Четири основни начела

Четири основни начела (кинески: 四项基本原则, пинјин: sì xiàng jīběn yuánzé) — искажувања на кинескиот водач Денг Сјаопинг прогласени на 30 март 1979 г. и претставуваат четири неоспорни теми на кои во Кина не смее да се расправа [1]. Тие се следниве:

  1. придржување кон социјалистичкиот пат
  2. придржување кон народната демократска диктатура
  3. придржување кон водството на Комунистичката партија на Кина и
  4. придржување кон Маркстистичко-ленинистичко-маоистичката мисла
Денг Сјаопинг

Овие четири начела се всушност олабавување на контролата врз идеологијата во земјата. Самото истакнување на овие начела подразбира дека неоспорни се само овие четири тематики, но дека сите други се отворени за расправа. Покрај тоа, иако самите овие начела не се предмет на расправа, нивното теоретско и практично толкување сепак останува отворено. Ова може да се увиди од долготрајните расправи за суштината и значењето на социјализмот.

Од друга страна, овие начела искажуваат јасна намера за придржување кон комунистичката идеологија, и со тоа трасираат безбеден пат за преиспитување Културната револуција. Тие истовремено ја зачувуваат и крепат идеолошката стабилност и легитимитетот на КПК, јавувајќи се како реакција на социо-политичкото движење „Ѕид на демократијата“.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди