Премиер на Израел
Премиер на Израел (хебрејски: ראש הממשלה) — избран шеф на израелската влада. Тој или таа е водач на мнозинската партија во израелскиот парламент - Кнесет.
Израел по основа го има усвоено парламентарниот политички систем, со премиер на чело на владата, и претседател на државата чија функција е главно церемонијална. Со воведувањето на директните избори за премиер, улогата на премиер станала уште по значајна поради тоа што владата може да постои без мнозинство во парламентот. Оваа пракса сепак довела до претерани фрагментации на политичкиот систем, па затоа враќањето на стариот систем бил одобрен во 2001, а на сила стапил од 2003 година.
Премиери на Израел (1948-денес)Уреди
Вкупно единасет луѓе ја имале функцијата премиер на Израел. Четворица од нив имале два одвоени мандати.
Легенда на бои | |||||
---|---|---|---|---|---|
Мапаи/Маарах/Израелска работничка партија | Ликуд | Кадима |
# | Слика | Име | Роден - починал | Почеток на мандат | Крај на мандат | Партија |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | Давид Бен-Гурион | 1886 - 1973 | 14 мај 1948 | 7 декември 1953 | Мапаи | |
2. | Моше Шарет | 1894 - 1965 | 7 декември 1953 | 2 ноември 1955 | Мапаи | |
(1) | Давид Бен-Гурион | 1886 - 1973 | 2 ноември 1955 | 21 јуни 1963 | Мапаи | |
3. | Леви Ешкол 1 | 1895 - 1969 | 21 јуни 1963 | 1 ноември 1965 | Мапаи | |
Леви Ешкол 2 | 1895 - 1969 | 1 ноември 1965 | 26 февруари 1969 | Израелска работничка партија | ||
— | Јигал Алон (вршител на должност) 2 | 1918 - 1980 | 26 февруари 1969 | 17 март 1969 | Маарах | |
4. | Голда Меир | 1898 - 1978 | 17 март 1969 | 3 јуни 1974 | Маарах | |
5. | Јицак Рабин3 | 1922 - 1995 | 3 јуни 1974 | 21 јуни 1977 | Маарах | |
6. | Менахем Бегин | 1913 - 1992 | 21 јуни 1977 | 10 Октомври 1983 | Ликуд | |
7. | Јицак Шамир | 1915 - 2012 | 10 Октомври 1983 | 14 Септември 1984 | Ликуд | |
8. | Шимон Перес 4 | 1923 - | 14 Септември 1984 | 20 Октомври 1986 | Маарах | |
Јицак Шамир 4 | 1915 - 2012 | 20 Октомври 1986 | 13 Јули 1992 | Ликуд | ||
Јицак Рабин 5 | 1922 - 1995 | 13 Јули 1992 | 4 ноември 1995 | Израелска работничка партија | ||
Шимон Перес 5 | 1923 - | 4 ноември 1995 | 18 јуни 1996 | Израелска работничка партија | ||
9. | Венјамин Нетанјаху | 1949 - | 18 јуни 1996 | 6 Јули 1999 | Ликуд | |
10. | Ехуд Барак | 1942 - | 6 Јули 1999 | 7 март 2001 | Еден Израел/Израелска работничка партија | |
11. | Ариел Шарон 6 | 1928 - 2014 | 7 март 2001 | 21 ноември 2005 | Ликуд | |
Ариел Шарон 6 7 | 1928 - 2014 | 21 ноември 2005 | 4 јануари 2006 | Кадима | ||
11b. | Ехуд Олмерт (вршител на должност)7 | 1945 - | 4 јануари 2006 | 14 Април 2006 | Кадима | |
12. | Ехуд Олмер 7 8 | 1945 - | 14 Април 2006 | 31 март 2008 | Кадима | |
13. | Венјамин Нетанјаху | 1949 - | 31 март 2009 | денес | Ликуд |
Надворешни врскиУреди
„Премиер на Израел“ на Ризницата ? |