23 март (настани)
шаблон на Викимедија
1309 | Папата Климент V ја преместил папската престолнина во Авињон, Франција. |
1801 | Александар I станал цар на Русија. |
1806 | Англија ја забранила трговијата со робови. |
1821 | Грчка војна за независност: Паднал градот Каламата. |
1879 | Започнала јужноамериканската Тихоокеанска војна. |
1918 | Литванија се здобила со независност. |
1919 | Во Милано, Бенито Мусолини го основал Фашистичкото политичко движење. |
1933 | Рајхстагот на Германија го донел Овластувачкиот закон со кој на канцеларот Адолф Хитлер му доверил диктаторски овластувања. |
1950 | Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата. |
1956 | Пакистан станал исламска република |
1994 | Министерството за односи со странство на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Турција примило нота од Министерството за надворешни работи на Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава. |
1996 | Во Скопје, САД официјално го промовирале првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил. |
2003 | Словенија на референдум изгласала декларација за приклучување на земјата кон ЕУ. |