Агунг
Агунг — активен, симетричен стратовулкан, највисока точка на островот Бали, Индонезија. Се наоѓа на т.н. Тихоокеански Огнен Прстен, југоисточно од вулканот Батур, чии магми кога експлодираат се богати со растворени гасови, главно водена пареа, јаглерод диоксид и сулфур диоксид. За време на своите ерупции, Агунг станал еден од најпознатите вулкани кои ја загадуваат атмосферата со вулканска пепел и сулфур диоксид.
Агунг | |
---|---|
Mount Agung in 1989 | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3031 м [1][2] |
Истакнатост | 3031 м [1] 87-ми |
Заведена како | Список на острови по највисока точка Ultra Ribu |
Координати | 8°20′27″S 115°30′12″E / 8.34083° ЈГШ; 115.50333° ИГД [1] |
Име | |
Превод | Paramount, The Great Mountain |
Географија | |
Геологија | |
Вид | Stratovolcano |
Последен избув | 26 ноември 2017 (во тек) [3] |
Искачување | |
Најлесен пат | Hike |
Вулканот доминира во околината, влијаејќи на климата, особено на врнежите. Од далечина, планината се чини дека е совршено конусна. Од врвот на планината е можно да се види врвот на планината Ринџани на блискиот остров Ломбок, на исток, иако и двете планини често се покриени со облаци.
Агунг претставува свето место во земјата. Верниците веруваат дека планината е центар на универзумот. Најважниот храм на Бали, Пура Бесаких, се наоѓа високо на падините на Гунунг Агунг.
Гунунг Агунг е активен вулкан, со голем и длабок кратер кој повремено емитира чад и пепел. Последната голема ерупција е во тек во 2017 година[4].
Опис
уредиВулканот се наоѓа на работ од купата на соседниот вулкан Батур и се издига на југоисточниот раб, а северните и јужните падини стигнуваат до брегот. Се протега на 1,5 км исток-запад, а највисоката точка е на западниот крај. Во источниот дел се наоѓа кратер со стрмни ѕидови, со пречник од 800 метри и длабочина од 200 метри[3]. Голем дел од изворите покажуваат висината на врвот од 3.142 метри. Анализата на податоците од IFSAR, сепак, покажуваат височина од 3.031 метри[5].
Активност
уредиИсториски гледано, неколку ерупции биле забележани во почетокот на XIX век. Ерупцијата во 1963-1964 година се смета за една од најголемите во светот во XX век. Таа предизвикала големи облаци од вулканска пепел, катастрофални пирокластични струи и езера. Имало големи материјални штети и многу смртни случаи биле предизвикани.
- 1808 - ерупција со ПВИ = 2[6].
- 1821 - Очекувана ерупција на 16 март со ПВИ = 2.[6].
- 1843 - Моќна ерупција со ПВИ = 5[6].
- 1963 - со ПВИ = 5. Активноста траела од 18 февруари 1963 до 27 јануари 1964 година[6]
- 1989 - ерупција со ПВИ = 2.[6]
- 2003 - Топлински аномалии се забележуваат во различни степени.
- 2017 година - Во септември започнала серија на земјотреси предизвикани од движењето на магмата под површината. Постои зголемена фумарна и термална активност.
Ерупција во 1843 година
уредиАгунг избувнал во 1843 година[7][8], како што е запишано во извештајот на Хајнрих Золингер:
По долго време, оваа година планината повторно почна да оживува. Во првите денови од активностите се почувствуваа потреси од земјотреси, по што следеше избувнување на пепел, песок и камења.
Ерупција во 1963 – 1964 година
уредиНа ерупцијата на Агунг во 1963 година и претходела серија земјотреси и оваа ерупција била една од најголемите во XX век[9][10]. На 19 февруари вулканот еруптирал, а во првите 26 дена исфрлил тврди вулкански блокови со андезитна површина базалтово-андезитна тефра и андезитна лава со вкупен волумен околу 0,1 км2. Протокот на лава течел долж северната падина на растојание од 7,5 км. Вулканската пепел се издигнала на височина од 20 километри и достигнала до индонезискиот главен град Џакарта, кој се наоѓа на околу 1.000 километри од вулканот[11]. Ерупцијата продолжила во неколку фази со серија експлозивни и ефузивни ерупции.
Главната експлозивна ерупција била пулсирачка, со плиниска одлика. На 17 март нејзиниот интензитет станал многу висок, со приближно 4х107 кг/с и период на кулминација од околу 3,5 часа. Оваа фаза создала столб на пепел кој достигнал висина помеѓу 19 и 26 километри. Ерупцијата создала 0.2 км3 од вулкански материјал - лава, вулкански бомби, лапил и вулканска пепел. Дел од крилните позиции на вулканот се срушиле, обилните врнежи предизвикале силни лахари и била опустошенс обемна областс на север и југ од кратерот[9].
На 16 мај, втората фаза на експлозијата започнала со времетраење од 4 часа и интензитет од 2,3х107 кг/с[10]. Почетокот се одликувал со кратки експлозии во главниот кратер и избувнување на пирокластичен материјал. Тие биле проследени со излевање на лава што течела низ најнискиот северен раб на кратерот. Имало серија експлозии во северозападниот дел на вулканот[12].
При ерупцијата се оформил облак од пепел од 20 километри. Во текот на целата нејзина активност, Агунг акумулирал 0,4 км3 од вулканскиот материјал. Делови од течна и полузагреана лава достигнале 14 километри северно од кратерот и 12 километри кон југ и југоисток. Пиролактичните и лавините текови предизвикале значителна материјална штета. Поголемиот дел од нив биле предизвикани од комбинацијата од лахари и пирокластични текови кои протекуваат по нерамните падини, заситени со долги бразди[12].
Во првиот циклус во март 1.700 луѓе загинале, од кои 1.500 загинале од огнените пирокластични материјали на експлозијата. Студените езера создадени од поројни врнежи веднаш по ерупцијата уништиле многу села и објекти на јужната падина и убиле околу 200 луѓе. Во вториот циклус во мај загинле уште 200 луѓе, когабиле зафатени во забранетата област околу вулканот.
При ерупцијата од 1963 година, во стратосферата пристигнало огромно количество сулфур диоксид, кој реагирал со водената пареа и образувал отпорни капки сулфурна киселина. Како резултат на тоа, стратосферата акумулирала околу 10 милиони тони на овие капки. Ова довело до мало намалување на глобалните атмосферски температури. Во овој случај, падот на температурата бил околу 0.1-0.4 °C низ целиот свет.[9].
Вулканот останал активен една година до јануари 1964 година.
Ерупција во 2017 година
уредиВо септември 2017 година, имало зголемена вулканска активност, што се манифестирала со серија земјотреси. Во топлите области на кратерот, емисиите на фумароли се зголемиле. На 26 септември, по земјотресот од 4.2 степени според Рихтеровата скала, истите биле веќе 500 метри над кратерот. На 29 септември, следниот земјотрес се почувствувал на 45-50 км од вулканот, вклучувајќи го и Денпасар, главниот град Бали и Кута, првото и најголемо одморалиште на островот. Новосоздадената фрактура на дното на кратерот испуштало пареа и гасови. До 4 октомври, сеизмичноста продолжила да флуктуира на високо ниво, а ниските емисии се зголемиле над карпестиот раб. Во текот на неделата биле забележани повеќе од 700 сеизмички инциденти, од кои најсилните имале магнитуда од 4,3 степени според Рихтеровата скала[13].
Покрај честите земјотреси, вулканолозите забележале мал оток на врвот и значителни промени во површината на кратерот. Топол површини значително се зголемиле, а пукнатините на врвот продолжиле да испуштаат бели облаци од пареа, кои со текот на времето станале посилни. Обемот на активната магма на Агунг кој предизвикал земјотреси, се проценува на 15 милиони м3. Статистичките податоци покажуваат дека ако волуменот на магната надминува 6 милиони м3, можно е да еруптира[13].
Опасноста од ерупција е многу висока и вулканолозите сугерираат дека тоа ќе се случи во рок од еден месец или до крајот на годината. Поради тоа започнала и евакуација на 141.213 луѓе од 78 села кои живеат во околината. Во периодот на зголемена активност, 70.000 луѓе биле евакуирани од најблиските 28 села. Опасната зона околу вулканот била продолжена од 9 до 12 км[13].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Mountains of the Indonesian Archipelago“. Peaklist.org. Посетено на 27 November 2017.
- ↑ „Gunung Agung, Indonesia“. Peakbagger.com. Посетено на 27 November 2017.
- ↑ 3,0 3,1 „Agung“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2007-05-04. (англиски)
- ↑ „Bali's Mount Agung volcano erupts“. BBC News. 2017-11-21. Посетено на 2017-11-21.
- ↑ Peaklist/Mountains of the Indonesian Archipelago
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Smithsonian Institution/Global Volcanism Program/Agung
- ↑ Anwari Dilmy (October 1965). „Pioneer Plants Found One Year After the 1963 Eruption of Agung in Bali“ (PDF). Pacific Science, Vol. XIX. Посетено на 27 November 2017.[мртва врска]
- ↑ John Seach. „Agung Volcano“. Volcano Live. Посетено на 27 November 2017.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеCon
. - ↑ 10,0 10,1 The 1963 – 1964 Eruption of Agung volcano (Bali, Indonesia)
- ↑ Наука/Вулканът в Бали: Защо експерти смятат, че планината Агунг ще изригне скоро
- ↑ 12,0 12,1 The SAO/NASA Astrophysics Data System/Zen M. T., Hadikusumo, Djajadi/Preliminary report on the 1963 eruption of Mt.Agung in Bali (Indonesia)
- ↑ 13,0 13,1 13,2 Channel News Asia/3 October 2017/Once tremors detected, Bali volcano can erupt within hours Архивирано на 6 декември 2017 г.