Гордијан I (латински:Marcus Antonius Gordianus Sempronianus Romanus Africanus или Gordianus I) бил римски цар. Роден е во 159 година во Северна Африка. Попознат е и како Марко Антониј Гордијан Семпронијан. Со Римското Царство управувал во период од дваесет и еден ден во 238 година. Негов наследник е Гордијан II. Тој е еден од трите т.н. воени цари од 3 век и највозрасниот римски цар кој некогаш се качил на престолот. Малку е познато за раниот живот и семејното потекло на Гордијан I и нема сигурни докази за неговото семејно потекло.[1]

Гордијан I
Marcus Antonius Gordianus Sempronianus Romanus Africanus
Роден 159
Починал 238
Картагина, Африка

Големите даноци и незадоволството од раководството на Максимин Трак довеле до востанички бунт во Картаген, при кое Гордијан I бил избран за цар. И покрај тоа што не сакал, се претпоставува дека тој бил принуден да стане цар. Поради староста си, тој за свој помошник го назначил својот син и наследник Гордијан II. Сенатот во Рим го признал Гордијан I за цар. Неговиот син загинал во битка кај Картаген, а кога тој го разбрал тоа, самиот се самоубил.

Наводи

уреди
  1. Birley 2005, стр. 340.