Палер Македонија (на англиски: Palair Macedonia или Palair Macedonian Airlines) била првата македонска авиокомпанија и првиот од двата национални авиопревозници кои ги имала Македонија, другиот е Македонски Авиотранспорт. Таа била формирана во 1991 година, неколку месеци пред осамостојувањето на Македонија. Нејзино седиште бил Меѓународниот аеродром Скопје. Таа опстоила само неколку години и својот пад го бележи во 1996 година поради економски и политички причини.

Палер Македонија
Palair Macedonian
IATA ICAO Ознака
3D PMK PALAIR
Основан1991
Престанал со работасептември 1996
Работни бази
Летала15 (вкупно)
Одредишта14 (вкупно)
СедиштеСкопје
РаководствоВања Битољану (претседател)

Компанијата низ своето постоење работела со петнаесетина летала од кои еден Фокер 100 се срушил во 1993 година неколку секунди по полетувањето од аеродромот во Скопје. Компанијата во текот на своето постоење летала на одредишта во Европа, вклучително и Москва.

Историја

уреди
 
Авионот Туполев Ту-154 на Палер на аеродромот во Цирих, Швајцарија, септември 1992 г.

Авиокомпанијата Палер Македонија е формирана во 1991 година, неколку месеци пред осамостојувањето на Македонија од СФР Југославија. Со ова, таа е првата македонска авиокомпанија воопшто и првата национална авиокомпанија во Република Македонија. Својата работа ја започнува со Туполев Ту-154 летало, а подоцна изнајмува и Фокер Ф-28 и Фокер 100.

Војните во Југославија

И по избувнувањето на Босанската војна, Палер повеќепати дневно имал летови до Сараево, помагајќи им на бегалците од војната. Во еден таков случај во јуни 1992 година кога требал да се затвори Меѓународниот аеродром Сараево, авион на Палер го направил последниот лет пред затворањето на аеродромот. При полетувањето биле испукани неколку истрели кон авионот, но без последици и штети.

За време на Југословенските војни, Палер Македонија учествувал во класифицирана задача на македонските безбедносни служби за извлекување на триесетина македонски војници кои останале заробени во касарни во Хрватска по борбените дејствија за осамостојување на земјата. Еден авион Антонов АН-24 летал од Будимпешта до Охрид во наводно комерцијален лет на кој патувала туристичка група, тоа всушност биле војниците. Поради тајноста на задачата, ниту екипажот на авионот не знаел дека ќе превезува војници.[1]

Своето пропаѓање компанијата го бележи во 1996 година. Тогаш ОН ги спуштила санкциите за Југославија и со тоа југословенската национална авиокомпанија Југословенски Авиотранспорт продолжила со својата работа, враќајќи се и на македонскиот пазар. Тоа резултирало со драстично намалување на корисниците на Палер Македонија поради што таа повеќе не можела економски да опстојува на пазарот. Својата работа Палер Македонија ја прекинува во септември 1996 година. Во меѓувреме во Македонија работела компанијата Македонски Авиотранспорт, формирана 2 години претходно.

Одредишта

уреди

Флота

уреди

Несреќи и инциденти

уреди
 
Фокер 100 авионот две недели пред да се сруши.

Во својата кратка историја, компанијата имала една авионска несреќа. На 5 март 1993 година, леталото Фокер 100 од летот 301 на Палер Македонија се урнал неколку секунди по полетувањето од пистата на аеродромот во Скопје. Летот бил за Цирих, Швајцарија. Истрагата покажала дека причината за уривањето на авионот било замрзнувањето на крилјата и пропуст во нивното прскање против мраз. Во авионот имало 97 лица од кои 83 го загубиле својот живот.

Наводи

уреди
  1. „Кљусев и Мијалков ми рекоа тајно да ги вратам војниците од Хрватска, вели Вања Битољану, директор на Палер Македонија“. Сакам Да Кажам. 10 септември 2016. Посетено на 20 ноември 2018.

Надворешни врски

уреди