22 март (настани)
шаблон на Викимедија
238 | Гордијан I и неговиот син Гордијан II се прогласени за римски цареви. |
1312 | Папа Климент V го укинува Темпларскиот ред, основан во 1118 година во Палестина. |
1822 | САД го забранува многуженството. |
1879 | Софија станува престолнина на новосоздаденото Кнежевство Бугарија. |
1919 | Унгарија станува советска република |
1919 | Воспоставена е првата меѓународна авионска линија меѓу Париз и Брисел. |
1933 | Отворен е концентрациониот логор Дахау. |
1935 | Персија официјално го променува своето име во Иран. |
1943 | Сите Евреи од Македонија кои беа собрани од страна на Бугарскиот окупатор во Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските фашисти. |
1945 | Египет, Ирак, Јордан, Либан и Сирија во Каиро ја формираа Арапската лига. |
1983 | Хаим Херцог е избран за претседател на Израел. |
1995 | Космонаутот Валери Полаков се вратил од космосот, поставувајќи нов рекорд- 436 денови. |
1996 | Македонската академија на науките и уметностите е примена за член на Здружението на европските академиии. |
2004 | Духовниот водач на палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас), шеикот Ахмед Јасин загина при израелски воздушен напад во Газа. |
2004 | Македонскиот премиер Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската Унија. |
2009 | Одржан првиот круг од Претседателските избори во Република Македонија. |