14 март (настани)
шаблон на Викимедија
1844 | Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај. |
1891 | Подморницата „Монарх“ постави телефонски кабел под Ламанш, што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа. |
1944 | Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ. |
1945 | По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Тихиот Океан, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија. |
1965 | Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија. |
1995 | Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во вселената со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур. |
1996 | Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори. |
2001 | Околу 11 часот со престрелки од тетовското кале започна конфликтот во Тетово. |
2002 | Судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешната ОНА, Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу. |
2013 | Си Ѓинпинг станува Претседател на НР Кина. |