11 март (настани)
шаблон на Викимедија
1913 | Велика Британија и Германија постигнале Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун. |
1917 | Британската војска го зазела Багдад во Првата светска војна. |
1938 | Војската на фашистичкиот Трет Рајх влегла во Австрија (т.н. „аншлус“). |
1943 | Околу 550 Евреи од Штип биле депортирани во концентрациониот логор „Треблинка“. |
1945 | Во Македонија почнале првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеле до 25 март, за првпат гласале и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија. |
1981 | Започнале протестите на Косово со барање тоа да стане република и да излезе од прегратките на Србија. |
1996 | Република Македонија била примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка. |
1996 | Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија била примена во Клубот на земјите членки на ФАРЕ. |