Минута

единица за време

Минута (симб. мин, min или ') е мерна единица за време и агол. Таа е 160 од часот или степенот[1] и е поделена на 60 секунди. Во скалата на координирано универзално време (UTC), постојат ретки случаи кајшто минутата има 59 или 61 секунди (престапна секунда). Минутата не е дел од системот SI, но е прифатена за употреба со единиците на SI.[2]

Во астрономијата

уреди

Во астрономијата, минутата е единица за агол, како „минута ректасцензија“. Еднаква е на 160 дел од часот и се дели на 60 секунди ректасцензија.

Земјата се свртува околу својата поларна оска за петнаесет лачни минути во текот на една минута ѕвездено време. Една лачна минута на екваторот е приближно еднаква на една морска милја.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „минута“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. „Единици вон SI прифатени за употреба со единиците на SI и единици засновани на фундаментални константи“. Меѓународно биро за тегови и мерки. Посетено на 25 мај 2011. (англиски)

Лачна минута“ од Ерик В. Вајсштајн — MathWorld (англиски)