Аншлус (германски Anschluss, во превод: припојување, сојуз) — поим што ја означува анексијата на Австрија од страна на Нацистичка Германија на 12 март 1938 година[1]. Германскиот правопис на зборот, до германската правописна реформа од 1996 година, бил Anschluß[2].

Австриски граѓани се собираат на Хелденплац за да ја слушнат објавата на анексија на Хитлер

Пред Аншлус и во двете земји постоела силна поддршка од луѓето од сите средини, не само нацисти, за сојуз на двете земји.[3]. Желбата за унија била составен дел од движењето на нацистичкиот Heim ins Reich[4]. Претходно, Нацистичка Германија обезбедила поддршка за Австриската националистичка партија во обидот да ја преземе власта од владата на Австрофашизамите.

Идејата за Аншлус (обединета Австрија и Германија која ќе формира Голема Германија), започнала откако обединувањето на Германија ја исклучило Австрија и Германските Австријци од Германското Царство во која доминирала Прусија во 1871 година. По крајот на Првата светска војна, со падот на Австроунгарија во 1918 година, новоформираната Република Германска Австрија се обидела да формира унија со Германија, но договорите од Сен Жермен (10 септември 1919) и Версај (28 јуни 1919) го забраниле тоа.

Наводи

уреди
  1. "Anschluss". Britannica. Retrieved 2014-21-05.
  2. Anschluss Архивирано на 21 мај 2013 г. PONS Online Dictionary
  3. Bukey 2002, стр. 11.
  4. Shirer 1984.