Грејт Портланд Стрит (метро-станица)

51°31′26″N 0°08′38″W / 51.5238° СГШ; 0.1438° ЗГД / 51.5238; -0.1438

Грејт Портланд Стрит
Great Portland Street
Влез на станицата на пешачки остров
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Централен Лондон" does not exist
Местоположбата на Грејт Портланд Стрит во рамките на Централен Лондон
МестоположбаГрејт Портланд Стрит
Локална управаГрад Вестминстер
РаководствоЛондонско метро
Перони2
Наплатна зона1

Годишна прометност - Лондонско метро
20046,014 милиони[1]
20055,378 милиони[1]
20066,332 милиони[1]
20076,211 милиони[1]
20086,96 милиони[1]

1863 (1863)Отворена

Список на станициПодземни
Државна железница

Грејт Портланд Стрит (англ. Great Portland Street) е лондонска метро-станица близу Риџентс Парк. Се наоѓа помеѓу станиците Бејкер Стрит и Јустон Сквер на линиите Хамерсмит и Сити, Кружна и Метрополска. Припаѓа на Зона 1.

Оваа станица била дел од првата подземна железница во светот - Метрополската железница, а сообраќајот се одвивал на потегот помеѓу „Бишопс Роуд“ (Bishop's Road), (денешна станица Падингтон) на линијата Хамерсмит и Сити и „Фарингдон Стрит“ (Farringdon Street), (близу денешната станица Фарингдон). Отворена е на 10 јануари 1863 под името „Портланд Роуд“ (Portland Road), а денешното име го добила на 1 март 1917.

Локални знаменитости се Риџентс Парк и Поштенската кула. Мошне близу е станицата Риџентс Парк на линијата Бејкерлу.

Спроти станицата се наоѓа Меѓународниот студентски дом, а недалеку од ова е Харли Стрит, позната како улица на докторите и хирурзите.

Станицата се наоѓа на пешачко растојание од метро-станиците Риџентс Парк и Ворен Стрит.

Автобуски врски

уреди

До станицата одат следниве лондонски автобуски линии: 18, 27, 30, 88, 205, 453, C2, 113, 139, 189, како и ноќната линија N18.


Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Потрошувачки мерења: влез и излез“. Нови податоци за работата на Лондонското метро. Транспорт за Лондон. 2003–2009. Посетено на 22 мај 2010.CS1-одржување: датумски формат (link) (англиски)


Претходна     Лондонско метро   Следна
Кружна линија
кон Еџвер Роуд (преку Олдгејт)
Хамерсмит и Сити
Метрополска линија