Иво Џима (преведен како сулфуров остров) — јапонски остров кој припаѓа во вулканската група. Се наоѓа на 1.200 км од главниот град Токио, додека административно е дел од Огасавар. Островот е најпознат по Битката на Иво Џима во 1945 година, еден од клучните конфликти меѓу САД и Јапонија за време на Втората светска војна. Во популарната култура, островот, барем на Запад, е најпознат по фотографијата, кревање на знамето на Иво Џима од фотографот Џо Розентал. Островот до 1968 година бил под окупација на САД по што и бил вратен на Јапонија.

Историја

уреди

Иво Џима бил откриен во октомври 1543 година од страна на шпанскиот морнар Бернардо де ла Торе.

Пред Втората светска војна, Иво Џима административно се водел како село кое било дел од Токио, во кој сè уште е дел. Според пописот од 1943 година, селото имало 1.018 жители. Островот имал основно училиште, Храмот Шинто и еден полицаец. Островот се снабдувал преку бродови еднаш месечно.

Дури и пред избувнувањето на Втората светска војна, постоела Империската јапонска морнарица во јужниот дел на островот. Во 1944 година, Јапонија донела големи воени сили на островот во пресрет на инвазија од САД. Во јули 1944 година цивилното население на островот било присилно евакуирано и оттогаш ниту еден цивил не бил постојано населен на островот.

Името на островот Иво Џима е засновано на погрешно изговарање на зборот остров во писмото Канџи. Ова име станало широко распространето по Втората светска војна. Владата на Јапонија во 2007 година го сменила името во предвоениот назив Иво То.[1]

Битката за Иво Џима

уреди

Битката за Иво Џима се водела помеѓу Соединетите Држави и Јапонија од 19 февруари до 26 март 1945 година во последните операции на Тихоокеанскиот фронт во Втората светска војна. Како резултат на битката, САД добила контрола врз островот Иво Џима и аеродромите сместени таму. Битката е позната по подигнувањето на знаме на САД што го извеле војниците на Соединетите Држави на највисокиот планински врв на островот.

Во текот на борбата од стројот се исфрлени 26.000 сојузнички војници, од кои скоро 7.000 биле убиени. Со вообичаена храброст, повеќето јапонски војници се бореле до смрт. Од над 21.800 бранители, само 200 биле заробени.

Галерија

уреди

Наводи

уреди