Александар I (Русија)

Александар I Павлович (руски: Александр I Павлович) бил император на Русија во периодот од 1801 до 1825 од династијата Холштаин-Готорп-Романов. Подоцна му биле додадени и титулите кнез на Финска и цар на Полска. Александар Павлович бил син на големиот кнез Павле Петрович (подоцна попознат како император Павле I) и Марија Фјодоровна. Тој ја наследил власта по атентатот извршен врз неговиот татко, и со Русија раководил во времето на борбите со Наполеон Бонапарт. Александар I лично учествувал на Виенскиот конгрес во 1815 година и станал прв цар на новосоздадената уставна монархија Полска.

Александар I
Портрет од Џорџ Доу
Император на Русија
На престол23 март 1801 – 19 ноември 1825
Крунисување15 (27) септември 1801
ПретходникПавле I
НаследникНиколај I
Роден(а)23 декември 1777(1777-12-23)
Санкт Петербург, Руска империја
Починал(а)19 ноември 1825(1825-11-19) (возр. 47)[1]
Таганрог, Руска империја
Почивалиште13 март 1826
СопругаЕлисавета Алексеевна (в. 1793)
Деца
повеќе...
Николај Лукаш (незаконит)
Полно име
Александар Павлович Романов
ДинастијаХолштајн-Готорп-Романов
ТаткоПавле I
МајкаМарија Фјодоровна
ВероисповедПравославно христијанство
ПотписАлександар I's signature


Наводи

уреди
  1. Mazour, Anatole G. The First Russian Revolution 1825: The Decembrist Movement: Its Origins, Development, and Significance. Stanford: Stanford University Press, 1961. 155
Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I  
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II  
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов  
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин