25 март (настани)
шаблон на Викимедија
1821 | Грците на Пелопонез започнаа востание против Турција, кое заврши по 12 години со признавање на независност на Грција. |
1860 | На традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби ловоров венец за поемата „Сердарот“. |
1957 | Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија ги потпишаа Римските договори за создавање Заеднички пазар. Организацијата го доби името Европска економска заедница, потоа Европска Заедница, а денес Европска унија. |
1997 | Австралискиот сенат го укина законот за евтаназија — единствен закон во светот според кој беше дозволено самоубиство на пациентите кои боледуваат од неизлечливи болести со помош на медицинскиот персонал. |
2000 | Основан е Демократскиот сојуз. |
2009 | Клаус Чичер е избран за премиер на Лихтенштајн. |