Меѓународен олимписки комитет
(Пренасочено од MOK)
Меѓународен олимписки комитет (МОК) (француски: Comité international olympique, англиски: International Olympic Committee) — организација со седиште во Лозана, Швајцарија основана од Пјер де Кубертен во 1894 г., со цел преку Олимписките игри да се промовира меѓународниот спорт и мирот во светот. Денес МОК има 205 членки - национални олимписки комитети кои ги претставуваат своите земји во Движењето.
Знаме на МОК | |
Кратенка | МОК |
---|---|
Основана | 23 јуни 1894 |
Вид | Движење |
Цел | Промоција на олимпизмот ширум светот и водство на олимпиското движење. |
Седиште | Лозана, Швајцарија |
Членство | 205 национални олимписки комитети |
Службени јазици | француски, англиски |
Претседател | Томас Бах |
Мреж. место | olympic.org |
МОК ги организира модерните Олимписките игри во лето и во зима, на секои четири години. Првите Летни олимписки игри се одржале во Атина во 1896 г., а првите Зимски олимписки игри се одржале во Шамони во 1924 г. Од 1992 г., летните и зимските игри се одржуваат наизменично на 2 години.
Поврзано
уреди