27 март (настани)
шаблон на Викимедија
1713 | Врз основа на Договорот од Утрехт, Шпанија ѝ го отстапила Гибралтар на Англија. |
1903 | Во штипското село Карбинци, четите на војводите Гане и Стојан Бочварот се судриле со турскиот аскер при што борбата завршила со трагичен крај за македонските револуционери. |
1941 | Избиваат демонстрации против пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. Извршен е воен удар на чело со генералот Душан Симовиќ и новата влада го поништува пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. |
1968 | При пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, херој на Советскиот Сојуз и првиот човек кој полетал во вселената. |
1977 | Во Санта Крус, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници. |
1992 | Врз основа на Договорот од Скопје, потпишан од претседателот на РМ Киро Глигоров и генералот на ЈНА Никола Узелац, војската на ЈНА ја напуштила територијата на Република Македонија. |
1999 | Над територијата на СР Југославија е соборен американски бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган, откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар. |