просветен работник“, како орган на Здружението на просветните работници на НР Македонија. Од 11.11.1992 година излегува како гласило на Министерството за образование и физичка култура. |
1990 | Проспер Аврил е тргнат од власта во Хаити. |
1992 | Наместо поимот „милиција“, што се користеше во Република Македонија за припадниците на Министерството за внатрешни работи, почна да се употребува поимот „полиција“. |
1993 | Сухарто по шести пат е избран за претседател на Индонезија. |
1997 | Ватикан воспостави дипломатски односи со Либија. |
1913 | Велика Британија и Германија постигнале Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун. |
1917 | Британската војска го зазела Багдад во Првата светска војна. |
1938 | Војската на фашистичкиот Трет Рајх влегла во Австрија (т.н. „аншлус“). |
1943 | Околу 550 Евреи од Штип биле депортирани во концентрациониот логор „Треблинка“. |
1945 | Во Македонија почнале првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеле до 25 март, за првпат гласале и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија. |
1981 | Започнале протестите на Косово со барање тоа да стане република и да излезе од прегратките на Србија. |
1996 | Република Македонија била примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка. |
1996 | Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија била примена во Клубот на земјите членки на ФАРЕ. |
1365 | Отворен е Виенскиот универзитет — една од најстарите установи од овој вид во светот. |
1874 | Свечено отворена Кешанли џамијата во Охрид, денес прогласена за културно наследство на Македонија. |
1912 | Американскиот капетан Алберт Бери го извел првиот скок со падобран од авион. |
1935 | Персија го доби новото официјално име на земјата — Иран. |
2003 | Во Белград е извршен атентат врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. |
1325 | Основан е градот Теночтитлан, престолнина на државата на Ацтеките. |
1781 | Англискиот астроном од германско потекло Вилијам Хершел неочекувано ја откри седмата голема планета на Сончевиот Систем која го доби името Уран. Ги откри двата од петте познати сателити на Уран и на Сатурн. |
1848 | Еден ден по масовните демонстрации во Виена, паднала владата на канцеларот Клеменс Метерних, кој побегнал во Велика Британија, а царот Фердинанд I ветил донесување нов устав. |
1881 | Членовите на тајното терористичко здружение „Народна волја“ го убиле рускиот цар Александар Втори од династијата Романови. |
1969 | Стапи во сила Меѓународната конвенција за ликвидирање на сите облици на расна дискриминација. |
1992 | Северозападна Турција ја зафати катастрофален земјотрес при што загинаа 653, а беа повредени околу 700 луѓе. |
2005 | Локални избори во Република Македонија, први по новата територијална поделба. |
2013 | Избран папата Франциск, прв јужноамерикански и исусовски папа. |
2015 | Прокопис Павлопулос станува претседател на Грција. |
1844 | Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај. |
1891 | Подморницата „Монарх“ постави телефонски кабел под Ламанш, што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа. |
1944 | Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ. |
1945 | По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Тихиот Океан, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија. |
1965 | Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија. |
1995 | Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во вселената со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур. |
1996 | Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори. |
2001 | Околу 11 часот со престрелки од тетовското кале започна конфликтот во Тетово. |
2002 | Судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешната ОНА, Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу. |
2013 | Си Ѓинпинг станува Претседател на НР Кина. |
1776 | Американскиот конгрес донесе одлука за укинување на зависноста од англиската круна. Независноста на САД е прогласена на 4 јули 1776 година. |
1993 | ПТТ „Македонија“, вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со мотив на знамето на Република Македонија. |
1997 | Во Заир бунтовниците го зазедоа Кисангани, трет по големина град во земјата и последно упориште на владините сили во источниот дел на државата. |
2004 | Формирана е Лугола, група на корисници на GNU/Линукс од Битола. |
2013 | Ли Кеќанг стапува на функцијата Премиер на НР Кина. |
1987 | Од Железничката станица во Скопје тргна првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје - Гевгелија. |
2010 | Во петтиот натпервар од Светската лига, ватерполо репрезентацијата на Македонија ја победи репрезентацијата на Грција со резултат 7:6. „Победата ѝ ја подарувам на македонскиот народ и Македонија бидејќи навистина заслужи, a Грците вечерва научија каде дојдоа и каде е Македонија. Ние им одржавме час по ватерполо.“ изјави тренерот на Македонија, Стеван Нонковиќ. |
2014 | Граѓаните на Крим на референдум се изјаснуваат дека сакаат да станат составен дел од Руската Федерација. Поддршката изнесувала 96,77% при излезност од 83%. Највеќето неизлезени биле Кримски Татари, кои решиле да го бојкотираат гласањето. |
1891 | Воспоставена е првата телефонска врска меѓу Лондон и Париз. Првата телефонска линија во Европа беше отворена во 1877 година во Берлин, во Германија. Пет години подоцна Берлин ја доби првата телефонска централа само со 48 претплатници. Тоа беа почетоците на телефонскиот сообраќај кој со голема брзина го освои светот. |
1947 | Во Скопје е формирана првата хируршка клиника во Македонија. |
1958 | САД од космодромот „Кејп Каневерал“ во орбитата околу Земјата го лансираа вториот американски сателит „Вангард I“. |
1963 | При ерупција на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали загинаа најмалку 11.000 луѓе. |
1969 | Голда Меир станала првата жена на должноста премиер на Израел. |
1992 | Република Македонија и Република Словенија воспоставиле дипломатски односи. |
1998 | Џу Жунгѓи станал премиер на Кина. |
2014 | Властите на АР Крим објавуваат независност од Украина и доставуваат барање да станат федерална единица на Русија како Република Крим, притоа распишувајќи референдум кој завршува со огромна поддршка за предлогот. |
1871 | Започнува Париската Комуна. Француската влада пристапила кон разоружување на париската Национална гарда, но граѓаните одбија да го предадат оружјето и топовите и ги протерале претставниците на владата. |
1900 | Основан е холандскиот фудбалски клуб „Ајакс“. |
1962 | Во швајцарското гратче Евијан е потпишана Спогодба за прекин на огнот во Алжир, со што заврши осумгодишната војна за независност на таа земја од француската колонијална власт. |
1996 | Амбасадата на САД во Скопје започна со издавање визи. |
1996 | Претседателот на САД, Бил Клинтон го именува Кристофер Хил за амбасадор во Република Македонија. |
1628 | Англичаните во Америка ја основале колонијата Масачусетс. |
1903 | Идеологот на ТМОРО, Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Драматица (Ангиста), Серско. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт. |
1943 | Основана е Комунистичката партија на Македонија, како македонски оддел на Сојузот на комунистите на Југославија. |
2017 | Франк-Валтер Штајнмајер станува претседател на Германија. |
1602 | Создадена е Холандската источноиндиска компанија |
1616 | Волтер Роли бил ослободен од Лондонската кула по 13 години затвор |
1760 | Избувнал голем пожар во Бостон. |
1792 | Законодавното собрание на Франција официјално го одобрилo предлогот за користење на гилотината како средство за погубување |
1815 | Наполеон Бонапарт со 140.000 војска влегува во Париз |
1848 | Германска револуција: баварскиот крал Лудвиг I абдицира од престолот |
1861 | Голем земјотрес го зафатил градот Мендоса, Аргентина |
1933 | Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор. |
1956 | Франција ја призна независноста на Тунис. |
1991 | Каледа Зија е избрана за премиер за Бангладеш. |
1991 | По одржаните повеќепартиски избори во Република Македонија, во Скопје е формирана првата Влада на Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев. |
1992 | Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет (MOK). За претседател е избран Васил Тупурковски. |
1996 | Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство. |
1996 | Излезе првиот број на весникот „Дневник“. |
1413 | Хенри V станува крал на Англија. |
1829 | Во земјотресот што ја зафати Шпанија загинаа 6.000 луѓе. |
1884 | Во Франција се легализирани синдикатите. |
1918 | Прва светска војна - Започнува втората битка на реката Сома. |
1960 | Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација. |
1963 | Затворен е најозогласениот затвор Алкатраз во Сан Франциско, Калифорнија. |
1977 | Индиската премиерка Индира Ганди поднесе оставка на функцијата. |
1990 | Намибија (поранешна Југозападна Африка) по 75 години стекна независност од Јужноафриканската Република. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост. |
1998 | Основана е Демократската алтернатива. |
1999 | Бертранд Пикард и Брајан Џонс стануваат првите кои го обиколиле светот во летечки балон. |
2000 | Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле II допатува во прва официјална посета на Израел. |
2006 | Градскиот совет на општина Битола донесе одлука за промена на грбот на градот. |
2013 | Џастин Велби устоличен како Архиепископ Кантербериски - поглавар на Англиканската црква. |
2014 | Крим влегува во состав на Руската Федерација како Република Крим, по референдумот од 16 март истата година, каде огромно мнозинство од народот искажало поддршка за отцепување од Украина и припојување кон Русија. |
238 | Гордијан I и неговиот син Гордијан II се прогласени за римски цареви. |
1312 | Папа Климент V го укинува Темпларскиот ред, основан во 1118 година во Палестина. |
1822 | САД го забранува многуженството. |
1879 | Софија станува престолнина на новосоздаденото Кнежевство Бугарија. |
1919 | Унгарија станува советска република |
1919 | Воспоставена е првата меѓународна авионска линија меѓу Париз и Брисел. |
1933 | Отворен е концентрациониот логор Дахау. |
1935 | Персија официјално го променува своето име во Иран. |
1943 | Сите Евреи од Македонија кои беа собрани од страна на Бугарскиот окупатор во Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските фашисти. |
1945 | Египет, Ирак, Јордан, Либан и Сирија во Каиро ја формираа Арапската лига. |
1983 | Хаим Херцог е избран за претседател на Израел. |
1995 | Космонаутот Валери Полаков се вратил од космосот, поставувајќи нов рекорд- 436 денови. |
1996 | Македонската академија на науките и уметностите е примена за член на Здружението на европските академиии. |
2004 | Духовниот водач на палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас), шеикот Ахмед Јасин загина при израелски воздушен напад во Газа. |
2004 | Македонскиот премиер Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската Унија. |
2009 | Одржан првиот круг од Претседателските избори во Република Македонија. |
1309 | Папата Климент V ја преместил папската престолнина во Авињон, Франција. |
1801 | Александар I станал цар на Русија. |
1806 | Англија ја забранила трговијата со робови. |
1821 | Грчка војна за независност: Паднал градот Каламата. |
1879 | Започнала јужноамериканската Тихоокеанска војна. |
1918 | Литванија се здобила со независност. |
1919 | Во Милано, Бенито Мусолини го основал Фашистичкото политичко движење. |
1933 | Рајхстагот на Германија го донел Овластувачкиот закон со кој на канцеларот Адолф Хитлер му доверил диктаторски овластувања. |
1950 | Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата. |
1956 | Пакистан станал исламска република |
1994 | Министерството за односи со странство на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Турција примило нота од Министерството за надворешни работи на Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава. |
1996 | Во Скопје, САД официјално го промовирале првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил. |
2003 | Словенија на референдум изгласала декларација за приклучување на земјата кон ЕУ. |
1783 | Шпанија ја призна независноста на САД. |
1882 | Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата. |
1923 | Грција станува република. |
1949 | Во Скопје е основан Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, од 1953 г. наречен „Танец“. |
1972 | Велика Британија воспостави директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите. |
1976 | Во Аргентина е извршен воен удар против претседателката Исабел Перон. |
1980 | Салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро е убиен од страна на десничарски терористи. |
1990 | Шри Ланка ја напуштија 2.000 индиски војници, последни од контигентот од 50.000, кои две и пол години безуспешно се обидуваа да помогнат во напорите за ставање крај на вооруженото востание на тамилските герилци против централните власти во Коломбо. |
1993 | Езер Вајцман е избран за седми претседател на Израел. |
1997 | Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17.05.1997 година - „Спасител '97“. |
1997 | Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија. |
1999 | Започна бомбардирањето на СР Југославија во воената операција „Сојузничка сила“ со која силите на НАТО алијансата ја протераа југословенската војска и полиција од територијата на српската покраина Косово. |
1999 | 39 луѓе загинаа кога белгиски транспортен камион кој превезувал брашно и маргарин се запалил во тунелот Монблански тунел. |
1821 | Грците на Пелопонез започнаа востание против Турција, кое заврши по 12 години со признавање на независност на Грција. |
1860 | На традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби ловоров венец за поемата „Сердарот“. |
1957 | Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија ги потпишаа Римските договори за создавање Заеднички пазар. Организацијата го доби името Европска економска заедница, потоа Европска Заедница, а денес Европска унија. |
1997 | Австралискиот сенат го укина законот за евтаназија — единствен закон во светот според кој беше дозволено самоубиство на пациентите кои боледуваат од неизлечливи болести со помош на медицинскиот персонал. |
2000 | Основан е Демократскиот сојуз. |
2009 | Клаус Чичер е избран за премиер на Лихтенштајн. |
1953 | Доктор Џонас Едвард Салк, американски микробиолог го објави откривањето на новата вакцина против детска парализа. |
1979 | По разговорите во Кемп Дејвид, Израел и Египет склучија мировен договор во Вашингтон. Со тоа е завршена воената состојба меѓу двете земји, што траеше од 1948 година. |
2000 | Претседателски избори во Русија: Владимир Путин е избран за претседател. |
1713 | Врз основа на Договорот од Утрехт, Шпанија ѝ го отстапила Гибралтар на Англија. |
1903 | Во штипското село Карбинци, четите на војводите Гане и Стојан Бочварот се судриле со турскиот аскер при што борбата завршила со трагичен крај за македонските револуционери. |
1941 | Избиваат демонстрации против пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. Извршен е воен удар на чело со генералот Душан Симовиќ и новата влада го поништува пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. |
1968 | При пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, херој на Советскиот Сојуз и првиот човек кој полетал во вселената. |
1977 | Во Санта Крус, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници. |
1992 | Врз основа на Договорот од Скопје, потпишан од претседателот на РМ Киро Глигоров и генералот на ЈНА Никола Узелац, војската на ЈНА ја напуштила територијата на Република Македонија. |
1999 | Над територијата на СР Југославија е соборен американски бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган, откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар. |
1939 | Франковистичките единици под команда на генерал Монтеросо го зазедоа Мадрид. Со тоа заврши Шпанската граѓанска војна. |
1996 | Република Македонија и Република Никарагва воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
1996 | Во Скопје започна со работа Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, прв пазар на капитал во Република Македонија. |
1867 | Британската Влада во северниот дел на Америка го формира доминионот Канада со три покраини: Канада, Нова Шкотска и Њу Бранзвик. Со Вестминстерскиот статут од 1913 година Канада и формално стана независна држава на британскиот Комонвелт. |
1945 | Со истоварувањето на специјални диверзантски трупи на американската морнарица почна борбата за Окинава, крстосница на Исток, бидејќи е еднакво оддалечена од Јапонија, Кина и Формоза. Во крвавите борби американските десантни единици загубија околу 50.000 луѓе, а јапонските околу110.000 луѓе. |
1967 | Франција ја пушти во море првата атомска подморница. |
1973 | Последниот контигент американски трупи го напушти Виетнам и со тоа заврши директното воено учество на САД во долгогодишната Виетнамска војна. |
1867 | Потпишан е Договор меѓу САД и царска Русија со кој САД ја откупиле Алјаска за 7,2 милиони долари. |
1940 | Јапонија воспостави маронетска влада во окупираната Кина. |
1960 | Од вселенската база Кејп Кенеди е лансиран првиот метеоролошки сателит „Тајрос - 1“. |
1967 | НАТО официјално го напушти своето седиште во Париз. |
1973 | Последниот контигент американски војници го напушти јужниот дел на Виетнам. |
1979 | Кинескиот премиер и реформатор Денг Сјаопинг ги прогласува неговите „Четири основни начела“ за социо-политичката иднина на НР Кина. |
1992 | Република Македонија и Република Хрватска со размена на ноти склучија спогодба за воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на амбасади. |
1994 | Во Стразбур, Република Македонија пристапи на 15 конвенции на Советот на Европа. |
2022 | Откриена Еарендел (WHL0137-LS) — најоддалечената ѕвезда од Земјата (28 милијарди светлосни години). |
1492 | Кралицата Изабела I Кастиљска го издала Указ од Алхамбра со кој им наредила на своите 150.000 Еврејски поданици да го примат христијанството или ќе бидат прогонети. |
1889 | Во Париз свечено е отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри, што ја проектирал Густав Ајфел. |
1918 | Летното сметање на времето за првпат се применува во САД. |
1931 | Земјотрес ја разурнал Манагва, главниот град на Никарагва, при што загинале 2.000 луѓе. |
1951 | Првиот комерцијален сметач „УНИВАК-I“ е испорачан во Бирото за попис на САД. |
1979 | Малта станала независна држава откако и последниот британски војник заминал од малтешките острови. Овој ден на Малта се прославува како Ден на слободата. |