Прва пунска војна

Првата пунска војна (264.-241.г.п.н.е.) се водела на копно, главно на Сицилија и во Римската провинција Африка, но во голема мера и на море. Војната ги чинела скапо обете страни, но по 20 години Рим излегол победник, конечно освојувајќи ја Сицилија и приморувајќи ја победената Картагина да плаќа огромни отштети. Штетите од војната ја дестабилизирале Картагина до таа мерка, што Рим ги присвоил и Сардинија и Корзика неколку години подоцна.

Војната започнала како локален конфликт на Сицилија, во кој се замешале и Картагина и Рим. На море, во почетокот Картагина била супериорна, но Рим набргу изградил моќна флота и почнал да ги добива и битките на море. Целиот период на војувањето, со исклучок на неколку битки бил победнички за Римјаните, и во 241.г.п.н.е. Картагина била принудена да му ја отстапи Сицилија на Рим. Покрај тоа, Картагина била принудена да плаќа и огромни репарации.

На крајот на војната, Римската морнарица била доволно моќна за да спречи напад на Италија од вода и ги контролирала важните поморски трговски патишта. Во 238. п.н.е. платеничките трупи на Картагина се побуниле и Рим ја искористил приликата за да ги преземе островите Сардинија и Корзика. Оттогаш Рим практично во целост го контролирал Медитеранот и го нарекувал „Наше море“.

Картагина потрошила многу години по Првата пунска војна за да ги подобри финансиите и да ја прошири колонијалната империја во Хиспанија (на Пиринејскиот Полуостров), во време на владеењето на семејството Барцид..[1]

Во 219 г. п.н.е. Ханибал Барцид го нападнал Сагунтум во Хиспанија, град сојузник на Рим, што било повод за Втората пунска војна.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Pedro Barceló, Karthago und die Iberische Halbinsel vor den Barkiden

Надворешни врскиУреди

  • Punic Wars Timeline (англиски)
  • Holst, Sanford "War and Peace" this academic paper shows the descent into Punic Wars, and addresses division of power between Europe and Africa. (англиски)