10 март (настани)
шаблон на Викимедија
241 п.н.е. | Римјаните ја поразуваат Картагинската флота, ставајќи крај на Првата пунска војна |
1912 | Јуен Шикај станува привремен претседател на Република Кина. |
1945 | Втора светска војна: Токио е уништен во нападот на 300 американски бомбардери Б-29, при што загинаа околу 100.000 жители ја јапонскиот главен град. |
1951 | Фулгенсио Батиста извршува успешен државен удар во Куба. |
1953 | Во Скопје излезе првиот број на весникот „Просветен работник“, како орган на Здружението на просветните работници на НР Македонија. Од 11.11.1992 година излегува како гласило на Министерството за образование и физичка култура. |
1990 | Проспер Аврил е тргнат од власта во Хаити. |
1992 | Наместо поимот „милиција“, што се користеше во Република Македонија за припадниците на Министерството за внатрешни работи, почна да се употребува поимот „полиција“. |
1993 | Сухарто по шести пат е избран за претседател на Индонезија. |
1997 | Ватикан воспостави дипломатски односи со Либија. |