Сома (река)
Оваа статија се однесува на река. За истоимениот департман, погл. Сома (департман).
Сома (француски: Somme, пикардски: Sonme) — река во Пикардија, северна Франција.[1] По неа е именуван департманот Сома.
Сома | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Ламанш 50°13′16″N 1°34′0″E / 50.22111° СГШ; 1.56667° ИГД |
Должина | 245 |
Особености на сливот |
Реката е долга 245 км од изворот кај Фонсом близу Сен Кантен, сè до Сомскиот Залив и протокот Ламанш. Лежи во геолошка синклинала која воедно ја образува и реката Солент. Ваквиот терен му дава на течението прилично постојан и благ наклон.
Историски настани
уреди- Реката е веројатно најпозната по Битката на Сома во Првата светска војна (јули-ноември 1916).
- Сомскиот Залив бил зборно место за флотата на Вилијам Освојувачот во инвазијата на Англија во 1066 г.
- Реката ја преминала војската на Едвард III во 1346 во походот што кулминирал со Битката кај Креси.
- Англиската војска морала да ја премине реката во походот што завршил со Битката кај Азенкур.
- Во долините на Сома се одиграле големите битки што конечно ставиле крај на напредувањето на германската војска во Пролетната офанзива (1918).
Департмани и градови по течението
уреди- Ена: Сен Кантен
- Сома : Ам, Перон, Корби, Амјен, Абвил, Сен Валери на Сома, Ле Кротоа
Поважни притоки
уреди
|
|
Наводи
уреди- Delattre, Ch., Mériaux, E. and Waterlot, M. Guides Géologiques Régionaux: Région du Nord, Flandre Artois Boulonnais Picardie (1973)
Надворешни врски
уреди- Сома на Ризницата ?
- Слики од Сома Архивирано на 27 мај 2007 г.