Еарендел

најдалечната ѕвезда од Земјата

WHL0137-LS, наречена Еаренделѕвезда во соѕвездието Кит откриена во 2022 г. од вселенскиот телескоп „Хабл“. Претставува најоддалечената ѕвезда позната за науката, на растојание од 28 милијарди светлосни години од Земјата.[4][5] Ѕвездите како Еарендел се гледаат на космолошки растојанија благодарение на големото увеличување при гравитациско закривување на светлината (гравитациска леќа), кое знае да надмине 1.000 пати.

Еарендел

Галактичкото јато WHL0137-08 и Еарендел сликани со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Кит
Ректасцензија 01ч 37м &1000000000002323200000023,232с[1]
Деклинација –8° 27′ &1000000000000522000000052,20″[1]
Астрометрија
ОддалеченостСоп. раст.: 28 милијарди сг
Особености
Спектрален тип B[2]
Привидна ѕвездена величина (F435W) 27.2[1]
Променлив тип сјајна сина
Податоци [3]
if a single star
Маса200 M
Полупречник103–393 R
Сјајност631.000–3.981.000 L
Температура13.000–16.000 K
ако е двојна (мошнне неизвесни параметри)
Полупречниксоставница 1: 23 R составница 2: 184 R
Сјајностсоставница 1: 631.000 L составница 2: 200.000 L
Температурасоставница 1: 34.000 K составница 2: 9.000 K
Други ознаки
Earendel
Еарендел сликан од „Хабл“

Набљудување

уреди

Откривањето на Еарендел by вселенскиот телескоп „Хабл“ е објавено на 30 март 2022 г.[1][6] Ѕвездат абила забележлива заради гравитациското закривување предизвикано од присуството на галактичкото јато WHL0137-08 помеѓу ѕвездата и Земјата, сосредоточувајќи ја светлината на ѕвездата.[5] Сметачките симулации покажуваат дека сјајност ана Еарендел била увеличена за 1.000 до 40.000 пати.[7] „Хабл“ ја зафатил светлината на 7 јуни 2016, 17 јули 2016, 4 ноември 2019 и 27 ноември 2019 г.[8]

Откривачите ѝ го дале прекарот Еарендел, споерд староанглиското име на ѕвездата Деница.[1][9] Еарендил воедно е име на полувиленик од книгата „Силмарилион“ на Џ. Р. Р. Толкин, кој патувал по небото со сјаен скапоцен камен што изгледал како ѕвезда. Астрономот Мишел Талер од НАСА потврдила дека повикувањето на Толкиновиот лик е намерно.[10] Матичната галаксија на ѕвездата е WHL0137-zD1, која го добила прекарот „Изгревен Лак“ (Sunrise Arc) бидејќи гравитациската леќа ја искривила нејзината светлина во облик на долг лак.[11][12]

Предложени се понатамошни набљудувања од вселенските телескопи „Хабл“ и „Џејмс Веб“ за подобро да се утврдат особеностите на Еарендел.[1][13] Со неговата поголема чувствителност, „Џејмс Веб“ овозможува анализа на ѕвездените спектри на ѕвездата и конечно да се заклучи дали станува збор за една ѕвезда или за двојка.[4][14] Спектарската анализа ги го покажала присуството на елементи потешки од водород и хелиум, ако го има.[11]

На 30 јули 2022 г. „Џејмс Веб“ направил слика од Еарендел во првиот потфат за нејзино снимање.[15]

На 8 август 2023 г. се утврдени боите на Еарендел, и направена е слика со „Хабл“ и „Џејмс Веб“.[16] Заклучено е дека Еарендел е „масивна ѕвезда од типот B преку двапати поврела од Сонцето и милион пати посјајна“.[2] Близуинфрацрвената камера открила интересни поединости, меѓу кои и показатели за поладна и поцрвена ѕвезда-придружник. Ова откритие ни дава увид во далечното минато на вселената, во раните развојни фази на галаксиите.[17]

Физички особености

уреди

Светлината на Еарендел се излачила 900 милиони години по Големата експлозија.[18][7] Ѕвездата има црвено поместување од 6,2 ± 0,1,[1] што значи дека светлината на Еарендел стасала на Земјата по 12,9 милијарди години.[19] Поради ширењето на вселената, набљудуваната положба на ѕвездата денес е оддалечена 28 милијарди светлосни години од нас.[4] Претходната најдалечна ѕвезда, наречена Икар, има црвено поместување од 1,49, и лежи на далечина од 14,4 милијарди години.

Ако се работи за една ѕвезда, Еарендел има температура од 13.000 – 16.000 K и сјајност од 631.000 – 3.981.000 L, зависно од увеличувањето. Можно е Еарендел да не е само една ѕвезда бидејќи распределбата на спектарската енергија има силен Балмеров прекин, што е својствено за ѕвезди со тепмература под 13.000 K и син УВ-наклон присутен во ѕвезди со температури над 20.000 K. Можно е Еарендел да е двојна ѕвезда со две составници, каде едната е посјајна и многу поврела (34.000 K) од другата (9.000 K). Поради ограничените податоци, параметрите не се добро определени. Ако двете ѕвезди се во систем, може да имаат различни увеличувања, што ги прави параметрите уште понеизвесни.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Welch, Brian; и др. (21 јануари 2022). „A Highly Magnified Star at Redshift 6.2“. Nature. 603 (7903): 1–50. arXiv:2209.14866. Bibcode:2022Natur.603..815W. doi:10.1038/s41586-022-04449-y. PMID 35354998 Проверете ја вредноста |pmid= (help). S2CID 247842625 Проверете ја вредноста |s2cid= (help).
  2. 2,0 2,1 Yan, Isabelle (8 август 2023). „Webb Reveals Colors of Earendel, Most Distant Star Ever Detected“. NASA. Посетено на 15 август 2023.
  3. 3,0 3,1 Welch, Brian; Coe, Dan; Zackrisson, Erik; Mink, S. E. de; Ravindranath, Swara; Anderson, Jay; Brammer, Gabriel; Bradley, Larry; Yoon, Jinmi; Kelly, Patrick; Diego, Jose M.; Windhorst, Rogier; Zitrin, Adi; Dimauro, Paola; Jiménez-Teja, Yolanda (ноември 2022). „JWST Imaging of Earendel, the Extremely Magnified Star at Redshift z = 6.2“. The Astrophysical Journal Letters (англиски). 940 (1): L1. doi:10.3847/2041-8213/ac9d39. hdl:10810/59728. ISSN 2041-8205.
  4. 4,0 4,1 4,2 Kabir, Radifah (31 март 2022). „Hubble Detects Earendel, The Farthest Star Ever Seen. It's 28 Billion Light Years Away“. ABP Live. ABP News. Архивирано од изворникот 31 март 2022. Посетено на 31 март 2022.
  5. 5,0 5,1 Gianopoulos, Andrea (30 March 2022). „Record Broken: Hubble Spots Farthest Star Ever Seen“. NASA. Архивирано од изворникот 30 март 2022. Посетено на 30 март 2022.
  6. „Record Broken: Hubble Spots Farthest Star Ever Seen“. Space Telescope Science Institute. NASA. 30 март 2022. Архивирано од изворникот 30 март 2022. Посетено на 30 март 2022.
  7. 7,0 7,1 Timmer, John (30 March 2022). „Hubble picks up the most distant star yet observed“. Nature. Ars Technica. doi:10.1038/s41586-022-04449-y. Архивирано од изворникот 30 март 2022. Посетено на 30 март 2022.
  8. „Lensed Star Earendel“. HubbleSite.org. 30 март 2022. Посетено на 2 април 2022.
  9. Parks, Jake (30 март 2022). „Hubble spots the farthest star ever seen“. Astronomy. Архивирано од изворникот 31 март 2022. Посетено на 30 март 2022.
  10. Gohd, Chelsea (31 март 2022). „Meet Earendel: Hubble telescope's distant star discovery gets a Tolkien-inspired name“. Space.com (англиски). Архивирано од изворникот 31 March 2022. Посетено на 31 март 2022.
  11. 11,0 11,1 Rauchhaupt, Ulf von (31 март 2022). „Der früheste Stern“. FAZ.NET (германски). Архивирано од изворникот 31 март 2022. Посетено на 31 март 2022.
  12. Rennert, David (31 март 2022). „Hubble-Teleskop erspähte den mit Abstand fernsten Stern“. Der Standard (германски). Посетено на 3 април 2022.
  13. Coe, Dan; Welch, Brian; Acebron, Ana; Avila, Roberto; Bradac, Marusa; Bradley, Larry; Diego, Jose M.; Dimauro, Paola; Farag, Ebraheem; Florian, Michael; Frye, Brenda Louise; Jimenez-Teja, Yolanda; Kelly, Patrick; Mahler, Guillaume; O'Connor, Kyle; Oguri, Masamune; Rigby, Jane R.; Rodney, Steve; Sharon, Keren; Strait, Victoria; Strolger, Louis-Gregory; Timmes, Frank; Vikaeus, Anton Filip; Windhorst, Rogier A.; Zackrisson, Erik; Zitrin, Adi; De Mink, Selma E. (2021). „Monitoring Earendel, the Lensed z 6 Star“. HST Proposal: 16668. Bibcode:2021hst..prop16668C.
  14. Starr, Michelle (30 март 2022). „The Most Distant Single Star Was Just Detected, as Ancient as The Cosmic Dawn“. ScienceAlert. Nature. doi:10.1038/s41586-022-04449-y. Архивирано од изворникот 31 март 2022. Посетено на 30 март 2022.
  15. Pultarova, Tereza (2 август 2022). „James Webb Space Telescope glimpses Earendel, the most distant star known in the universe“. Space. Посетено на 2 август 2022.
  16. Yan, Isabelle (8 август 2023). „Webb Reveals Colors of Earendel, Most Distant Star Ever Detected“. NASA. Посетено на 8 август 2023.
  17. „James Webb Telescope Captures the Universe's Outmost Star!“. www.jameswebbdiscovery.com (англиски). Посетено на 16 февруари 2024.
  18. Letzter, Rafi (30 март 2022). „Meet Earendel, the most distant star ever detected“. The Verge. Архивирано од изворникот 30 март 2022. Посетено на 30 март 2022.
  19. Gianopoulos, Andrea (29 март 2022). „Record Broken: Hubble Spots Farthest Star Ever Seen“. NASA.

Координати:   &1000000000000000100000001ч &1000000000000003700000037м &1000000000002323200000023,232с, −&1000000000000000800000008° &1000000000000002700000027′ &1000000000000522000000052,20″