Полиција — тело на организирани службеници за одржување на граѓанскиот ред и јавната безбедност, примена на законот и истражување на криминалот. Заедничките одлики на повеќето полициски сили вклучуваат квазивоена организација, униформирани патроли и сили за контрола на сообраќајот, и цивилна облека на начин на одделенијата за криминална истрага и група на приоритети за применување кои се рефлектираат на животот во заедницата. Управувањето на полицијата може да биде централизирано на државно ниво сè до долу, или децентрализирано со локални полициски сили со широка автономија. Регрутите обично добиваат специјализирана обука и полагаат испит. Современите метрополитенски полиции почнуваат со сер Роберт Пил во Британија од 1829 година. Тајните полиции најчесто се одвоени тајни организации, востановени од националните влади за да ги одржуваат политичката и општествената правилност, која вообичаено дејствува со малку или нималку ограничувања.[1]

Офицер на германската државна полиција во Хамбург
Полициски автомобили во Македонија

Како настанала модерната полиција

уреди

Постојат тврдења кои покажуваат дека таа настанала во Англија. Во Лондон 1829 г. е усвоен Закон заснован на Метрополитна полиција заснована на начелата на познатиот англиски политичар Сер Роберта Пила. Тоа се дванаесет правила, кои гласат: - полицијата мора да биде стабилна, ефикасна и организирана по војната установа - полицијата мора да биде под контрола на Владата - отсуството на злостор е најдобриот доказ на ефикасноста на полицијата - проносливост на информацијата е од многу големо значење - распоредот на полициските сили, како и времето и просторот е многу значаен - најважна особина на полицискиот офицер е совршената смиреност - добриот изглед на полицијата е важен за почит - посветеноста и обученоста на правите личности е корен на ефикасноста - барања за јавна сигурност налагаат дека на секој полицаец ќе му биде доделен број - поради доступноста, управата на полиција ќе биде централизирана - полицијата се ангажира на основа по резултатот кој е постигнат на пробниот период - полициските извештаи се важни бидејќи од нив зависи распоредот на полициските сили

Овие правила се конструирани во времето кога Енглеска била хаотична држава во која главниот град Лондон е било легло на криминал кој дотогаш бил во невидени размери. До тогаш јавниот ред е бил во други раце, па се тражело нов модел на организацијата на полицијата, затоа што не се сите магистрати корумпирани и мрзливи, но не сакале сериозно да ја вршат својата работа.

По усвојување на законот дојдено е до радикални промени. „Пилер“ и „Боби“ се полициски сили и први полицајци во Енглеска со постојана плата, а имаат добиено и сини униформи и црни шешири. Седиштето се менувало повеќе пати, додека во 80-тите годинина 19 век не се всели во зградата која е позната под називот Нов Скотланд Јард. На почетокот, задача на „боби“ е превенција на злосторот.

Со таквите идеи е создадена првата модерна полиција, чиј модел е проширен прво во САД, Канада и Австралија, а подоцна и во другите држави.

Град без полиција

уреди

Полиција, од самото настанување, е предмет на многу проучување, но и успорувања. Многу од претставниците и други тврдат дека полицијата воопшто не е потребна. Други, кои со оваа логика не се сложуваат, тврдат дека тоаби довело со хаос.

Во Монтреал, на 7 октомври, 1969 година, скоро сите полицајци ( вкупно 3.784 ) штрајкувале 17 часа, бидејќи биле незадоволни од ниските плати. Единствената сила која го воспоставувала редот биле многу мал број на полицајци кои не се дел од синдикатот. Сведоците кажуваат дека било многу тешко да се замисли хаос, ограбување и насилство кои се случувале кога отсуствувало регуларната полициска сила. При крајот на денот, 48 луѓе биле тешко повредени во нередите, а дваица го изгубиле својот живот. Останатите деликти, како што се ограбување на банки и разбојништва се извршувале 10 до 12 пати почесто. Вкупната штета е причинета повеќе од милион долара.

Слични последици предизвикало и штрајкот во Бостон, одржан 1919 година.

Од друга страна, штрајкот на полицијата кој траел 6 дена во Њујорк 1971 година, не е забележан посебен неред. Слично се случило и со штрајкот на лондонските полицајци 1918 година, кога со нарушување на јавниот ред и мир вршеле единствено полицијајците - демонстранти.

Стрес

уреди

Работата на полицијата е еден од најтешките работи во ова време. Бидејќи тие треба да бидат спремни на се. Стресните ситуации на кои се изложени при работата влијаат и на нивната психичка, емоционална состојба, како на нив, така и на нивните најблиски - пред сè на нивните семејства. Вработените понекогаш го менуваат местото на работа, се соочуваат со емоционална исцрпеност, наидуваат на луѓе кои не го вреднуваат нивниот труд, се наоѓаат во различни ситуации. При работат среќваат алкохолизирани лица, кој претставува еден од најтешките проблеми со кои се соочуваат.

Затоа бројот на самоубиста кај припадниците од полиција е зголемен на 1,8 пати повеќе од просечниот граѓанин. Понекогаш некои случаи се прикриваат, и се заведуваат како несреќен случај, сè со цел да се прикријат самоубиствата на колегите.

Стресот е повржан и со употребата на сила, бидејќи претставува една од најзначајните одлуки на оваа занимање, а тоа е да повредат, да одземат живот и слично.

Опасности

уреди

Носењето оружје е едно од основните правила, кои служат за да се заштитат полицајците при вршењето на работата, бидејќи се изложени на многу опасности. Но сепак, оваа работа е една од најопасните. Животот на полицаецот е во најголема опасност при фаќањето на тешки криминалци, но има и голем број на загинати при воспоставување на нарушениот мир.

Работа на полицијата

уреди

Работата на полицијата во прв ред опфаќа:

  • заштита на животите, правата, слободата, сигурноста на луѓето,
  • заштита на јавниот ред и мир на имотот,
  • спречување на казнени дела и прекршувања, нивно откривање, и собирање на податоци за тие дела и нивните сторители,
  • тражење на сторителите на казнени дела, по кои се трага по службена должност, како и нивно доставување на надлежните тела,
  • спречување на експлозии,
  • работа со странци,
  • надзор на државните граници,
  • осигурување и заштита на личности, објекти и простор,
  • и други работи одредени со закон.

Полицијата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Понекогаш, полицијата се јавува и како тема во уметноста и во популарната култура.

Полицијата како тема во филмот

уреди

Полицијата како тема во книжевноста

уреди
  • „Полицаецот Артур и неговиот коњ Хари“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.[4]
  • „Полицаецот и граѓанинот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[5]
  • „Полицаецот и разбојникот“ - басна на Емброуз Бирс.[6]
  • „приказната за цајканот клен и раскрсницата со расипан семафор“ - расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[7]
  • „Романса за шпанската жандрамерија“ (шпански: Romance de la guardia civil española) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[8]
  • Третиот полицаец“ – книга на Флен О’Браен.
  • „Посетата на полицаецот“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.[9]

Полицијата како тема во популарната музика

уреди
  • Милиони мртви цајкани (англиски = Millions of Dead Cops) — американската хардкор-панк група, основана во 1979 година.[10]
  • New Police State (англиски = „Нова полициска држава“) — македонска панк-рок група.
  • Полис (англиски: Police) — британска рок-група.[11]
  • „Убиец на полицајци“ (англиски: Cop Killer) — песна од истоимениот музички албум на американската рок-група Body Count од 1992 година.[12]
  • „Обоениот човек од ФБИ“ (англиски: The Colored F.B.I. Guy) — песна на американската рок-група Butthole Surfers од 1989 година.[13]
  • „Полициска приказна“ (англиски: Police story) - песна на американската панк хард-кор група Black Flag од 1981 година.[14]
  • „Дикс ја мразат полицијата“ (англиски: The Dicks Hate the Police) — песна на американската панк-рок група Дикс (The Dicks) од 1983 година.[15]
  • „Расипан полицаец“ (англиски: Crooked Officer) — песна на американската хип-хоп група Geto Boys од 1993 година.[16]
  • „Полицијата на мојот грб“ (англиски: Police On My Back) — песна на јамајскиот реге-музичар Еди Грант.[17]
  • „Добар цајкан, лош цајкан“ (Good Cop Bad cop) — песна на британскиот поп-дует Everything But The Girl од 1996 година.[18]
  • „Полициски коли“ (англиски: Cop Cars) — песна на британската панк-рок група The Exploited од 1981 година.[19]
  • „Повикај полиција“ (англиски: Call the police) — песна на американската група ЛЦД Саундсистем (LCD Soundsystem) од 2017 година.[20]
  • „Кои се мозочната полицијата?“ (англиски: Who Are The Brain Police?) — песна на американската рок-група The Mothers Of Invention од 1966 година.[21]
  • „Мртви цајкани / Америка е толку исправна“ (англиски: Dead Cops / America's So Straight) — песна на американската хардкор-панк група Millions Of Dead Cops од 1982 година.[22]
  • „Полицаец“ (англиски: Officer) — песна на американската рок-група Operation Ivy.[23]
  • „Карма полиција“ (англиски: Karma police) — песна на британската рок-група Рејдиохед (Radiohead) од 1997 година.[24]
  • „Цајкан убива цајкан“ (англиски: Cop Shoot Cop…) — песна на британската рок-група Spiritualized од 1997 година.[25]
  • „Голем полицаец“ (англиски: Great Cop) — песна на американската рок-група Фугази (Fugazi) од 1993 година.[26]
  • „Божјиот полицаец“ (англиски: God's Cop) — песна на англиската рок-група Happy Mondays од 1990 година.[27]

Наводи

уреди
  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 208
  2. IMDb, Police (1916) (пристапено на 7.2.2016)
  3. IMBd, The Policeman from the Cock's Hill (1992) (пристапено на 11.12.2017)
  4. Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 27-28.
  5. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 30.
  6. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 53.
  7. Ненад Јолдески Wezdensky, Штамата на Енхалон (Мемоари), Темплум, Скопје, 2009.
  8. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 103-108.
  9. Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 71-72.
  10. MDC (2) (пристапено на 14.4.2023)
  11. Полис - Официјално мрежно место (пристапено на 7.2.2016)
  12. DISCOGS, Body Count (2) ‎– Body Count (пристапено на 14.8.2020)
  13. Discogs, Butthole Surfers – Widowermaker! EP (пристапено на 22.3.2022)
  14. Black Flag, Damaged. SST Records CD 007.
  15. YouTube, The Dicks - The Dicks Hate the Police (пристапено на 22.9.2020)
  16. Discogs, Geto Boys – Till Death Do Us Part (пристапено на 30.10.2022)
  17. DISCOGS, The Clash ‎– Sandinista! (пристапено на 10.6.2020)
  18. YouTube, Everything But The Girl - Walking Wounded (Full Album) 1996 (посетена на 19.4.2017)
  19. Discogs, The Exploited – Punks Not Dead (пристапено на 7.10.2022)
  20. YouTube, LCD Soundsystem - call the police (посетена на 16.5.2017)
  21. Discogs, The Mothers Of Invention ‎– Freak Out! (пристапено на 11.7.2019)[мртва врска]
  22. https://www.discogs.com/master/97283-MDC-Millions-Of-Dead-Cops M.D.C.* – Millions Of Dead Cops (пристапено на 14.4.2023)
  23. Operation Ivy – Operation Ivy (пристапено на 31.5.2023)
  24. YouTube, Radiohead - Karma Police (посетена на 12.3.2021)
  25. Spiritualized®* – Ladies And Gentlemen We Are Floating In Space (пристапено на 12.5.2024)
  26. DISCOGS, Fugazi ‎– In On The Kill Taker (пристапено на 21.8.2020)
  27. Discogs, Happy Mondays ‎– Pills 'N' Thrills And Bellyaches (пристапено на 28.8.2020)